TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Бучковски на предизборна посета на Струмица

А1 - 14.05.2006

Врвот на владеачката СДСМ на чело со лидерот Бучковски, денеска предизборно во Струмица. Посетата ја почнаа релаксирано, со кафе по кафулињата на познатата леблебиџиска улица. Денот им се погоди па го искористија убавото време и се прошетаа до Смоларските водопади.

Бучковски: Неопределените гласачи ќе го дадат победникот на претстојните избори

Канал5 - 14.05.2006

За нас е значајно е доближувањето до неопределените гласачи, бидејќи тие дефинитивно на овие избори ќе го дадат победникот, изјави лидерот на СДСМ и македонски премиер Владо Бучковски на денешниот работен состанок што Централниот изборен штаб на партијата и највисокото партиско раководство го одржа ...

Бучковски и Груевски со меѓусебни напади во Битола

А1 - 13.05.2006

Денеска во Битола вриеше како во кошница. Политичката атмосфера се повеќе се загрева. Дојде Бучковски, додели социјални станови, а потоа оствари средба со бизнисмените од млекарата. Дојде по него и Никола Груевски, кој ја промовираше изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ.

Црвенковски, Бучковски и Георгиевски повторно во триаголник!

Утрински - 13.05.2006

Предизборни интриги во политичкиот врв Најновата епизода со ВМРО-Народна силно одекна и фрли сенка врз помирувањето на Бучковски со Црвенковски Соња Крамарска Ламбе Арнаудов, директор на "Електростопанство на Македонија", Војо Михајловски повторно на чело на Фондот за здравство, Драган Даравелски ...

СДСМ ќе се шири за сметка на помалите партнери

Утрински - 12.05.2006

Планови Лидерот на СДСМ, Владо Бучковски, е оптимист за претстојните избори. Пред членовите на партискиот Централен одбор во средата најавил победа на изборите и освојување 40-ина пратенички места. Дел од неговите сопартијци вчера биле изненадени од говорот на Бучковски, имајќи предвид дека досега ...

Босански стопанственици го опипуваат пулсот на македонската економија

Утрински - 11.05.2006

Премиерот Бучковски се сретна со босанскиот колега Терзиќ Босанските цигари до 2007 година, во еден преоден период, ќе добијат третман на домашни производи во Македонија, со што ќе бидат ослободени од давачките што се плаќаат сега, најави премиерот Владо Бучковски по средбата со неговиот босански ...

Бучковски пресече лента за погон што ќе проработи во ноември

Време - 11.05.2006

ПРЕДИЗБОРНО ЗАГРЕВАЊЕ ВО ФЕНИ Билјана К. Наумова Предизборно вчера премиерот Владо Бучковски беше во Кавадарци, пресече лента за производствена линија во ФЕНИ-индустри што треба да почне дури за четири месеци. Производството на фероникел се очекува да почне во ноември.

Владина помош за „Повардарие“

Утрински - 11.05.2006

Бучковски Во врска со случувањата во "Повардарие", премиерот Бучковски рече дека Владата побарала од менаџерскиот тим да изготви санациска програма врз чија основа државата ќе помогне во делот на долгови спрема УЈП и ФПИО. Ќе се разгледува можноста и неготинската визба да добие помош слична на ...

Започна реконструкцијата на втората печка во "Фени"

Утрински - 11.05.2006

Кавадаречкиот комбинат почна инвестиција од 25 млн. евра КАВАДАРЦИ - Вчера со свеченост започна реконструкцијата на втората технолошка линија во "Фени индустри", која првпат од своето постоење ќе започне со работа. Нејзиното загревање ќе започне во септември, а со производство на фероникел се ...

Босанските цигари - домашен производ од 2007 година

Вест - 11.05.2006

МАКЕДОНСКИОТ И БОСАНСКИОТ ПРЕМИЕР ЈА ПОПРАВАА МЕЃУСЕБНАТА ТРГОВИЈА Премиерот Владо Бучковски вчера во Скопје му беше домаќин на претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Аднан Терзиќ. Разговарале за коригирање на маните на Спогодбата за слободна трговија помеѓу двете земји, а во ...

