TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ракометните надежи меѓу 12-те најдобри

А1 - 19.08.2007

Македонската ракометна јуниорска репрезентација е меѓу најдобрите 12 на Светот. Се пласираше во втората фаза на мундијалот, кој се одржува во нашава земја, но во воведната рунда не остави впечаток на висок квалитет и сигурност. Сликата ќе ја поправа во дуелите со следните три противника.

Ракомет: Македонија - Кувајт 27:25

А1 - 18.08.2007

Македонските ракометни надежи ја совладаа репрезентацијата на Кувајт со 27:25, во решавачкиот меч за пласман во натамошните натпревари. Со тоа нашата репрезентација е на второто место во групата и во натамошните натпревари „носи“ два бода.

Навидум безболен пораз

Вест - 18.08.2007

НЕВЕРОЈАТНО, АМА ВИСТИНИТО - ПОРАЗОТ ОД ПОРТУГАЛИЈА НЕ СМЕНИ НИШТО Колку толку на нивото како со Шведска.- Милан Левов ПОРТУГАЛИЈА - МАКЕДОНИЈА 31:29 (15:11) ОХРИД. - СРЦ Билјанини извори. Гледачи: 2.000. Судии: Бруновски И Чанда (Словачка).

Непланиран пораз од одличната Португалија

Време - 18.08.2007

ЈУНИОРСКО СП ЗА РАКОМЕТАРИ ДО 21 ГОДИНА, ПОРТУГАЛИЈА - МАКЕДОНИЈА 29-31 (15-11) Машката јуниорска ракометна репрезентација непланирано загуби од врсниците од Португалија со 29-31 (11-15) во третото коло од групата А на Светското првенство (СП) за играчи до 21 година, кое се одржува во Македонија, и ...

Кувајт да се победи со разлика од еден до шест гола

Време - 18.08.2007

РАКОМЕТ Од исходот на денешниот натпревар против Кувајт во Охрид (сала „Билјанини извори“, 21 часот, А1, ТВ-пренос), ќе зависи судбината на македонската машка ракометна репрезентација на јуниорското Светско првенство (СП) за играчи до 21 година.

Португалско приземјување по вознесот со Шведска

Утрински - 18.08.2007

Македонија поразена (31:29) и во третото коло на СП во ракомет за јуниори и за вториот круг вечерва мора да го победи Кувајт Само 24 часа по пријатното изненадување со играта, со покажаната спортска дрскост и со желбата за победа над фаворизираната Шведска, од која загубија по сопствени грешки во ...

Со Португалија направивме вересија

Дневник - 18.08.2007

По исцрпувачкиот дуел со Шведска, црвено-жолтите без сили против Португалците Планираните бодови во дуелот со Португалија ги имавме само на хартија, бидејќи се сметавме за фаворити. Македонија загуби со 29-31 (11-15), но и покрај тоа шансите за главната рунда за нас остануваат во игра .

Египет, Германија, Хрватска и Словенија веќе во главната фаза

Дневник - 18.08.2007

Египет, Германија, Хрватска и Словенија се репрезентациите што веќе обезбедија пласман во главната фаза од СП, по некомплетното трето коло. Со третата победа по ред Египет е единствениот тим со три победи. Покрај нив од Б групата во следната фаза ќе оди и Германија, иако има одиграно само два меча.

Македонија пред судбоносен мегдан со Кувајт

Дневник - 18.08.2007

За влез во вториот круг нам ни треба победа, а Шведска да ја совлада Португалија Наместо мирно влегување во последниот дуел со Кувајт, денеска (21 ч.), младите ракометари на Македонија ќе мора да победат, но, со најмногу шест гола разлика. Само во тој случај поволно ќе се пласираме во главната фаза.

Сите мечеви се дерби

Дневник - 18.08.2007

Последното коло од натпреварите по групи ќе реши кои репрезентации ќе играат во главната фаза. Најголемиот дел од денешните средби се дерби, кои ќе решат за тоа која репрезентација ќе влезе во следната фаза со максимален број бодови.

Португалците ги казнија нашите грешки

Вечер - 18.08.2007

Чудно е играме многу подобро кога губиме со 6-7 голови разлика, отколку со еден. Тоа е психолошка блокада, го немам видено во мојата кариера, вели македонскиот селектор Веселин Вујовиќ Селекцијата на Македонија претрпе пораз и од тимот на Португалија во рамките на 16.

