TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Здравството и Фондот со најлоша оцена од ММФ

Утрински - 09.08.2003

По преговорите на делегациите на монетарците и Владата Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд при првата проверка на обврските од Станд-бај аранжманот најлоша оценка му даде на здравството како целина. " Што се однесува до реформите во тој сектор има неколку прашања што загрижуваат" , дециден е ...

Здравството ќе се смалува до крај на годината

Вест - 09.08.2003

ММФ ЗАДОВОЛЕН ОД ИСПОЛНИТЕЛНОСТА НА ВЛАДАТА Македонија ќе ја добие втората транша од стенд-бај аранжманот со ММФ, зашто Владата исполнила речиси се што му ветила на Фондот. Франек Розвадовски, шефот на Мисијата на ММФ за Македонија, по завршувањето на контролата, забележа дека само во здравството ...

Тера нова

Вест - 09.08.2003

САКАМ ДА КАЖАМ - Горан Михајловски На Перо Гошев да му се одземе тековната 1 А бе, Владата била на одмор. Да не објавеа немаше да знаеме. Тие и кога се на работа ние не знаеме дека работат. Барем нека ни кажат и кога ќе се вратат. Ако ништо не чувствуваме, барем да знаеме дека пак се во кабинетите.

Реформите во здравството доцнат, ќе следат отпуштања

Дневник - 09.08.2003

РАЗГОВОРИ ММФ - ВЛАДА Македонија во првата половина од годинава ги оствари обврските што ги презеде со "стенд бај" аранжманот, што беше потпишан во април годинава. Проблеми има единствено во здравството, каде што Владата до крајот на годинава ќе мора забрзано да работи, за да се испочитува тоа што ...

ММФ бара Владата да штеди

Утрински - 09.08.2003

МИРЧЕ ЈОВАНОВСКИ Реализирањето на Стенд-бај аранжманот ја мина првата проверка од страна на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд, така што Владата може да очекува во октомври бордот на ММФ да ја одобри втората од вкупно пет рати од кредитот вреден 27 милиони долари.

Владата нема намера со заштедата да ги намали даноците

А1 - 08.08.2003

Владата нема намера дел од заштедените пари да ги искористи за намалување на даноците, за крајниот ефект да го почувствуваат сите граѓани. Заштедите што се направени во буџетот во првата половина од годината од околу 8 милиони евра ќе бидат потрошени за враќање на старите долгови на државата.

Државата ќе ги намали трошоците

Утрински - 08.08.2003

Заврши првата проверка на стенд-бај аранжманот од страна на Мисијата на ММФ Мирче Јовановски Наскоро пред Владата ќе се најде предлог за ребаланс на државниот Буџет којшто е договорен со Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд, се дознава од Министерството за финансии.

ММФ главно задоволен од остварените обврски на Владата

А1 - 07.08.2003

Mисијата на Mеѓународниот монетарен фонд за Mакедонија ќе му препорача на Бордот во Вашингон да ја ослободи втората транша од аранжманот „Стенд бај“. По двонеделната контролна рунда преговори експертите на ММФ си заминуваат од Скопје со оценка дека Владата главно се придружува на обврските од ...

Синдикатот бара од Владата 7 милиони евра за К-15

Дневник - 06.08.2003

РАЗГОВОРИ ММФ-ССМ Исплатата на регресот не е мој каприц, туку прашање на кое се потврдува фискалната дисциплина - вели министерот за финансии Петар Гошев Владата веќе не може да го користи ММФ како алиби за проблемите во макроекономската политика.

ММФ бара трајно решение за плаќање на придонесите

Утрински - 06.08.2003

На повидок решение за едно од горливите социјални прашања на кое инсистира Синдикатот МИРЧЕ ЈОВАНОВСКИ Проблемот со неплатените придонеси спрема фондовите најверојатно ќе се реши. По завчерашната средба на синдикалниот лидер Ванчо Муратовски со шефот на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд за ...

ССМ не се откажува од барањето за исплата на К-15

Утрински - 05.08.2003

Мисијата на ММФ на разговори кај синдикалното раководство Синдикатот нема да отстапи од барањето за исплата на регресот за годишен одмор за буџетарите, изјави вчера претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Ванчо Муратовски, по средбата со шефот на Мисијата на ММФ за Македонија, Франек ...

ММФ нема да се меша во решавање на синдикалните барања

А1 - 04.08.2003

ММФ нема да се меша во решавање на синдикалните барања. Шефот на мисијата на ММФ Франек Розвадовски вели дека Владата и ССМ треба сами да си ги решаваат проблемите. Синдикалниот лидер Ванчо Муратовски вообичаено задоволен од средбите со ММФ.