TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Тачи: Перспективата е со ДПА

А1 - 25.05.2008

Политичката генерација што ја создаде ДПА е многу подобра од таа на ДУИ, зошто нашата генерација произлегува од албанската школа, а не од белградската или од скопската. Школата на нашата генерација се вика Арбен Џафери. Вака на жителите на тетовско Порој, синоќа им се обрати претседателот на ДПА ...

Форум на жени на ДУИ: ДПА нема да не исплаши

А1 - 24.05.2008

ДПА нема да не исплаши со сеење терор. Форумот на жени членки на ДУИ на оружјето му се спротивставува со коктел. Ја обвинува власта дека подготвува изборен фалсификат. „Апелирање до сите политички партии да не создаваат клима на заплашување на населението, бидејќи знаеме дека изборите се ...

ДПА И ДУИ не се во движењето за обединување

Дневник - 24.05.2008

Лидерите на ДУИ и на ДПА не се вклучени во таканареченото движење за обединување на Албанците, реагираат од двете партии на пишувањето на белградски „НИН“. Во последниот број на српскиот магазин се објавува статија за Косовецот Авни Клинаку, кој на 17 мај во Приштина го формирал движењето и дека во ...

ШЕСТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА

Дневник - 24.05.2008

Број на гласачи : 311.729 Листи : ПДП, НДУ, ПСД, ДУА, ТМРО, ПЕИ, РССМ, ДУИ, ДНЕТ, ДПА, Коалиција „Сонце“ предводена од СДСМ, СДПМ, Коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Сојуз на Титови леви сили Општини : Боговиње, Брвеница, Врапчиште, Гостивар, Дебар, Желино, Зајас, Јегуновце, Маврово - Ростуше, ...

ПРВА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА

Дневник - 24.05.2008

Број на гласачи: 295.917 Листи: Група избирачи - Пеце Груевски, ПДП, НДУ, ПСД, ДУА, ТМРО, ПЕИ, РССМ, ДУИ, ДНЕТ, ДПА, ТМОРО-ВЕП, Коалиција „Сонце“ предводена од СДСМ, СДПМ, Коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Сојуз на Титовите леви сили Општини : Карпош, Кисела Вода, Центар, Чаир, Аеродром, Сарај, ...

ДУИ: Победата ќе ја оствариме со нашиот народ

А1 - 23.05.2008

Под мотото „Со нас победници“ ДУИ синоќа одржа митинг во Струга. Со приоритетите Македонија сигурно за Албанците, Балканот на Европа, европска иднина за младите пријатели со Косово, кандидатите за пратеници од петтата ИЕ и челниците на ДУИ на полниот струшки плоштад ги повикаа Албанците на 1 јуни ...

Тачи: Политиката на ДУИ е несериозна

А1 - 23.05.2008

Црвените секогаш ги победуваат сините. Вака синоќа во Голема Речица го започна својот говор претседателот на ДПА и носител на листата во шестата ИЕ, Мендух Тачи. „Ако играат фудбал ДПА и ДУИ ќе треба да има три голмани. Во средината Кољо Дијамантот, од страна Али Ахмети и Теута Арифи.

ДУИ вечерва во Охрид и Струга, ДПА во тетовско

Канал5 - 23.05.2008

ДУИ вечерва ги посетува Охрид и Струга, ДПА тетовски Шипковица и Голема Речица, СДСМ со изборниот карван е во Кичево, ВМРО - ДПМНЕ во скопски Карпош 3. Во продолжение следуваат дел од пораките на Шеќеринска и Груевски од синоќешните митинзи во Гостивар и Гевгелија.

ДУИ ја обвини ДПА за плагијат

Дневник - 23.05.2008

Во ДУИ се нокаутирани и повеќе не знаат за што зборуваат, одговори Адријатик Имери, портпарол на ДПА Економската програма на ДПА е плагијат на нашата, а за исполнување на важните прашања за Албанците ќе им требаат шест години , а не 60 дена, обвини вчера Муса Џафери од ДУИ на презентацијата на ...

Тачи: Не ги бараме вашите синови

Дневник - 23.05.2008

Ние од вас не ги баравме вашите синови, не баравме милиони, не крадевме гласови, ние од вас бараме само морална поддршка, рече Мендух Тачи, лидерот на ДПА, завчера во Слупчане, Липковско.Тој потенцира дека граѓаните со поддршка од ДПА добиваат сигурна иднина со единствена алтернатива - влез на ...

ДПА прави плагијат?!

Вечер Прес - 23.05.2008

Реализација на Мајскиот договор, признавање на Косово, интеграција на Македонија во НАТО, сигурност за Албанците, социјална помош за жртвите од конфликтот од 2001 година и нивните семејства и законска регулатива за употреба на албанскиото знаме и јазик, се приоритетите во предизборната програма на ...

ДУИ ја обвини ДПА за плагијат

Канал5 - 22.05.2008

Најприоритетни политички точки за ДУИ како дел од новата влада ќе бидат целосно имплементирање на мајскиот договор, донесување на закони за употребата на јазиците и за симболите, меѓуетничкото помирување- во чиј склоп ќе биде и законот за борците на ОНА, признавањето на Косово и влезот на ...

Тачи во кампања против Црвенковски и Глигоров

Утрински - 22.05.2008

Лидерот на ДПА реши да го игнорира Ахмети и да го насочи своето сечило кон шефот на државата Покрај новината со шетање по бините, по примерот на американските кампањи, лидерот на ДПА, Мендух Тачи, во ова предизборие откри и други противници, решавајќи да ја игнорира ДУИ и нападите во своите говори ...

