TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Одбојкарите ја победија селекцијата на БиХ

А1 - 18.05.2008

Втора победа на македонските одбојкари во квалификациите за Европското првенство наредната година. На крајот на турнирот во Денкерк ја совладавме Босна и Херцеговина со 3:1 и на половина од натпреварите од „Ц“ групата сме најголеми кандидати за втората позиција.

Одбојкарите ја совладаа Белорусија

А1 - 17.05.2008

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија вечерва ја победи селекцијата на Белорусија со 3:2 во сетови, во најзначајниот натпревар на турнирот во Данкерк од квалификациите за пласман на европското првенство во 2009. Нашите одбојкари славеа по голема борба што траеше над два часа.

Одбојкарите поразени од Франција

А1 - 16.05.2008

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија загуби со 3:0 од Франција, по сетови 25:20, 25:16 и 29:27 и со пораз го започна квалификацискиот циклус во групата Ц за пласман на Европското првенство во 2009-та. Претходно, во меч од нашата група, Белорусија со 3:0, по сетови 25:21, 25:13 и 25:18, ...

Франција како загревање за Белорусија и БиХ

Утрински - 16.05.2008

Вечерва во Данкерк нашите одбојкари против „триколорите“ во квалификациите за ЕП 2009 Сашко Ѓ. Димовски Вечерва во 20 часот во Данкерк (Французите во последен момент го сменија градот-домаќин на групата Ц) нашата машка одбојкарска репрезентација ги продолжува квалификациите за ЕП 2009 со првиот меч ...

Старт против фаворизираниот домаќин

Вест - 16.05.2008

ОДБОЈКА - КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2009 Вистинската шанса за пласман на ЕП 2009 ќе се бара против Белорусија и БИХ - репрезентација на Македонија Домашната Франција е првиот испит за нашата машка одбојкарска селекција кон пласман на ЕП 2009. На вечерашниот премиерен дуел (20 ч.

Французите се крупен залак

Дневник - 16.05.2008

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија од денеска со натпреварот против Франција, инаку домаќин на првиот турнир во градот Данкерк, почнува со втората квалификациска фаза за учество на Европското првенство во 2009. Од преостанатите средби во групата Ц, утре играме со Белорусија, а в ...

Сениорите бркаат сет против фаворитот

Вечер Прес - 16.05.2008

Во натпреварот со "триколорите" влегуваме како аутсајдери бидејќи домашната селекција е апсолутен фаворит за освојување на првото место во групата кое води директно на завршницата од Европското првенство Македонската, сениорска, одбојкарска репрезентација денеска (20 ч) во Данкерк, Франција го игра ...

Одбојкарите продолжуваат на турнир во Денкерк

А1 - 15.05.2008

Македонските одбојкари ја отворија серијата настапи на нашите репрезентации во квалификациите за големите спортски собири. Тие и ја продолжуваат на турнирот во Денкерк. Пласманот на европското првенство наредната година води преку два квалификациски моста.

Преку Белорусија и БиХ до баражот за ЕП 2009

Вест - 15.05.2008

ОДБОЈКА - РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ДЕНЕСКА ПАТУВА ЗА ФРАНЦИЈА Машката одбојкарска репрезентација утрово патува за Данкерк, Франција, каде утре го игра првиот натпревар од квалификациите за ЕП 2009. Возвратните средби од Ц-групата се по седум дена во Скопје.

Македонија во поход кон второто место

Време - 15.05.2008

СЕНИОРИТЕ НА КВАЛИФИКАЦИИ ВО ФРАНЦИЈА Македонската одбојкарска репрезентација денеска ќе патува за Франција, каде што викендов ќе настапи на првиот квалификациски турнир за Европското првенство 2009 година во Турција. По триумфот над Кипар, одбојкарите имаа еден ден одмор, а потоа ги продолжија ...

Франција тест за одбојкарите

Вечер Прес - 15.05.2008

Во нашата група ќе играме без потценување, да направиме добар резултат пред вториот квалификациски турнир во Скопје, вели Александар Тасевски, селектор на Македонија Машката, сениорска, одбојкарска репрезентација денеска, во утринските часови, заминува за Данкерк, Франција каде ќе настапи во првата ...

Одбојкарските селекции се подготвуваат за квалификациите

А1 - 13.05.2008

За продолжување на настапите во европските квалификации се подготвуваат двете наши одбојкарски селекции. Машката по прескокнувањето на првата пречка, Кипар, има два дена за подготовки во Скопје пред заминувањето на првиот квалификациски турнир во Франција.

Девојките меѓу елитата

Вест - 13.05.2008

ОДБОЈКА Женската одбојкарска репрезентација по пауза од седум години се врати на меѓународната сцена со убедливиот триумф во претквалификацискиот двомеч за ЕП 2009 против Исланд. По петочните 3:0, нашите одбојкарки овојпат во улога на гостинки, но пред домашната публика во "Кале", повторно ги ...

Лесно со просечниот состав на Исланд

Утрински - 13.05.2008

Сашко Ѓ. Димовски Претквалификациите за одбојкарското ЕП 2009 во женска конкуренција беа само полесен тренинг за нашите девојки пред она што ќе ги очекува на турнирите во Мадрид и Бузау во рамки на квалификациската група Ц во пресметките со селекциите на Шпанија, Азербејџан и Романија.

