TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Спасувајте ги луѓето од кризата, а не банките !

Телма - 26.11.2008

Високиот комесар за бегалци на ОН, Антонио Гутереш ги повика денеска светските влади да ги спасуваат луѓето од сиромаштија и војни, а не само банките од банкрот. Гутереш апелирање на светската заедница да не ги заборава сиромашните и загрозени луѓе, додека истовремено САД се обврзуваат дека ќе потрошат стотици милијарди долари за спасување на својата економија, а слични мерки преземаат и другите ...

Спасувањето на финансискиот сектор во САД поскапо од војните

Нетпрес - 26.11.2008

Помошта што Владата на САД ја “вбризга“ во својот финансиски сектор досега чинела повеќе од Маршаловиот план, купувањето на Луизијана, летот до Мсечината, воjните во Ирак, Виетнам и Кореја, сите досегашни буџети на НАСА и Њу Дил заедно. Доколку на оваа листа се додаде и спасувањето на банките на Ситигруп, што вклучува превземање на удел во банката за 20 милијарди долари и гаранција за стотина ...

Гутереш: Спасувајте ги луѓето, а не само банките

Кирилица - 26.11.2008

Гутереш апелирање на светската заедница да не ги заборава сиромашните и загрозени луѓе, додека истовремено САД се обврзуваат дека ќе потрошат стотици милијарди долари за спасување на својата економија, а слични мерки преземаат и другите држави.

Спасувајте ги луѓето, а не само банките!

Вечер Прес - 26.11.2008

Високиот комесар за бегалци на ОН, Антонио Гутереш ги повика вчера светските влади да ги спасуваат луѓето од сиромаштија и војни, а не само банките од банкрот. Тој го упати апелот поттикнат од фактот дека САД, на пример, се обврзуваат дека ќе потрошат стотици милијарди долари за спасување на својата економија, а слични мерки преземаат и другите држави.

САД ја спасуваат „Ситигруп“ со 20 милијарди долари

Утрински - 25.11.2008

„Ситигруп“ ја доби најновата помош откако минатата недела нејзините акции паднаа 60 отсто. ЊУЈОРК - Американската влада ја спасува корпорацијата „Ситигруп“, преземајќи на себе да протурка поголем дел од потенцијалните загуби од 306 милијарди долари од високоризичната актива и да инјектира нов капитал од 20 милијарди долари, што претставува досега најголемо спасување на една банка.

Светот го чека планот за спас на Обама

Алфа - 25.11.2008

Кратко траеше скокот на берзите, поттикнат од спасувањето на Ситигруп банката. Денеска берзите повторно варираат во очекување на деталите од спасувачкиот пакет на Обама, кој треба да се активира во јануари со доаѓањето на власт на новата американска администрација.

План за спас на “Ситигруп“

Макфакс - 25.11.2008

Американската Влада објави план за спасување на банкарскиот гигант “Ситигруп“ вложувајќи во закрепнување на оваа компанија 20 милијарди долари. Планот, што заеднички го објавија Министерството за финансии и Федералните резерви, има за цел помош на огромната банкарска институција чија пропаст би предизвикала катастрофа на веќе ослабените финансиски систем и економија на САД.

Спасувањето на Ситигруп донесе олеснување на берзите

Форум - 25.11.2008

Пакетот на американската влада за спас на некогаш најголемата банка на светот, Ситигруп, има позитивно влијание врз работењето на берзите. На берзата во Токио, денеска се бележи голем пораст на вредноста на хартиите од вредност. Претходно, Вол Стрит го заврши тргувањето со плус на индексот Дау Џонс од 4,9%. Уште поголемо е опоравувањето на германскиот индекс, Дакс. Тој се зголеми за повеќе од 10%.

Спас за Ситигруп

Н.Македонија - 25.11.2008

Американската администрација најави дека ќе обезбеди дополнителни 20 милијарди американски долари за поддршка на Ситигруп, откако акциите на банкарскиот гигант паднаа за речиси 60 отсто минатата недела. Исто така, администрацијата ќе ги гарантира потенцијалните загуби на банката до 306 милијарди долари, јави АФП.

САД и’ помага на „Ситигруп“, Британија ги намалува даноците

BBC - 24.11.2008

Американската влада најави нови чекори во своите напори против економското забавување, преку решението да му помогне на банкарскиот џин „Ситигруп". Британската влада пак најавува намалувања на даноците чија намера е да се поттикне потрошувачката.

20 милијарди долари за спас на „Ситигруп“

BBC - 24.11.2008

Американската влада најави дека ќе обезбеди 20 милијарди долари за поддршка на „Ситигруп“, откако акциите на банкарскиот гигант - кој дејствува во 100 земји - паднаа за речиси 60% минатата недела. Владата ќе гарантира и до 300 милијарди долари потенцијално ризичен залог и заеми. Овој договор е постигнат по разговорите во текот на викендот меѓу владини претставници, Сојузните резерви и „Ситигруп“.

Вашингтон ќе го спасува Ситигруп

Канал5 - 24.11.2008

Вашингтон со дваесет милијарди долари ќе го спасува Ситигруп откако акциите на банкарскиот гигант, кој работи во 100 земји, паднаа за речиси 60 насто минатата недела. Договорот е постигнат по разговорите меѓу владини претставници, сојузните резерви и Ситигруп. Парите ќе дојдат од пакетот за откупување, вреден 700 милијарди долари, што минатиот месец го одобри американскиот конгрес.

Дваесет милијарди долари за спас на Ситигруп

Канал5 - 24.11.2008

Американската администрација најави дека ќе обезбеди 20 милијарди долари за поддршка на Ситигруп, откако акциите на банкарскиот гигант, кој дејствува во 100 земји, паднаа за речиси 60 насто минатата недела, јави Би-Би-Си. Владата ќе гарантира и до 300 милијарди долари потенцијално ризичен залог и заеми.

Вашингтон со 20 милијарди долари ја спасува Ситигруп

Алсат-М - 24.11.2008

Американските власти донесоа план за спасување на финансискиот гигант Ситигруп. Вашингтон ќе вложи 20 милијарди долари во оваа втора најголема банка на светот, а како замена ќе добие нејзини акции. Покрај тоа, ќе бидат дадени гаранции за до триста милијарди долари од ризични кредити и акции. Пазарната вредност на компанијата минатиот петок беше околу 20 милијарди долари.

Вашингтон со дваесет милијарди долари ќе го спасува Ситигруп

Алфа - 24.11.2008

Американската администрација најави дека ќе обезбеди 20 милијарди долари за поддршка на Ситигруп, откако акциите на банкарскиот гигант, кој дејствува во 100 земји, паднаа за речиси 60 насто минатата недела, објавија светските агенции. Владата ќе гарантира и до 300 милијарди долари потенцијално ризичен залог и заеми.

Владата на САД ќе ја спасува Ситигруп

Нетпрес - 24.11.2008

Американската влада со финансиска инјекција од 20 милијарди долари ќе ја спасува банката Ситигруп. Исто така ќе гарантира и за стотици милијарди долари од нејзината ризична готовина. Заедничкиот план на министерството за финансии и Федералните резерви, има за цел реформирање на огромната финансиска институција, чие пропаѓање би предизвикало катастрофа во финансискиот систем.