Вујовиќ треба да ја крене самодовербата кај ракометарите

А1 - 17.08.2007

Кревање на самодовербата кај ракометарите, со овој проблем ќе се занимава селекторот Веселин Вујовиќ во денот за одмор на македонскиот национален тим на Светското јуниорско првенство. Нашите младинци загубија синоќа од Португалија, утре го играат решавачкиот натпревар против Кувајт.

За малку подвиг

Време - 17.08.2007

ЈУНИОРСКО СП ЗА РАКОМЕТАРИ ДО 21 ГОДИНА, МАКЕДОНИЈА - ШВЕДСКА 27-30 (12-13) Македонската машка јуниорска ракометна репрезентација за играчи до 21 година беше мошне близу до подвиг, но не успеа и беше поразена од Шведска со 27-30 (12-13) на вториот меч од групата А на Светското првенство (СП) што се ...

Шансите се за да се користат

Вест - 17.08.2007

МАКЕДОНИЈА ГО ГУБИ ЧЕКОРОТ ЗА ПРВОТО МЕСТО ВО А-ГРУПАТА Погоди статива кога не требаше.- Марко Симовиќ МАКЕДОНИЈА - ШВЕДСКА 27:30 (12:13) ОХРИД. - СРЦ "Билјанини извори". Гледачи: 3.500. Судии: Гуско и Репкин (Белорусија). МАКЕДОНИЈА: Митревски (13+1), Трајковски, Василески 1 (1/3), Јовчевски 2 ...

Швеѓаните ни се провлекоа

Утрински - 17.08.2007

Организаторот на играта на македонскиот тим, Марко Вукчевиќ, имаше жестоки дуели со шведската одбрана Македонските ракометни надежи беа многу блиску до скалпот на еден од фаворитите на 16. СП во Охрид и во Скопје, но загубија со 30:27 по свои грешки Четата на селекторот Веселин Вујовиќ пропушти ...

Пораз против Шведска што охрабрува

Дневник - 17.08.2007

Селекторот Вујовиќ исклучен поради протестите кон судиите Доколку влезат во втората фаза од натпреварувањето на машкото младинско Светско првенство во Охрид, македонските ракометари ќе немаат максимален број бодови, откако загубија со 27-30 од Шведска, во дербито на А-групата.

Пеналите ни ја скусија радоста

Вечер - 17.08.2007

Овие момчиња заслужуваат висок пласман на Мундијалот, но не ваква судиски двојка, каква што имавме со Шведска, изјави македонскиот селектор Веселин Вујовиќ - Загубивме од една од најсилните селкции на ова Светско првенство и покрај тоа што се надевавме на победа.

Македонските ракометари поразени од Шведска

А1 - 16.08.2007

Вујовиќ: Останавме без сила и концентрација на крајот Македонските ракометни надежи пред обврска брзо да се соземат по синоќешниот пораз од Шведска, фаворитот во мундијалска „А“ група. Време за жалење нема, против Португалија уште вечер е потребно враќање во победнички ритам, за задржување на ...

Македонија денеска на мегдан со Португалија

Време - 16.08.2007

Репрезентацијата што има шест ракометари од најдобриот португалски тим АБЦ Брага е денешниот противник на Македонија (21 часот, пренос на А1 телевизија) на јуниорското СП, кое е во тек во Скопје и во Охрид. Португалија на воведниот натпревар против Кувајт, на стартот од Мундијалот, беше непријатно ...

Франција го губи чекорот за висок пласман

Вест - 16.08.2007

ВТОР НАТПРЕВАРУВАЧКИ ДЕН Ги олади соседите.-Торстен Кнојле (Германија) Франција ги загуби шансите, односно ќе и биде потребно чудо во втората фаза за да стигне до полуфиналето по вториот пораз во првите два дена од првенството.

Против Португалците за вториот круг

Утрински - 16.08.2007

Велко Маркоски е еден од клучните ракометари на домаќинот на ова СП Вечерашниот ривал на Македонија на 16. СП во ракомет за јуниори во Охрид, по стартниот дебакл од Кувајт, ја декласира Ангола По очекуваната висока победа на стартот над аутсајдерот Ангола и синоќешната средба со носителот во ...

