TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Мирно прегласување и во Чаир, под силно обезбедување

А1 - 15.06.2008

Силно полициско обезбедување на сите гласачките места во општината Чаир. Тоа е видливо посебно во училиштето „Даме Груев“ каде пред две недели имаше престрелка и нарушување на изборниот процес. Денеска е мирно. „Во споредба со минатиот пат не можам да кажам колку, но тука некаде е излезноста, ...

Мирно прегласување во Арачиново

А1 - 15.06.2008

Мирно и без тензии помина денешното гласање во Арачиново. Жителите уште рано утрово масовно ги посетуваа избирачките места. Попладнево одзивот се намали, но сепак до нивното затворање се очекуваше над 60% од арачиновци да го искористат правото на глас.

Фуере: Македонија може да организира добри избори

А1 - 15.06.2008

Македонија може да организира добри избори, но очигледно на 1 јуни немало политичка волја за тоа, изјави евроамбасадорот Ерван Фуере, кој денеска ги обиколуваше гласачките места во Тетовско, Гостиварско и Кичевско. „Изборите на 1 јуни беа добро организирани, но лошо беше што од повеќе партии немаше ...

ДИК: Одѕивот на гласачите до 10 часот е 12,40%

А1 - 15.06.2008

Државната изборна комисија на прес-конференција соопшти дека до 10 часот на местата каде што денеска се прегласува на гласање излегле 17.867 гласачи, односно излезноста е 12,40%. Добиени се податоци од 165 од вкупно 187 избирачки места каде што се прегласува и каде што вкупно право на глас имаат ...

Набљудувачите на МОСТ избркани од три избирачки места

А1 - 15.06.2008

Набљудувачите на Граѓанската асоцијација „Мост“, кои денеска го следат прегласувањето на изборите, се избркани од три избирачки места во Желино, каде влегле неовластени лица. Ова попладнево го соопштија од МОСТ, од каде информираат за неправилности при гласањето во Боговиње, како и семејно гласање ...

ДИК: Одзивот до 17 часот е 43,22%

А1 - 15.06.2008

Државната изборна комисија го соопшти одзивот на гласачите до 17 часот. Добиени се податоци од 175 избирачки места. На гласање до 17 часот излегле нешто над 65.000 гласачи или 43,22%. ДИК потврди дека во три избирачки места немало гласање.

ДИК: Одѕивот на гласачите до 10 часот е 12,40 отсто

Канал5 - 15.06.2008

Државната изборна комисија на прес-конференција соопшти дека до 10 часот на местата каде што денеска се прегласува на гласање излегле 17.867 гласачи, односно излезноста е 12,40 отсто. Скопје, 15 јуни (МИА) - Државната изборна комисија на прес-конференција соопшти дека до 10 часот на местата каде ...

Под силно полициско обезбедување прегласувањето поминува без поголеми инциденти

Канал5 - 15.06.2008

Под силно полициско обезбедување, прегласувањето поминува без поголеми инциденти. Полицијата уапси три лица во тетовското село Седларево затоа што полнеле гласачки кутии. Уапсено е уште едно лице во Чегране кое МВР го барало за нерегуларностите на први јуни.

Во Арачиново и Чаир прегласувањето поминува без проблеми

Канал5 - 15.06.2008

На избирачките места во Арачиново и Чаир, каде што на први јуни се случија најкрвавите изборни инциденти, засега прегласувањето се одвива мирно и без проблеми. На местата каде што се повторува гласањето присутни се набљудувачи на ОБСЕ и на МОСТ, а пред избирачките места има зголеменото полициско ...

Во Дебар денес се прегласува во четири избирачки места

Канал5 - 15.06.2008

Во општина Дебар, денес се прегласува во четири избирачки места .Две од нив се во градот, додека другите две во пограничните села Хаме и Селокуќи. Отворени се на време во 7 часот и до сега, според општинската изборна комисија гласањето се одвива во мирна фрр и демоктатска атмосфера.

ДИК: Позитивна и коректна оценка за изборниот тек, одѕивот до 13 часот е 30,8 отсто

Канал5 - 15.06.2008

Државната изборна комисија соопшти дека до 13 часот на гласање во сите три изборни единици каде што денеска се прегласува гласале 43.116 од вкупно 161.669 избирачи и излезеноста е 30,8 отсто. Пред две недели одѕивот до 13 часот бил 28,18 отсто, а на парламентарните избори во 2006 година во истиот ...

