TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Нема одлука за отворање на оштетената црна кутија

Утрински - 19.01.2008

Тројцата истражни судии кои раководат со истрагата што се води по падот на армискиот хеликоптер, во кој загинаа единаесетмина припадници на Армијата на Македонија, ниту вчера не донесоа одлука дали и кога ќе бидат преслушани црните кутии кои се' уште се чуваат во судот.

Воздухопловни експерти ја преслушуваа комуникацијата

А1 - 18.01.2008

Воздухопловни експерти денеска ја преслушуваа снимената комуникација меѓу пилотот и контролата на летање и податоците од радарот на скопскиот аеродром за летот на армискиот хеликоптер. Истражната комисија бара нивно мислење за можните причини за хеликоптерската несреќа.

Со парите за надградбата на хеликоптерите ќе си купевме три нови

Време - 18.01.2008

КОНКУРЕНТСКА ПРЕСМЕТКА ИЛИ СОМНИТЕЛНА ЗДЕЛКА? Алекандар Божиновски Со 22-те милиони евра што државата ги платила за електронска надградба на шест хеликоптери, можеле да се купат три нови, произлегува од сегашниот ценовник на руската фабрика „Мил“.

Црните кутии ќе се читаат во странство

Дневник - 18.01.2008

Истражните органи ќе разговараат и со рускиот производител на хеликоптерот и со израелската компанија што ја вгради електронската опрема Записот на црните кутии на урнатиот хеликоптер „Ми-17“ на АРМ не е уништен и најверојатно ќе се чита во странство, а во истрагата ќе се разговара и со ...

Бучковски: човечки фактор Поповски: технички дефект

Време - 18.01.2008

БИВШИТЕ МИНИСТРИ ЗА ОДБРАНА ЗА ПАЃАЊЕТО НА ХЕЛИКОПТЕРОТ „МИ-17“ Елизабета С. Илиевска Паѓањето на воениот хеликоптер „МИ-17“, при што загинаа 11 припадници на македонскиот контингент кој учествува во мировната мисија АЛТЕА во Босна и Херцеговина, го отвори прашањето за тоа колку Македонија е ...

Истрагата ќе прави симулација за да утврди како паднал хеликоптерот

Канал5 - 18.01.2008

Армискиот хеликоптер летал со неисправни инструменти за одредување на висина. Затоа дежурниот контролор, неколку пати проверувал на која висина е леталото и му давал координати. Армискиот хеликоптер летал со неисправни инструменти за одредување на висина.

Оштетена клучната црна кутија од хеликоптерот

Утрински - 18.01.2008

Министерството за одбрана се сретна со семејствата на загинатите мировници, при што им понуди вработување и станови Од двете пронајдени црни кутии на армискиот хеликоптер што се урна кај Блаце, како резултат на експлозијата, најверојатно, е оштетена кутијата со техничките карактеристики на ...

Хеликоптерот беше беспрекорно исправен!

Вечер Прес - 18.01.2008

Хеликоптерот леташе стотина часа годишно. Од последниот ремонт немаше искористено ниту третина од ресурсите, велат во Армијата Паднатиот хеликоптер МИ-17 бил во одлична техничка состојба, со само третина искористени ресурси, дознава ВЕЧЕР.

Трае истрагата за падот на хеликоптерот

А1 - 17.01.2008

Зошто контролата на летање наложила армискиот хеликоптер да сврти уште еден круг над катлановско Блаце и да се спушти на 600 метри, кога пилотот пријавил дека не е сигурен во исправноста на инструментите? Зошто пилотот не бил поексплицитен? Дали била направена грешка и од контролата на летање? Ова ...

Пилотите неколку пати алармирале за неисправноста на хеликоптерите

Канал5 - 17.01.2008

Пилотите од воздухопловниот ВИНГ на АРМ повеќепати алармирале за неисправност и за несоодветно одржување на хеликоптерите. Според информации на Канал 5, последните неколку години пилотите на АРМ реагирале до командата на воздухопловството и до Генералштабот дека се неопходни сеопфатни технички ...