Браќата Марковски заедно сонуваат за медал

Дневник - 16.08.2007

Велко е веќе стандарден репрезентативец, а Никола се избори за првиот состав по само еден месец тренирање кај Вујовиќ Денешниот меч со Португалија (21 ч. А1 ТВ) може и да не биде пресуден за нашата репрезентација за пласман во следната фаза.

Египет и Хрватска единствени со две победи

Дневник - 16.08.2007

Репрезентациите на Египет и Хрватска се единствените репрезентации со две победи на младинското СП, по вториот ден. Германија стартуваше со победа против Франција, чии ракометари со овој пораз веројатно ги загубија шансите за висок пласман и сега ќе се „вадат“ и за пласман во втората фаза.

Планирани бодовите од Португалците

Вечер - 16.08.2007

Вечерва во Охрид (21 ч.) Македонија во А групата, во третиот настап на Мундијалот игра против Португалија, на која ова и е последна шанса да биде трета во групата и да оди во вториот круг На Светското првенство во ракомет за млади, во Охрид и Скопје, борбите во четирите групи се разгоруваат.

Вујовиќ: Ако ги совладаме швеѓаните би направиле голем чекор

А1 - 15.08.2007

Имаат ли основа потајните желби и очекувања на нашата ракометна јавност, дека јуниорската репрезентација може да се вмеша дури и во борбата за медали на Светското првенство, што се одржува во земјава. Треба да покаже директниот дуел за првото место во групата „А“ со фаворитот Шведска.

Убедливи и покрај тремата

Вест - 15.08.2007

МАКЕДОНИЈА ЈА ПРЕГАЗИ АНГОЛА НА СТАРТОТ Стартна победа за самодоверба.- Дејан Пецаковски фото: В.Тануровски МАКЕДОНИЈА - АНГОЛА 39:16 (15:7) ОХРИД. - СРЦ Билјанини извори. Гледачи: 3.000. Судии: Леандерсон И Линдрос (Финска).

Анголците лесен плен за македонските надежи

Утрински - 15.08.2007

Победата над Ангола од 39:16 е најубедлива во стартот од 16. СП во ракомет за јуниори во Охрид и во Скопје Репрезентацијата на домаќинот Македонија не блескаше на отворањето, но и со неповрзана игра со многу грешки ја забележа највисоката победа во првиот натпреварувачки ден на 16.

Швеѓаните не видоа ништо од нашата игра

Дневник - 15.08.2007

Денешниот дуел против Шведска (21 ч. А1 ТВ) ќе биде можеби решавачки дали Македонија ќе го освои првото место во А групата и ќе „пренесе“ повеќе бодови во следната фаза од СП. Швеѓаните првиот ден беа слободни, го гледаа нашиот дуел со Ангола, но за селекторот Вујовиќ тоа не беше меч во кој ги ...

Безмилосен почеток на младинците

Дневник - 15.08.2007

Македонија е со највисока победа досега по првиот ден од натпреварите на јуниорскиот мундијал Македонија немаше милост за дебитантот на младинското Светско првенство, репрезентацијата на Ангола, победувајќи ја со 39-16, што беше највисоката победа на првиот ден од првенството.

Вујовиќ: Направивме многу грешки и глупости

Вечер - 15.08.2007

Избраниците на селекторот Веселин Вујовиќ немаа тешка задача против неискусната и помалку неука репрезентација на Ангола, ја совладаа со 23 голови разлика, но вистинските вредности на овие момчиња ќе се видат вечерва против светскиот ракометен гигант - Не сум задоволен од играта против Ангола.

Вујовиќ: Мора да ги поправиме грешките

А1 - 14.08.2007

Убедливата победа против Ангола на воведниот натпревар од светското ракометно јуниорско првенство не го залажува селекторот Веселин Вујовиќ. Само на почетокот на натпреварот беше нерешено, потоа, во првиот дел што го добивме со 15:7 и пред се во второто полувреме, се зголемуваше разликата.

Успешен старт на ракометарите против Ангола

А1 - 14.08.2007

Очекувано лесно македонските надежи го отворија досието мундијал во пресметката со дебитантот на светските првенства Ангола. 39:16, позитива од 23 голови за составот на Вујовиќ против инфериорниот противник. Само на почетокот на натпреварот беше нерешено, потоа, во првиот дел што го добивме со 15:7 ...