МОСТ: До 10 часот најголем одѕив во Првата изборна единица

Канал5 - 15.06.2008

Граѓанската асоцијација МОСТ денеска на прес-конференција соопшти дека до 10 часот одѕивот на гласачите на местата каде што се прегласува во Првата изборна единица е 15,63 отсто, во ИЕ 2 - 8,09 и во Шестата изборна единица 11, 03 отсто.

На три избирачки места во Тетово не почна прегласувањето

Канал5 - 15.06.2008

Во три избирачки места во Тетово кои се наоѓаат во основното училиште „Прпарими“ во Голема Речица не започна прегласувањето поради кражба на изборниот материјал. Тетово, 15 јуни (МИА) - Во три избирачки места во Тетово кои се наоѓаат во основното училиште Прпарими во Голема Речица не започна ...

Повторно гласање на 187 избирачки места во изборните единици 1, 2 и 6

Канал5 - 15.06.2008

На 187 избирачки места во изборните единици еден, два и шест денеска има повторување на гласањето од предвремените парламентарни избори зашто пред две недели таму беа регистрирани изборни нерегуларности. Право на глас на овие избирачки места имаат 161.874 граѓани.

Фуере: Македонија има капацитет за спроведе демократски избори

Канал5 - 15.06.2008

Прегласувањето е втора шанса за Македонија да докаже дека може да одржи фер и демократски избори како клучен услов за влез во НАТО и ЕУ – едногласни се амбасадорите кои од рано изутрината мониторираа по потенцијалните критични точки во скопско, липковско и тетовско.

Мирно прегласување за поправка на имиџот

А1 - 14.06.2008

И Македонија е директно засегната од Лисабонскиот договор, но во оваа фаза од евроинтеграцијата на земјата поголема пречка за неа од ирскиот референдум на патот кон членство во Унијата може да претставува утрешното прегласување.

Изборен молк пред прегласувањето

А1 - 14.06.2008

Изборен молк почна на полноќ пред неделното делумно прегласување на предвремените парламентарни избори во Македонија. Вкупно 161.874 граѓани ќе можат в недела повторно да гласаат на 187 избирачки места на кои поради нерегуларностите беше поништено гласањето на 1 јуни.

Ако се пука, нема албански партнер во владата

Вест - 14.06.2008

ПРЕМИЕРОТ ГРУЕВСКИ СЕ ЗАКАНИ Премиерот Никола Груевски вчера директно им се закани на тие што планираат да прават инциденти на утрешното прегласување на предвремените избори дека ниеден учесник во евентуалните инциденти ниту, пак, нивните ментори нема да куртулат од законот.

На прегласувањето ќе врие од полиција

Вест - 14.06.2008

На утрешното прегласување ќе врие од полиција за да се спречат какви било изборни инциденти. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска вчера информираше дека е разработена шемата како ќе дејствува полицијата и оти ќе бидат ангажирани сите расположливи сили.

Прегласувањето в недела мора да биде мирно и чесно

Утрински - 14.06.2008

Груевски најави апсење за сите што ќе предизвикаат инциденти при прегласувањето Катица Чангова Македонија е пред голем демократски тест, утре да покаже висок степен на политичка зрелост и култура. Прегласувањето е без алтернатива, мора да биде мирно, чесно и слободно изразување на волјата на ...

Прегласувањето - последна шанса за чекор кон ЕУ

Дневник - 14.06.2008

Утре повторно ќе се гласа на 187 гласачки места во изборните единици еден, два и шест, со 161.874 избирачи Утрешното прегласување на 187 гласачки места во изборните единици еден, два и шест, со 161.874 избирачи, е последна шанса земјава да докаже дека може да организира избори без насилство.

Денеска гласаа и затворениците и притворениците во чии места на живеење утре ќе има прегласување

Канал5 - 14.06.2008

Ден пред прегласувањето во 187-те избирачки места каде што беше нарушен изборниот процес на 1 јуни, денеска во казнено поправните домови повторно гласаа 180 притвореници и осуденици. Во најголемиот затвор во државава прегласувањето заврши без никакви проблеми во 9 часот и 30 минути.