ДПА и ДУИ со меѓусебни обвинувања

А1 - 21.05.2008

Фазли Велиу е српски шпион, обвини денеска ДПА. Носителот на ДУИ во петката бил ангажиран во обработка на албанските сепаратисти на Косово. Ова според ДПА го покажуваат официјални документи, а албанскиот весник „Шкип“, информациите ги објави на 17-ти април.

Тачи: ДПА ќе има седум-осум министри

Дневник - 21.05.2008

ДПА по изборите сигурно ќе биде дел од власта со голем број пратеници и ќе има седум или осум министри, порача лидерот на ДПА Мендух Тачи на предизборниот собир во Велешта крај Струга. Вистинските противници на албанската идеја, платформата на ДПА и на Арбен Џафери не се ДУИ и Фазли Велиу, туку ...

Ахмети: Ги остваривме идеалите на генерации Албанци

Дневник - 21.05.2008

ДУИ ги оствари идеалите на генерации Албанци, изјави на прексиноќешниот митинг во Сарај Али Ахмети, лидер на ДУИ. Тој ја критикуваше ДПА бидејќи како дел од власта не направила многу за Албанците. Во 2002 година ДПА вети дека ќе го официјализира албанскиот јазик, дека ќе ги ослободи од затвор и ќе ...

Процентот на неопределените се топи

Утрински - 21.05.2008

ВМРО-ДПМНЕ би освоила најмногу гласови доколку утре би се одржале парламентарни избори во Македонија, покажуваат резултатите од најновата анкета на Институтот за демократија спроведена меѓу 16 и 18 мај. Според резултатите, за ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 30,2 отсто од 1.116 испитаници, додека за СДСМ ...

Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ - 30.2, на СДСМ - 10.6 отсто

Дневник - 21.05.2008

ВМРО-ДПМНЕ би освоила најмногу гласови ако парламентарни избори во Македонија би се одржале утре, покажуваат резултатите од новата анкета на Институтот за демократија спроведена од 16 до 18 мај. За ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 30,2 отсто од 1.116 испитаници, а за СДСМ 10,6.

ВМРО-ДПМНЕ vs. СДСМ 30:10

Вечер Прес - 21.05.2008

Како и во претходните анкети највисок рејтинг има премиерот Никола Груевски додека втор на листата е лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а Радмила Шеќеринска, ужива доверба кај само 5 отсто од граѓаните Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и понатаму расте, како и довербата на граѓаните кај премиерот Никола Груевски, ...

Ахмети: ДУИ ќе победи на 1 јуни

А1 - 20.05.2008

ДУИ ќе победи на 1 јуни, бидејќи единствено таа ги реализираше идеалите на генерации Албанци во Македонија, порача лидерот Али Ахмети синоќа од Сарај. ДПА минативе две години покажа дека нема капацитет да ги оствари барањата на Албанците.

Анкета: ВМРО - 30,2%, СДСМ - 10,6%, ДУИ - 9,2%, ДПА - 5,6%

А1 - 20.05.2008

На прашањето: „За која партија би гласале, доколку утре би се одржале парламентарни избори“, неодреден одговор имале 32,1% од анкетираните. Рејтинг на партии 30,2% ВМРО-ДПМНЕ 10,6% СДСМ 9,2% ДУИ 5,6% ДПА Неопределени во анкетата спроведена непосредно пред почетокот на изборната кампања беа 21%.

ДУИ обвинува дека ДПА е во коалиција со полициски структури

Утрински - 20.05.2008

„Колку повеќе наближува 1 јуни, се' појасно се разоткрива кои се коалициските предизборни партнери на ДПА. Односно, се разоткрива дека оваа партија на овие избори не настапува сама, туку во „коалиција“ со некои полициски структури кои се предводени од Рефет Елмази.

ДУИ и ДПА меѓусебно се обвинуваат за предизборното насилство

Дневник - 20.05.2008

ДУИ ја зголеми безбедноста на своите изборни штабови поставувајќи видеокамери, по инцидентите во Тетовско-гостиварскиот регион. Во партијата предупредија дека е можно Албанците да се самоорганизираат за самоодбрана од предизборното насилство ако пукотниците продолжат, а МВР не ги расветли итно ...

Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ - 30.2 отсто, на СДСМ - 10.6, ДУИ - 9,2 осто, ДПА - 5.6 отсто

Канал5 - 20.05.2008

ВМРО-ДПМНЕ би освоила најмногу гласови доколку утре би се одржале парламентрани избори во Македонија, покажуваат резултатите од најновата анкета на Институтот за демократија спроведена меѓу 16 и 18 мај. Скопје, 20 мај (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ би освоила најмногу гласови доколку утре би се одржале ...

ДУИ: ДПА е поддржана од МВР

А1 - 19.05.2008

ДУИ денеска на прес-конференција обвини дека ДПА на овие избори била поддржана од МВР. За да не помислат дека и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, е акционерка во касапаната на Тачи, тие од неа побараа да одговори колку е вистина тоа што МВР, освен беџеви од единицата „Алфи“, на ...

Тачи: ДУИ нема интегритет кај Албанците

А1 - 19.05.2008

ДПА на овие избори нема политички противник во албанскиот блок, оти ДУИ нема интегритет и политичка сила кај албанскиот електорат, порача лидерот на партијата, Мендух Тачи, од синоќешниот митинг во Арачиново. Партијата на Ахмети, рече Тачи, е само извршител на агендата на СДСМ.

ДПА со снимки докажува дека пукаат од ДУИ

Утрински - 19.05.2008

ТЕТОВО - „Шокантно, застрашувачки и деградирачки е како близок соработник на Али Ахмети вади оружје и пука. Од друга страна, плачат кај меѓународниот фактор за наводниот терор што го преживуваат“. Ова се истакнува во соопштението на ДПА што го презентираше вчера портпаролот Феџли Селами во Тетово.