Македонија денеска „полни батерии“ за утрешниот меч со Шведска

Време - 14.08.2007

РАКОМЕТ Македонската машка ракометна јуниорска репрезентација денеска е слободна на Светското првенство (СП), кое почна синоќа во Скопје и во Охрид. Тоа ќе биде добра можност за избраниците на селекторот Веселин Вујовиќ да го „преспијат“ воведниот натпревар против Ангола, на стартот од првенството ...

Македонија денеска паузира на СП во ракомет за јуниори

Утрински - 14.08.2007

По синоќешниот старт против Ангола, машката јуниорска ракометна репрезентација на Македонија денеска ќе паузира на 16. Светско првенство што се одржува во Охрид и во Скопје од 13 до 26 август. Слободниот ден на избраниците на селекторот Веселин Вујовиќ им е добредојден за подготовка за утрешниот ...

Вујовиќ: Треба да покажеме психолошка зрелост

Вечер - 14.08.2007

По вчерашниот премиерен настап против Ангола денеска селекцијата на Македонија е слободна, а утре, во Охрид, ќе игра со Шведска, редовен учесник на вакви собири Синоќа со средбите од првото коло започнаа натпреварите од 16. Светско првенство во ракомет за младинци до 21 година, во Скопје и Охрид, ...

Почнува Светското јуниорско ракометно првенство

А1 - 13.08.2007

Охрид и Скопје од денеска до 26 август се домаќини на Светското јуниорско првенство во ракомет на кое ќе учествуваат 20 репрезентации поделени во четири групи. Македонската селекција е во групата А со Португалија, Шведска, Кувајт и Ангола, а натпреварите ќе ги игра во салата „Билјанини извори“ во ...

Свечено отворен јуниорскиот ракометен шампионат

А1 - 13.08.2007

Македонија од денеска е домаќин на голем ракометен собир, светскиот шампионат во машка јуниорска конкуренција стартуваше со натпреварувачкиот дел. Во салата Билјанини извори во Охрид, со церемонија почна свеченото отворање на првиот светски ракометен јуниорски шампионат.

Леб и сол за добредојде

Вест - 13.08.2007

ВЕЧЕРВА ОТВАРАЊЕТО НА 16. СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ ЗА МЛАДИНЦИ (13 - 26 АВГУСТ) Еден од адутите на Вујовиќ. - Марко Симовиќ Речиси месец и половина откако за прв пат се собраа, нашите рекометни надежи се наоѓаат пред испитот на својата вредност, пред патоказот за својата иднина. Почнува 16.

Голем предизвик за новите „дечки“ на Веселин Вујовиќ

Време - 13.08.2007

ДЕНЕСКА ПОЧНУВА ЈУНИОРСКОТО СП ВО МАКЕДОНИЈАДЕНЕСКА НА ПРОГРАМАТА Александра Мазнева - Бундалевска По десет години пауза репрезентативниот македонски машки ракомет повторно е на големите натпреварувања. Од денеска до 26 август Скопје и Охрид се домаќини на јуниорското машко Светско првенство (СП).

Ангола прва на менито на избраниците на Вујовиќ

Утрински - 13.08.2007

Големи очекувања од генерацијата предводена од Маркоски и од Пецаковски на Светското јуниорско ракометно првенство во Македонија од 13 до 26 август Ангола прва на менито на избраниците на Вујовиќ РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Домашниот терен и поединечниот квалитет се главните адути на машката јуниорска ...

Шведска e постојано е на СП

Дневник - 13.08.2007

Шведска - Младата репрезентација на Шведска, традиционално, постојано е во врвот на европскиот и светскиот ракомет, исто како што е случај и со сениорите. Карактеристично за скандинавската школа за ракомет и младите Швеѓани негуваат брза игра, што ги прави да бидат едни од главните фаворити за ...

Македонија ќе ја нагости светската иднина

Дневник - 13.08.2007

Нашите посакуваат со што повеќе бодови да влеземе во вториот круг од натпреварите Македонија, поточно Охрид и Скопје, се домаќини на 16. машко младинското Светско првенство во ракомет, што почнува денеска, а ќе трае до 26 август.

Голем испит за зрелоста

Вечер - 13.08.2007

Нашата репрезентација ќе игра во Охрид, во "А" групата заедно со селекциите на Шведска, Португалија, Кувајт и Ангола, а селекторот Веселин Вујовиќ очекува "црвено-жолтите" на крајот да изборат пласман до 9, место Од денеска до 26 август Охрид и Скопје ќе бидат мегдан на најдобрите млади ракометари ...