Македонија нема нова испитна сесија

Вечер - 14.06.2008

Изборните инциденти го ставија на маргините проблемот со името. За сите евро дипломати сега најважен е повторениот изборен процес на 196-те избирачки места Македонија утре мора да го положи поправениот изборен испит, затоа што финалната оценка ќе биде за државата, а не за поедини политички лидери.

Ќе се прегласува на 187 избирачки места

А1 - 13.06.2008

Државната изборна комисија соопшти, ќе се прегласува на 187 избирачки места во изборните единици 1, 2 и 6, каде се случија најголемите нерегуларности. Во овие изборни единици во избирачкиот список се запишани околу 162.000 граѓани со право на глас.

Од прегласувањето зависи перспективата за ЕУ

Време - 13.06.2008

СПОРЕД БРИТАНСКИОТ АМБАСАДОР Меѓународната заедница во Македонија со големо внимание ќе го следи прегласувањето што в недела треба да се одржи на околу 200 избирачки места, зашто од неговиот тек зависи европската перспектива на земјата, вели Андрју Ки, амбасадор на Обединетото Кралство во Скопје.

Држете се, прегласуваме!

Време - 13.06.2008

ДУИ И ДПА УПОРНИ ВО ПРЕДИЗБОРНИТЕ КАВГИ Евроамбасадорот Ерван Фуере и Амбасадата на САД вчера упатија последен повик до гласачите и до лидерите на политичките партии што учествуваат на прегласувањето в недела да се воздржат од какви било инциденти.

Вејсели обвинува дека ДИК и Врховниот суд се контролирани од опозицијата

Канал5 - 13.06.2008

Државната изборна комисија и Врховниот суд се контролирани од опозицијата. Со одлуката за прегласувањето најоштетени се ПДП и Албанците. Ова го истакна претседателот на партијата, Абдуљади Вејсели. Тој одлуките на ДИК ги нарече погрешни и политички.

В недела ќе прегласуваат 161.874 гласачи на 187 избирачки места

Канал5 - 13.06.2008

По конечните решенија на Врховниот суд кој одлучуваше по жалбите на партиите, в недела на 15 јуни ќе се прегласува на 187 избирачки места во изборните единици еден, два и шест со запишани 161.874 избирачи. Државната изборна комисија соопшти дека Врховниот суд им преиначил 11 решенија, прифатил ...

Прегласувањето е последна шанса за Македонија

А1 - 12.06.2008

Прегласувањето в недела е последна шанса за Македонија да демонстрира демократски капацитет. Најновиот апел на меѓународната заедница е насочен кон институциите и политичките лидери. „Очекуваме властите да ги преземат сите мерки за граѓаните да можат да гласаат во сигурна и демократска атмосфера.

Има ли излез од „изборната дупка“

Утрински - 12.06.2008

ЕДИТОРИЈАЛ Билјана Јовановска Дали Република Македонија во странските извештаи и по вториот круг гласање ќе остане своевидна „црна дупка“ во која власта не е кадарна да спроведе регуларни избори? За жал, одговорот, најверојатно, ќе биде позитивен, зашто малку е веројатно и во случај в недела се' да ...

Цел Врховен суд одлучува за изборните жалби

Утрински - 12.06.2008

Партијата на Мендух Тачи, ДПА, поднесе повеќе жалби од приговори Катица Чангова Цел Врховен суд, зад затворени врати, одлучува за изборните жалби. Дваесетина врховни судии од завчера, во цел состав, поделени во петчлени совети, под полна пареа работеа на 94 предмети за 195 гласачки места и за ...

Пред се', потребни се мирни избори

Утрински - 12.06.2008

ИНТЕРВЈУ Андру Ки , британски амбасадор во Македонија Тамара Грнчароска Господине амбасадоре, Македонија до 1 јуни се наоѓаше на чекор од НАТО и на добар пат да добие датум за преговори од ЕУ до крајот на годинава. Дали по изборите се сменети позициите на Македонија? Изборната кампања и изборите на ...

Аман, нека завршат изборите

Утрински - 12.06.2008

Си велам Ерол Ризаов Избори не се бранат со полиција и со оружје, туку со демократија и политичка култура Само за десетина дена изборните неправилности радикално метастазираат загрозувајќи го се' повеќе нивниот легитимитет, иако победата на ВМРО-ДПМНЕ е голема.

