TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Нова офанзива против Ал Каеда во Ирак

Утрински - 09.01.2008

БАГДАД - Американски и ирачки сили вчера започнаа серија операции против Ал Каеда во Ирак, по порастот на самоубиствените напади за кои американските команданти истакнуваат дека се обид на милитантната група да го разгори секташкото насилство.

Во Турција последната седмица биле уапсени 38 лица осомничени за поврзаност со Ал Каеда

Канал5 - 08.01.2008

Во Турција минатата седмица се уапсени 38 лица, осомничени за поврзаност со меѓународната терористичка мрежа Ал Каеда, соопшти турската полиција. Вкупно 35 осомничени се уапсени во Ван, во Источна Турција, двајца во Адан, во јужниот дел на земјата и еден во Истанбул.

Голема офанзива против „Ал Каеда“ во Ирак

Макфакс - 08.01.2008

Багдад Американските и ирачките сили денеска ја започнаа големата офанзива „Фантом Феникс“ против целите на „Ал Каеда“ во Ирак, со што се возвраќа на новите самоубиствени бомбашки напади со кои што терористите сакаат да го поттикнат насилството меѓу сектите.

Американската војска употреби пет тони муниција против Ал Каеда

Макфакс - 08.01.2008

Багдад Американската авијација денеска повторно јужно од Багдад бомбардираше позиции на ирачкиот огранок на Ал Каеда, употребувајќи пет тони муниција. Информацијата ја соопшти американската војска, која не појаснува дали во нападите има и жртви.

Во Багдад убиен еден од сунитските лидери кој се бореше против Ал Каеда во Ирак

Канал5 - 07.01.2008

Најмалку 14 лица, меѓу кои и Ријад ал Самарај, еден од водечките сунитски племенски лидери во Ирак, мобилизирани од американската армија во борбата против Ал Каеда, се убиени денеска во двоен самоубиствен атентат во Багдад, соопштија од ирачкото Министерство за внатрешни работи.

Ирак во “завршна битка“ против Ал-Каеда

Макфакс - 07.01.2008

Moсул Ирачката Влада најави “завршна битка“ против Ал-Каеда во Мосул каде пристигнаа голем број на војници, опрема и блиндирани возила. “На барање на командантот во Мосул, испративме бројни војници, возила и тенкови“, изјави портпаролот на ирачкото Министерството за одбрана, генералот Мохамед ...