Од утре желзничарите ќе ги блокираат пругите со жива сила. Тие и натаму бараат од владата пари за исплата на една плата како услов да го прекинат штрајкот. Во владата пак сеуште никој не сака да разговара со штрајкувачите од МЖ.
Македонски железници побара од Владата 4,2 милиони евра, пари што се стар, заостанат долг од Владата кон Железниците. Станува збор за пари што Владата, според законот за железници, морала да ги издвојува од буџетот секоја година за одржување на инфраструктурата.
СОЦИЈАЛНАТА СПОГОДБА С¦ УШТЕ БЕЗ ПОТПИС Синдикатот очекува во наредната недела со Владата да ја потпишат социјалната спогодба, вели Мато Симовски од ССМ Владата не расправала за најавата на синдикалниот лидер Ванчо Муратовски дека ќе организира голем штрајк, ако до 20 декември не се потпише ...
Меѓународните патнички и товарни возови веќе трети ден се под целосна блокада. Решение нема, иако штрајкувачите се постојано на отворена линија со директорот Стефановски. Тој и денеска им понудил на железничарите половина плата, колку што и реално има пари на сметката на Македонски железници.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Ванчо Муратовски, претседател на ССМ, во интервју за ?Актуел",зборувајќи за бранот штрајкови, вели дека на работниците едноставно им пукнал филмот и најавува генерален штрајк. Тој вели: "... Ако не се потпише социјалната спогодба меѓу 15 и 20 декември ќе направиме голем генерален ...
Продолжува блокадата на домашниот и на меѓународниот железнички сообраќај Уште три синдикални организации најавија приклучување кон штрајкот Железничкиот сообраќај во земјава вчера беше целосно блокиран, а така ќе биде и во наредниот период сў до исполнување на барањата на железничарите кои се ...
Штрајкот во Железница продолжува и по денешниот состанок на лидерите на петте синдикати со директорот Владимир Стефановски. Последната понуда на новиот директот била исплата на половина плата. Работниците, пак, не отстапија од барањето да добијат најмалку една од двете заостанати плати.
Синдикалниот лидер Ванчо Муратовски се заканува со масовни штрајкови, ако Владата наскоро не ја потпише социјалната спогодба со Синдикатот. Во интервјуто за неделникот „Актуел“, Муратовски генералниот штрајк го најавува помеѓу 15-ти и 20-ти декември.
ЖЕЛЕЗНИЧКИот СООБРАЌАЈ ВО ПРЕКИН Железничарите бараат Владата да обезбеди средства за две заостанати плати, а министерот за транспорт и врски вели дека во буџетот нема пари за плати Меѓународниот, патниот и товарниот железнички сообраќај во земјава од вчера изутрина е целосно парализиран, поради ...
Штрајкот во „Македонски железници" го блокира железничкиот сообраќај Патниците, наместосо воз, од Гевгелија до Табановце се превезуваат со автобуси Штрајкот на железничарите целосно го парализира меѓународниот железнички сообраќај преку македонско-грчката граница.
Вработените во Македонските железници денеска стапија во генерален штрајк, со што е во прекин локалниот и меѓународниот патнички и товарен сообраќај кон Грција и СР Југославија. 500-тини работници од машинскиот персонал од вкупно 3000 вработени во „Македонски железници“, по 42 дена делумен прекин ...
РАБОТНИЧКИ ПРОТЕСТИ ВО ФРАНЦИЈА Француските камионџии вчера почнаа да ги деблокираат главните сообраќајници откако не успеаја од Владата да издејствуваат зголемување на платите, но протестите веќе се проширија и тешко ги погодија јавниот сектор и авионскиот транспорт, јави Ројтерс.
ФРАНЦИЈА ПАРАЛИЗИРАНА ОД ШТРАЈКОВИ Франција вчера осамна парализирана - камионџиите поставија барикади на патиштата, авионските компании ги откажаа повеќето летови, а десетици илјади службеници во јавниот сектор најавија протестни маршеви, јави Ројтерс.
СОСТОЈБИ МАЈА ТОМИЌ Незадоволствата од социјално-економските услови продолжуваат, а потврда за тоа е фактот дека во Македонија во моментов се штрајкува во 16 претпријатија, со вкупно 8.054 вработени. Според најновите информации од ССМ, тече генералниот штрајк во АД ИГМ "Типо", каде што 1.300 ...
СИНДИКАЛНО НЕЗАДОВОЛСТВО Во најава се и нови штрајкови, а во ССМ шанса за смирување на тензиите гледаат во потпишувањето на социјалниот договор со Владата, кој на првиот синдикалец Муратовски му е ветен уште пред изборите Последниов месец Македонија ја потресува бран социјални штрајкови во кои, ...
Железничарите задутре ќе почнат целосен штрајк, решиле денеска двата синдикати на Македонски железници. Ваквата одлука штрајкувачкиот одбор ја донел бидејќи не било исполнето нивното основно барање за исплата на септемвриската плата.