Американската амбасада повикува на фер и демократско прегласување

Канал5 - 12.06.2008

Американската амбасада во Скопје во пресрет на неделното прегласување на парламентарните избори апелира тоа да се одржи во мирна атмосфера, без насилство, заплашувањеи, фалсификати, со цел Македонија да го продолжи напредокот кон НАТО и ЕУ.

Врховниот суд ги одби жалбите на партиите, в недела ќе се прегласува на 198 места

Канал5 - 12.06.2008

Врховниот суд доцна попладнево донесе решенија со кои ги одби приговорите на политичките партии и ги потврди одлуките на Државната изборна комисија за поништување на изборите и прегласување на 198 места. Прифатени се само два приговори на ДПА за поништување на гласањето во две избирачки места во ...

Врховниот суд денеска треба да одлучи по жалбите на партиите за прегласувањето

Канал5 - 12.06.2008

Врховниот суд на Република Македонија денеска треба да одлучи по жалбите што овластените предлагачи на листи на кандидати за пратеници ги поднесоа на одлуките на Државната изборна комисија за прегласување на парламантраните избори на 197 избирачки места.

Врховниот суд затрупан со жалби

Утрински - 11.06.2008

ДИК вчера постави нови претседатели на шест општински изборни комисии Катица Чангова Повторувањето на вонредните парламентарни избори во околу 200 гласачки локации во „единицата“, „двојката“ и во „шестката“, што треба да се случи на 15 јуни, ги мобилизира надлежните институции за брзо донесување на ...

Избирачките места ќе ги чуваат дипломати, пратеници, полицајци

Утрински - 11.06.2008

Во ДИК вчера пристигнале нови барања од странски амбасади за набљудување на изборите Оливера Војновска Повторното гласање в недела на проблематичните избирачки места- околу 200 во Првата, Втората и Шестата изборна единица, ќе се одвива под засилен мониторинг и од полицијата и од набљудувачите, со ...

За одлуките на ДИК - 94 жалби

Дневник - 11.06.2008

ДПА, ДУИ и ТМРО поднесоа 94 жалби, од кои само ДПА 89, на одлуките на ДИК за нивните приговори за гласањето на изборите на 1 јуни. Во предвидениот рок до ДИК не поднесоа жалби коалициите „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и „За Европа“ предводена од СДСМ.

Врховниот суд утре ќе се изјасни по жалбите на партиите до ДИК

Канал5 - 11.06.2008

Конечната одлука на Врховниот суд по жалбите на политичките партии против решенијата на Државната изборна комисија за поништување на гласањето и повторување на изборите на 196 места во три изборни единици ќе биде позната утре.

Прегласувањето на 15-ти јуни е можност земјата да ја покаже посветеноста на европските вредности

Канал5 - 11.06.2008

Амбасадорите на сите земји-членки на Европската Унија акредитирани во Скопје пред малку издадоа заедничка изјава. Амбасадорите на сите земји-членки на Европската Унија акредитирани во Скопје пред малку издадоа заедничка изјава.

ДУИ, ДПА и ТМРО со 94 жалби

Вечер - 11.06.2008

ДУИ, ДПА и ТМРО поднесоа вкупно 94 жалби до Државната изборна комисија во врска по одлуката на комисијата да прифати дел од приговорите на политичките партии за парламентарните избори и да побара да се прегласува на повеќе избирачки места.

Милошоски гарантираше мирно прегласување

А1 - 10.06.2008

После силните критики од Брисел за изборите, шефот на македонската дипломатија дојде лично во седиштето на Унијата да гарантира пред разочараните европолитичари дека прегласувањето во недела нема да го запечати црниот имиџ на Македонија.

Назначени нови претседатели на шест општински комисии

А1 - 10.06.2008

Државната изборна комисија денеска назначи нови претседатели на шест општински изборни комисии - на Брвеница, Тетово, Боговиње, Гостивар, Липково и Сарај, сите од редовите на членовите на комисиите. Против ваквиот избор беше само заменик претседателот на комисијата од ДУИ Субхи Јакупи.

Полицијата на готовс на прегласувањето

Вест - 10.06.2008

Полицијата ќе биде максимално подготвена за прегласувањето на 15 јуни. Во МВР велат дека ќе бидат ангажирани сите капацитети на полицијата и ќе бидат сконцентрирани на местата каде што на први јули се случија инцидентите. "Ќе преземеме максимални мерки на безбедност уште пред отворањето на ...