12 години не се школуваа воени пилоти

Вест - 17.01.2008

НЕБОЈША АНТИЌ ПЕНЗИОНИРАН ПИЛОТ НА ХЕЛИКОПТЕР УКАЖУВА НА ПРОПУСТИТЕ ВО ВОЕНОТО ВОЗДУХОПЛОВСТВО Во овој момент имаме многу млади и неискусни пилоти а искусните не се доволно созреани. Обуката на пилотите на хеликоптер не обезбедува таков квалитет во сложени метео услови да ги извршуваат сите задачи.

Ако е точен транскриптот, хеликоптерот е погрешно наведуван

Дневник - 17.01.2008

Направени се сериозни грешки во наведувањето на хеликоптерот „Ми-17“ на АРМ, кој се урна во саботата, ако е автентичен објавениот транскрипт од разговорот помеѓу пилотот и контролата на летање, тврдат воздухопловни експерти. Истражниот тим ја оспорува веродостојноста на извадокот од разговорот, ...

Се бара кртот кој дава податоци од истрагата

Утрински - 17.01.2008

Истражните судии останаа затечени откако медиумите почнаа да објавуваат транскрипти кои уште не се преслушани Надлежните институции го бараат кртот кој издава податоци од истрагата. Истражните судии и Комисијата која работи на расветлување на трагичната несреќа, одлучија да работат зад затворени ...

Не се знае кој го сервисирал хеликоптерот

Утрински - 17.01.2008

Лани во Министерството за одбрана останале непотрошени десет млн. евра наменети за набавки во Армијата СВЕТЛАНА УНКОВСКА Истрагата што треба да се прошири околу набавките и за тоа дали навремено биле вршени сервисирање и ремонт на хеликоптерите на АРМ треба да покаже во каква состојба било леталото ...

Летале 280 метри пониско!

Време - 17.01.2008

НЕОФИЦИЈАЛНИ СОЗНАНИЈА ЗА ХЕЛИКОПТЕРСКАТА НЕСРЕЌА Мери Јордановска Стојанка Митреска Инструментот што го мери притисокот не бил наместен на апсолутната висина (односно на притисокот на скопскиот аеродром) и од тие причини хеликоптерот летал 280 метри пониско од она што го покажувал висиномерот, ...

Истражните судии прв пат ги слушнаа лентите

Вест - 17.01.2008

ВО КОНТРОЛНАТА КУЛА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ Тројцата истражни судии од Основниот суд 1 во Скопје вчера прв пат ги слушнаа лентите на кои е снимена последната комуникација на пилотот на хеликоптерот "Ми -17" со контролорот на летање на Скопскиот аеродром пр Тројцата истражни судии од Основниот суд 1 ...

Надградбата на македонските хеликоптери е опасна!

Време - 17.01.2008

ПРОИЗВОДИТЕЛОТ НА МИ -17 НАВРЕМЕ ПРЕДУПРЕДИЛ Александар Божиновски Транспортниот хеликоптер Ми-17, кој се урна во саботата, бил надграден со електронска опрема од израелската компанија „Елбит“, која е опасна за нормалното функционирање на леталото, предупредиле од руската фабрика „Мил“, ...

Заглавен висинометар и оштетени црните кутии на урнатиот МИ-17?!

Вечер Прес - 17.01.2008

Се уште не се знае што се случувало во хеликоптерот од последната комуникација меѓу пилотот и контролата за летање во Скопје во 12 часот 12 минути до моментот на падот на хеликоптер МИ- 17. Како што веќе објави ВЕЧЕР две ленти кои ја снимиле работата на инструментите и разговорот во хеликоптерот се ...

Останува тајна што се случувало пред хеликоптерската несреќа

А1 - 16.01.2008

Останува тајна што се случувало пред хеликоптерската несреќа. Од снимената комуникација меѓу пилотот и контролата за летање во Скопје не може да се заклучи што се случувало од 12 часот 12 минути и 16 секунди до моментот на падот на армискиот хеликоптер.

Последно испраќање на загинатите во Бутмир

А1 - 16.01.2008

Со почесен плотун, звуците на македонската химна и почесен прелет на хеликоптерите на ЕУФОР над Сараево, во базата Бутмир војниците на мировните меѓународни сили се збогуваа со своите трагично загинати македонски колеги. Проштален говор одржа командантот за македонскиот хеликоптерски детачмент, ...