Првпат во „Фени“ ќе проработи втората печка

Дневник - 11.05.2006

Кавадаречкиот комбинат „Фени индустри“ вчера ја почна реконструкцијата на втората технолошка линија, а лентата ја пресече премиерот Владо Бучковски Кавадаречкиот комбинат „Фени индустри“ вчера ја почна реконструкцијата на втората технолошка линија, а лентата ја пресече премиерот Владо Бучковски.

Не ни ги царинете цигарите

Вечер Прес - 11.05.2006

Босанските цигари ќе имаат ист третман како и домашните до крајот на идната година, најави вчера премиерот Бучковски по средбата со неговиот босански колега Аднан Терзиќ. Босанската влада била лута на македонската бидејќи нивните цигари не биле третирани во земјава исто како хрватските.

СТАРТ НА ВТОРАТА ТЕХНОЛОШКА ЛИНИЈА

Вечер Прес - 11.05.2006

Во Кавадарци вчера почна реконструкцијата на втората технолошка линија на "ФЕНИ индустри". Компанијата е меѓу најрентабилните во земјата и претставува пример за успешно работење, истакна премиерот Бучковски и додаде дека реконструкцијата на втората технолошка линија на ФЕНИ се реализира по повеќе ...

Бучко на изборите ќе игра со првата петорка на СДСМ

Вест - 10.05.2006

Премиерот Владо Бучковски вчера и ја претстави на јавноста првата петорка на СДСМ, која ќе ја води владеачката партија на претстојните парламентарни избори во јули. Носители на изборните листи на коалицијата "За Македонија заедно" освен Бучковски, како претседател на партијата, ќе бидат партиските ...

СДСМ ветува европска Македонија

Дневник - 10.05.2006

Кандидатскиот статус, признавањето на уставното име од САД, безбедносната состојба, децентрализацијата, успешната приватизација на ЕСМ дистрибуција, вториот пензиски столб ќе бидат изборни адути на коалицијата „За Македонија заедно“ Со нашето искуство, знаење и енергија ќе направиме нешто што ...

СДСМ ќе освојува со „100 проценти за Македонија“

Време - 10.05.2006

ВЛАСТА СИ ИЗБРА НОСИТЕЛИ И МОТО Четворицата министри што ќе бидат носители на листи на СДСМ нормално ќе си ги извршуваат своите обврски во Владата, а во партискиот штаб, чиј шеф е Илија Илоски, ќе работат по 15 часот, вети премиерот Владо Бучковски.

Бучковски најави „продуктивен популизам" за кампањата

Утрински - 10.05.2006

СДСМ го промовира ударниот тим за претстојните парламентарни избори Проектот „3Е - економија, едукација, Европа“ ќе го турка „првата екипа“ на партијата - Владо Бучковски, Радмила Шекеринска, Илинка Митрева, Никола Поповски и Јани Макрадули Проектот "3Е - економија, едукација, Европа", со кој ...

Познати носителите на кандидатските листи од СДСМ

А1 - 09.05.2006

Социјалдемократите се уште не ги откриваат картите во која изборна единиц како носители на листите, персонално ќе се распореди првата петорка: Бучковски, Шеќеринска, Митрева, Поповски и Макрадули. Одговорот дефинитивно ќе се знаел на завршната промоција на крајот од месецов.

Пратеници на СДСМ лути на партискиот врв

Дневник - 09.05.2006

Дел од пратеничката група на СДСМ не се задоволни од начинот на кој партиското раководство ги избира носителите на изборните листи и кандидатите за пратеници Дел од пратеничката група на СДСМ не се задоволни од начинот на кој партиското раководство ги избира носителите на изборните листи и ...

СДСМ ги знае носителите но не и распоредот кој каде во која изборна единица

Канал5 - 09.05.2006

Врвот на СДСМ одлучи да тактизира до крајот на мај – тогаш ќе објавел која изборна единица ќе ја предводи Бучковски, Шекеринка, Поповски, Митрева и Макрадули. Врвот на СДСМ одлучи да тактизира до крајот на мај тогаш ќе објавел која изборна единица ќе ја предводи Бучковски, Шекеринка, Поповски, ...

СДСМ ги дефинира носителите на листите, распоредот останува тајна

Утрински - 09.05.2006

Владејачката партија пред финална одлука за главните адути во предизборната кампања Врвот на СДСМ речиси постојано заседава во потрага по решенија кој да биде на чело на листите БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Владејачкиот СДСМ с? уште тактизира со имињата на носителите на изборните листи во шесте единици.