Двата процента на Груевски станаа 10

Вест - 10.06.2008

ИЗБОРЕН ПРЕСВРТ ПО ПРОДОЛЖЕНИОТ ВИКЕНД НА ПРЕМИЕРОТ ВО ЊУЈОРК Премиерот Никола Груевски во првичната процена за изборите тврдеше дека нерегуларности имало само во два процента од избирачките места, а ДИК поништи над 10 отсто од изборните резултати Државната изборна комисија го повтори гласањето на ...

Пратеници ќе чуваат кутии

Време - 10.06.2008

НА ПРЕГЛАСУВАЊЕТО НА 15 ЈУНИ Пратениците на коалицијата „За подобра Македонија“ и видни членови на коалицијата „Сонце“ ќе учествуваат како набљудувачи на прогласувањето што ќе се одржи на 15 јуни. Со тоа партиите сакаат да придонесат повторното гласање да помине без инциденти и неправилности, за ...

Прегласувањето под микроскоп

Време - 10.06.2008

РАСТЕ СТРАВОТ ОД РЕПРИЗА НА НАСИЛСТВАТА Доколку прегласувањето на 15 мај не помине во целосно мирна и фер атмосфера, без никакви инциденти, крајната оценка за овие избори ќе биде многу лоша, а тоа сериозно ќе се одрази на евроатлантските аспирации на Македонија, порача мисијата на ОБСЕ.

Македонија на поправен испит пред светот

Утрински - 10.06.2008

Според аналитичарите, гласањето в недела мора да биде достоинствено без ниту еден инцидент Оливера Војновска Прегласувањето речиси на 200 гласачки места на кои минатиот пат имаше проблематични избори е шанса за Македонија да ја поправи грдата слика што му ја испративме на светот.

Дик разреши претседатели на шест општински изборни комисии

Утрински - 10.06.2008

Разрешени се претседателите во Тетово, Брвеница, Боговиње, Гостивар, Липково и Сарај Катица Чангова Државната изборна комисија ги изрече првите консеквенции за нерегуларностите од предвременото парламентарно соочување на 1 јуни.

Разрешени претседатели на изборни комисии

Дневник - 10.06.2008

ДИК им наложи на општинските комисии да ги разрешат членовите на избирачките одбори на избирачките места на кои имало изборни инциденти Државната изборна комисија вчера едногласно ги разреши од функција претседателите на општинските изборни комисии во Брвеница, Тетово, Боговиње, Гостивар, Липково и ...

Нови поништувања во „единицата“ и „шестката“

Дневник - 10.06.2008

Државната изборна комисија вчера дополнително го поништи гласањето во две избирачки места во општината Теарце и во едно во општината Студеничани, а дополнително ќе одлучи дали тоа ќе го стори и во две избирачки места во општината Сарај.

И пратеници ќе чуваат гласачки кутии

Дневник - 10.06.2008

Пратеници, високи партиски функционери и директори на јавни претпријатија ќе го набљудуваат прегласувањето на 15 јуни за да се избегне и најмала можност за изборни нерегуларности и инциденти, најавија од партиите. На 193 гласачки места во „единицата, „двојката“ и во „шестката“ ќе бидат распоредени ...

Мирно прегласување без инциденти

Канал5 - 10.06.2008

“Прегласувањето в недела да помине мирно и без дамка за да им се овозможи на сите граѓани слободно да излезат на гласање” - ова е пораката од денешната средба во Министерство за надворешни работи на амбасадорите на земјите членки на Европската Унија и на НАТО со министрите за надворешни и за ...

По жолчна расправа ДИК именуваше нови претседатели во 6 изборни комисии

Канал5 - 10.06.2008

Државната изборна комисија по неколкучасовна жолчна расправа успеа да именува претседатели во шест Општински изборни комисии, на местото на вчера разрешените. Неделното прегласување за предвремените парламентарни избори во Тетово, Гостивар, Сарај, Боговиње, Брвеница и Липково ќе го спроведуваат ...

