TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Повторно американски напад врз пакистанска територија

Канал5 - 22.11.2008

Претставници на пакистанската разузнавачка агенција денеска соопштија дека најверојатно американска ракета убила петмина борци во северозападен Пакистан. Нападот е извршен во градот Али Хел, Северен Вазаристан при што е погодена куќа на локален командант во која имало и странци.

Бритаски милитант убиен во Пакистан

Алсат-М - 22.11.2008

Британскиот државјанин Рашид Рауф кој се смета за еден од лидерите на Ал Каеда е убиен во Пакистан. Рауф е еден од петте убиени во нападот, за кој се претпоставува дека бил извршен од американско беспилотно летало во пакистанскиот регион Северен Ваџиристан. Рашид Рауф е Британец со пакистанско потекло и се смета дека е еден од .

Исламабад: Убиен главниот осомничен за заговор за бомбашки напад на авион на линија Лондон-Вашингтон

Р.С.Европа - 22.11.2008

Според извештаите од Пакистан осомничениот главен планер за транс-атланскиот бомбашки напад во 2006 година е убиен во денешниот ракетен напад извршен веројатно од американско без пилотно летало во пакистанската област Северен Вазиристан на границата со Авганистан.

Најмалку 10 загинати во бомбашки напад во Пакистан

Алсат-М - 21.11.2008

Најмалку 10 луѓе загинаа, а ранети се 40 во бомбашки напад извршен денеска во североисточниот пакистански град Дера Исмаил Хан, пренесуваат агенциите. Нападот бил извршен за време на погреб на еден шиитски муслиман. По нападот имало и престрелка околу болницата во која што биле донесени починатите и ранетите луѓе, а полицијата употребила солзавец за да воспостави ред, јавуваат новинари и очевидци.

Исламабад: Најмалку десет лица загинале во бомбашки напад на погреб во Пакистан

Р.С.Европа - 21.11.2008

Во бомбашки напад на еден погреб во северо-источен Пакистан, загинале најмалку 10 лица, а 40 биле повредени. По експлозијата имало и престрелка околу болницата каде што биле пренесени повредените, јавуваат ...

Пакистан реагира поради американските напади

Алсат-М - 20.11.2008

Пакистанските власти ја свикаа американската амбасадорка во земјата и формално протестираа поради американските ракетни напади изведени со безпилотно летало врз цели на пакистанска територија. Ваквиот потег следува откако вчера во нов напад за кој повторно се обвинуваат американските сили загинаа пет лица.

Американската војска уби шест милитанти во Пакистан

Вест - 20.11.2008

ИСЛАМАБАД, 20 ноември (Ројтерс) - Во американски ракетен напад врз село во внатрешноста на пакистанска територија загинаа шест милитанти. Ова укажува на решеноста на САД да ги гони бунтовниците и надвор од границите на завојуваните племенски региони. Нападот беше последен во серијата на меѓугранични напади во милитантниот северозапад на државата ви последните три месеци.

Американците водат војна и во Пакистан

Телма - 19.11.2008

Пакистан и САД започнаа координирана операција против бунтовници по пакистанско-авганистанската граница, јави АФП. - Во т.н. „Операција лавовско срце“ учествуваат американски и авганистански сили, како и пакистански погранични полицајци, изјави полковникот Џон Спицер од американските копнени сили во Авганистан.

САД и Пакистан започнаа заедничка операција против бунтовници по пакистанско-авганистанската граница

Канал5 - 19.11.2008

Пакистан и САД започнаа координирана операција против бунтовници по пакистанско-авганистанската граница, јави АФП. - Во т.н. „Операција лавовско срце“ учествуваат американски и авганистански сили, како и пакистански погранични полицајци, изјави полковникот Џон Спицер од американските копнени сили во Авганистан.

Исламабад: Американските сили истрелале два проектила врз северо западен Пакистан

Р.С.Европа - 19.11.2008

Пакистански претставници соопштија дека американските сили истрелале два проектила врз северо-западниот дел на Пакистан, при што биле убиени најмалку 4-ца милитанти. Американски безпилотни летала во повеќе наврати стрелаат врз позиции на милитантите на пакистанска територија, а Пакистан протестираше поради нарушувањето на неговиот ...

Пакистанските хакери ќе бидат осудувани на смрт

Нетпрес - 18.11.2008

Во Пакистан ќе бидат ликвидирани или осудени на доживотен затвор сите компјутерски хакери кои се наречени како “хибернетски хакери“. Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари донел одлука сите хакери што се обвинети за хибернетички тероризам или тие кои придонесуваат за смрт на други лица, да бидат осудени со доживотен затвор или смртна казна.