Поправниот на Македонија успешен

Дневник - 13.05.2008

Нашата репрезентација го декласира Кипар во Скопје и се пласира во фазата по групи каде ќе игра со Франција, Белорусија и БиХ Машката одбојкарска репрезентација на Македонија се пласира во втората квалификациска фаза за Европското првенство 2009 година, откако ја обезбеди потребната победа од 3-0 ...

Му вративме на Кипар со камата

Вест - 13.05.2008

ОДБОЈКА - МИСИЈАТА "ЕП 2009" ПРОДОЛЖУВА ВО ФРАНЦИЈА Следен предизвик им се квалификациите во групата Ц - репрезентација на Македонија МАКЕДОНИЈА-КИПАР 3:0 (25:15, 25:16, 25:17) СКОПЈЕ. - Сала: "Кале". Гледачи: 1.000. Судии: Колос и Хуремовиќ МАКЕДОНИЈА: Ѓорѓевски, Наковски 12 поени, Јосифов 10, ...

Слатка одмазда над Кипар

Време - 13.05.2008

УСПЕШЕН НАСТАП НА МАКЕДОНСКАТА МАШКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА Александар Петровски Македонската одбојкарска репрезентација со убедливи 3-0 славеше над Кипар во реванш-натпреварот од претквалификациите за пласман на ЕП. Тие покажаа дека поразот на првиот меч во Лимасол бил само слаб ден и успеаја да обезбедат ...

Лесно до групните квалификации за ЕП

Време - 13.05.2008

СЕНИОРКИТЕ ПОДОБРИ ОД ИСЛАНД Женската одбојкарска репрезентација на Македонија успеа да обезбеди пласман во квалификациите за Европското првенство 2009 година. И во вториот натпревар девојките ја победија репрезентацијата на Исланд со 3-0.

Долгот од Лимасол наплатен со камата

Утрински - 13.05.2008

Македонските одбојкари го прегазија Кипар во реваншот и се пласираа во групата од квалификациите за ЕП 2009 Сашко Ѓ. Димовски Фантастично беше чувството во неделата да се присуствува во СРЦ „Кале“, да се поддржат нашите две одбојкарски репрезентации и да се биде сведок на нивниот пласман во ...

Час по одбојка за Кипраните

Вечер Прес - 13.05.2008

Одличната игра во сите три сета придонесе нашата селекција да ја анулира негативата од првиот меч на Кипар и да обезбеди пласман во квалификациите, на двата турнира, прво во Франција, а потоа и во Скопје Македонската, машка, сениорска репрезентација се пласира во втората фаза за квалификациите за ...

Исланд лесна пречка за Европа

Вечер Прес - 13.05.2008

Шансата во квалификациската група ќе ја бараме со победи над Шпанија и Романија затоа што сметаме оти Азербејџан е многу силна репрезентација, вели Зафировска, капитен на нашата селекција Женската сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија полесно од очекуваното се пласира во квалификациите ...

Почести за македонските одбојкарски репрезентации

А1 - 12.05.2008

Го минаа претквалификациксиот филтер за европското првенство. Одбојкарките со две лесни победи го прескокнаа Исланд и потврдија дека дисконтинуитетот во настапите не оставил белег во нивниот натпреварувачки ритам, барем кога во прашање се пресметките со оние што се подолу од нас на квалитативната ...

Исланд замрзна на Кале

Дневник - 12.05.2008

Женската одбојкарска селекција на Македонија не остави ништо на случајот, извојува убедлива победа од 3-0 (20-11, 20-18, 20-8) над Исланд на првата средба во Скопје од двомечот што претставува прва квалификациска фаза за пласман на ЕП 2009.

Македонија го декласира Исланд во првиот меч

Утрински - 12.05.2008

Македонската женска одбојкарска репрезентација ја оствари првата победа по седумгодишна апстиненција од меѓународните натпреварувања. Во првиот претквалификациски дуел за ЕП 2009 во петокот избраничките на селекторот Зоран Чадиев го декласираа составот на Исланд со 3:0 (по сетови: 25:11, 25:18, ...

Убедлив триумф над Исланд

Време - 12.05.2008

ОДБОЈКА Женската одбојкарска репрезентација на Македонија славеше висока победа од 3-0 во првиот натпревар од претквалификациите за пласман на ЕП 2009 над селекцијата на Исланд. Во „Кале“ одбојкарките покажаа дека имаат квалитет за настап на европската сцена, и по пауза од седум години успешно го ...

Нашите одбојкарки го прекинаа постот

Вест - 12.05.2008

ОДБОЈКА - СО ПОБЕДАТА НАД ИСЛАНД МАКЕДОНИЈА-ИСЛАНД 3:0 (25:11, 25:18, 25:8) СКОПЈЕ. - Сала: "Кале". Гледачи: 500. Судии: Франолиќ и Рајќовиќ МАКЕДОНИЈА: Т.Алексовска, Петровиќ, Иванова, Тасева, Ружиновска, С. Алексовска, Зафировска, Ќурчиева, Ивановска, Мароска, Ѓошева, Николовска.

Сениорките го декласираа Исланд

Вечер Прес - 12.05.2008

Македонската женска, сениорска, репрезентација ја декласира селекцијата на Исланд во првиот претквалификациски натпревар за Европското првенство во Полска наредната година. Исланѓанките немаа решение за одличната игра на нашата репрезентација и за време на целиот натпревар беа заплеткани во мрежата.