Поништено гласањето на уште три избирачки места

Вечер - 10.06.2008

Со ова вкупниот број на избирачки места на кои е поништено гласањето се зголеми на вкупно 196 откако претходно бее поништено гласањето на 193 гласачки места во првата,втората и шестата изборна единица. На нив ќе прегласуваат околу 170.000 избирачи.

ДИК разреши шест претседатели на општински изборни комисии

А1 - 09.06.2008

ДИК поништи уште три нови избирачки места, две во Теарце и едно во Студеничани. Констатирани се нерегуларности, до ДИК не биле доставени записниците. „Денеска е приликата да ги поништиме за да можеме и за овие избирачки места да се повтори гласањето и да се подготви изборен материјал, како што се ...

Машала прегласување!

Време - 09.06.2008

ПОНИШТЕНО ГЛАСАЊЕТО ВО 193 ИЗБИРАЧКИ МЕСТА СО 170.000 ГЛАСАЧИ Околу 170.000 граѓани ќе имаат можност повторно да излезат на гласање, на прегласувањето на 15 јуни во 193 избирачки места. Одлуката наиде на спротивставени реакции од ДУИ и од ДПА.

На 15 јуни ново соочување ДПА - ДУИ

Вест - 09.06.2008

ДИК ГО ПОНИШТИ ГЛАСАЊЕТО НА 193 ИЗБИРАЧКИ МЕСТА На 15 јуни ќе се прегласува на 193 избирачки места од првата, втората и од шестата изборна единица. Поради нерегуларности на денот на изборите, на повторено гласање ќе излезат над 170 илјади избирачи.

Прегласувањето ќе решава за најмалку десет пратенички места

Утрински - 09.06.2008

Прераспределба на мандатите најмногу ќе има меѓу ДПА и ДУИ, а коалиција на ВМРО-ДПМНЕ може да загуби 1 место Светлана Унковска Прегласувањето што ќе биде спроведено в недела во Првата, Втората и во Шестата изборна единица на вкупно 193 гласачки места со запишани околу 170 илјади избирачи значително ...

Невистини за работата на ДИК

Утрински - 09.06.2008

(Демант на текстот објавен во бројот од 4 јуни 2008 година под наслов „ДИК се изгуби“) Тодор Пендаров Текстот содржи голем број неточности, па и навреди упатени кон Државната изборна комисија, но и кон нас како членови кои напорно работиме за успешно да го завршиме изборниот процес.

ДПА се жали, ДУИ ја фали ДИК

Дневник - 09.06.2008

Во ДУИ се надеваат дека по прегласувањето ќе добијат 20 мандати, а ДПА, која исто така верува во изборна победа , може да се откаже од изборите ако Врховниот суд не и' ги уважи жалбите Одлуката на ДИК да го поништи гласањето на 193 гласачки места беше поздравена од ДУИ и критикувана од ДПА.

ДИК ги разреши претседателите на шест општински изборни комисии – го прекршиле законот

Канал5 - 09.06.2008

Државната изборна комисија ги разреши претседателите на Општинските изборни комисии во Тетово, Гостивар, Липково, Сарај, Брвеница и Боговиње затоа што не работеле законски и не презеле доволно мерки да обезбедат регуларно гласање.

На 15 јуни ќе гласаат 170.000 жители

Вечер - 09.06.2008

Најмногу прегласување ќе има во шестата изборна единица. Таму ќе се гласа повторно на 127 избирачки места, односно 110.000 граѓани Околу 170.000 жители на 15 јуни ќе гласаат повторно. Државната изборна комисија донесе одлука да се прегласува на сите избирачки места на кои беа констатирани изборни ...

ДИК разреши претседатели на изборни комисии

Макфакс - 09.06.2008

Скопје Државната изборна комисија (ДИК) денеска го поништи гласањето на уште три избирачки места и ги разреши претседателите во шест општински изборни комисии на места на кои в недела ќе се прегласува. Поради нестручно работење и непреземање доволно мерки да обезбедат регуларно гласање на изборите ...

ЕУ/НАТО – прегласувањето мора да биде мирно

Макфакс - 09.06.2008

Скопје Прегласувањето в недела за парламентарните избори во Македонија да помине мирно и без дамка, за да им се овозможи на сите граѓани слободно да излезат на гласање. Ова е пораката што амбасадорите на државите членки на ЕУ и НАТО денеска на заедничка средба во Скопје им ја пренеле на министрите ...