TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

51 жртва на САРС во Кина

А1 - 06.04.2003

Вкупно 51 лице умреле во Кина од нетипичното воспаление на белите дробови наречено САРС, а регистрирани се 1.247 заболени, изјави денеска кинески функционер на здравствените служби. Кинеското министерство за здравство на прес-конференцијата соопшти дека во оваа земја од САРС умрел и еден од ...

Од САРС починаа најмалку 84 лица

А1 - 05.04.2003

Од атипичната пневмонија, позната како САРС досега во светот починаа најмалку 84 лица, а регистрирани се 2.353 инфицирани, соопшти Светската здравствена организација. Од 19 земји каде се распространи вирусот, најпогодена е Кина каде што досега од САРС починаа 49 лица, а заразени се 1.220.

Превенцијата е најефикасен лек за САРС

Утрински - 05.04.2003

Проф. Д-р Дејан Докиќ за нетипичната пневмонија што го потресува светот РИСТЕ НЕДАНОСКИ Нетипичната заразна пневмонија го потресе светот и не губи на медиумската атрактивност. САРС-от секојдневно се шири, бројот на земјите во кои се регистрира ова заболување расте.

Три дечиња од Торонто донеле САРС во Мелбурн?

Дневник - 05.04.2003

ПНЕВМОНИЈАТА И ВО АВСТРАЛИЈА? Две канадски братчиња и нивната сестричка биле ставени во карантин во австралискиот град Мелбурн поради страв дека барем едно од нив боледува од смртоносната пневмонија САРС, јави Ројтерс. Кај тригодишното девојче биле утврдени симптоми на САРС, додека братчињата, кои ...

Едно лица отпуштено, две лица под лекарски надзор поради САРС

Утрински - 04.04.2003

ПРЕВЕНЦИЈА Под здравствен надзор на Градскиот завод за здравствена заштита во Скопје, како превенција од нетипичната пневмонија, од вчера се само две лица. Според директорот, д-р Методија Темов на едното лице кое по враќањето од Пекинг било под здравствен надзор му изминале предвидените 14 дена.

Се проверуваат сите патници на скопскиот аеродром

Дневник - 04.04.2003

ЗА ДА СЕ СПРЕЧИ ШИРЕЊЕТО НА СМРТОНОСНАТА ПНЕВМОНИЈА Светската здравствена организација им препорача на сите што планираат да патуваат во Хонг Конг и Гуандонг да ги одложат патувањата, бидејќи тие кинески метрополи се жариште на епидемијата на САРС.

Поради САРС во Канада се откажуваат операции на рак

Дневник - 04.04.2003

ЕПИДЕМИЈА НА СМРТОНОСНА ПНЕВМОНИЈА Бројот на жртвите од смртоносната пневмонија САРС се искачи на 80, главно жители на Кина и на другите азиски земји, јави Ројтерс. Лекарите во Канада, која е најтешко погодена неазиска земја, очекуваат нови случаи на САРС во текот на неделава.

Болеста на Вурц не била САРС

Вест - 03.04.2003

ФОРМУЛА 1 Третиот возач на Мекларен, Александер Вурц, сепак, не бил болен од потенцијално смртоносното тешко запаление на белите дробови, тн. САРС вирус, кој однесе веќе десетици животи, главно во Југоисточна Азија. Австриецот беше прилично болен откако по трката за Големата награда на Малезија се ...

Во Македонија нема заболени од САРС, три лица се под надзор

Утрински - 03.04.2003

Во земјава досега нема ниту еден регистриран или сомнителен случај на нетипичната пневмонија Во Македонија досега нема регистрирани лица заболени од тешкиот акутен респираторен синдром наречен САРС кој го предизвикува нетипичното вирусно воспаление на белите дробови од кое досега во светот починаа ...

Во Кина од смртоносната пневмонија се инфицирани околу 1.200 лица

Утрински - 03.04.2003

Драматично се зголеми бројот на случаи заразени од смртоносниот вирус ПЕКИНГ, сан хозе - Во Кина вчера драматично се зголеми бројот на случаи заразени од смртоносниот вирус кој е сличен на грип, откако официјалните медиуми ги искажаа критиките за тоа како владата се справува со кризата, велејќи ...

Тројца скопјани под лекарски надзор по враќањето од Кина

Дневник - 03.04.2003

смртоносната пневмониЈа се заканува и каЈ нас Тројца скопјани, двајца мажи и една жена, се под интензивен медицински надзор на Градскиот завод за здравствена заштита, откако во минатата недела се вратиле од Кина, каде што има стотици заболени од смртоносното воспаление на белите дробови.

САРС ја демне и Македонија

А1 - 02.04.2003

Три лица од Скопје се наоѓаат под 14-дневен епидемиски надзор, поради тоа што повеќе денови престојувале во Пекинг. Станува збор за двајца мажи и една жена, кои самите се пријавиле во Инфективната клиника. Според лекарите, тие засега немаат симптоми на САРС.

Авион ставен во карантин поради САРС

А1 - 02.04.2003

Властите во Калифорнија синоќа ставија во карантин еден патнички авион што пристигна од Токио, бидејќи петмина од патниците покажувале симптоми на атипичното воспаление на белите дробови САРС, јавија агенциите. Авионот на „Американ Ерлајнс“, со 200 патници и членови на екипажот, остана на пистата ...

Пневмонијата уби 59 и инфицираше 1.600 лица

Вест - 01.04.2003

ХОНГКОНГ, 1 април (Ројтерс) - Епидемијата од акутниот репсираторен синдром САРС што владее секаде во светот досега уби 59, а инфицираше над 1.600 лица, главно на азискиот континент. Светската здравствена организација вели дека главните симптоми на мисетриозната пневмонија се високата телесна ...

Сто инфицирани од смртоносната пневмонија во Хонгконг

Утрински - 01.04.2003

Нови заболени од убиствениот вирус ХОНГКОНГ - Вчера е соопштено дека околу сто лица во еден станбен блок во Хонгконг се инфицирани од смртоносниот вирус на пневмонија, со што се зголемија стравовите дека болеста е пренесена преку воздухот или водата.

Зграда со 200 жители запечатена поради вирусот САРС

Дневник - 01.04.2003

УЖАС ВО ХОНГ КОНГ Околу 200 жители на една зграда во Хонг Конг од вчера се запечатени во зградата откако се утврдило дека половина од нив боледуваат од смртоносниот вид пневмонија што веќе уби 60 луѓе низ целиот свет, јави Ројтерс.

Вонредна состојба во Торонто поради САРС

А1 - 31.03.2003

Канадските здравствени власти објавија дека САРС го „одзеде“ и петиот живот, а бројот на заразени во Торонто се зголеми на стотина, јавуваат агенциите. Во овој град е прогласена вонредна состојба, изолирани се илјадници луѓе, а пристапот кон болниците е ограничен.