Истражните органи целосно ја затворија истрагата

Канал5 - 16.01.2008

Tимот судски истражители денеска ги распрашувал осумте припадници на воздухопловниот тим на АРМ што беа дел од мисијата Алтеа, а кои во понеделникот се вратија од Босна и Херцеговина. Од нив барале одговори за тоа каде и кога летал хеликоптерот, чии војници пренесувал и кој го одржувал леталото.

Пилотот се посомневал во исправноста на инструментите

Дневник - 16.01.2008

Се' уште не е одлучено каде ќе се читаат податоците од трите црни кутии, од кои две се сериозно оштетени Пилотот на армискиот хеликоптер „Ми-17“ во финалната фаза од слетувањето на контролорот на летот му пријавил дека не е 100 отсто сигурен во информациите што ги добива од инструментите во ...

Во странство ќе се испитува дали имало диверзија

Вест - 16.01.2008

ОСТАТОЦИТЕ ОД ХЕЛИКОПТЕРОТ ЌЕ СЕ ИСПРАТАТ НА БАЛИСТИЧКА АНАЛИЗА Остатоците од хеликоптерот "ми-17" ќе бидат пратени на вештачење во странство за да се отстранат шпекулациите кои се појавија во некои странски медиуми дека бил намерно урнат во терористички напад, дознаваме од армиски извори.

Руските хеликоптери - „летачки ковчези“

Време - 16.01.2008

КОЛКУ СЕ БЕЗБЕДНИ ЛЕТАЛАТА ОД СОВЕТСКИОТ БЛОК Леталата од поранешниот Советски Сојуз, без оглед дали се работи за воени или за патнички, имаат неславен прекар на „летачки ковчези“, поради честите несреќи кои им се случуваат. На несреќата на македонскиот хеликоптер „МИ-17“, во која загинаа 11 ...

Сочувство од Обединетата македонска дијаспора

Дневник - 16.01.2008

Обединетата македонска дијаспора, организација на Македонците во САД, вчера изрази сочуство за загинувањето на единаесетте припадници на АРМ во хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце. - Нивното учество во мисијата на ЕУ во Босна и Херцеговина е тестамент за прогресот што го направи Република ...

Хеликоптерот имал проблем со висината и со притисокот

Утрински - 16.01.2008

Крунските докази кои треба да ја разјаснат трагедијата завчера беа разгледувани шест часа од истражните органи „Имаме проблеми со висината и со притисокот!“ Ова е последната реченица која пилотот на воениот хеликоптер „МИ-17“ ја упатил до Контролата на летање, пред да се урне во селото Блаце, при ...

Истрагата мора да дојде до вистината

Утрински - 16.01.2008

ЕДИТОРИЈАЛ ГОРДАНА ДУВЊАК Македонија вчера достоинствено се прости со единаесетте трагично загинати војници во хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце. На своето последно патување во вечноста, македонските херои на мирот беа испратени со највисоки државни и воени почести, токму онака како што ...

Пилотот и контролорот комуницирале на македонски и англиски

Вест - 16.01.2008

СПРОТИВНО НА ВОЗДУХОПЛОВНИТЕ ПРАВИЛА Во комуникацијата во воздухопловството висината се искажува во фити, но пилотот на хеликоптерот и контролорот на летање ја искажувале во метри Според неофицијални информации од Контролата на летање на Скопскиот аеродром, хеликоптерот на АРМ, непосредно пред ...

Дали била одобрена надградбата на хеликоптерот?

Дневник - 16.01.2008

Дали системите вградени во хеликоптерот „Ми-17“ биле одобрени од производителот на леталото, како што налагаат меѓународните правила? На ова прашање „Дневник“ се' уште чека одговор од израелската компанија „Елбит“ и од Министерството за одбрана.

За трагично загинатите војници комеморативна седница денеска се одржа во базата Бутмир

Канал5 - 16.01.2008

Со знамиња на пола копје и достоинствена церемонија во базата Бутмир војниците од сите контингенти на ЕУФОР во мисијата Алтеа им оддадоа почит на 11-темина трагично загинати војници во хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце.

Како се набавувале делови за хелихоптерот ми-17 кој падна кај Блаце

Канал5 - 16.01.2008

Како и какви делови се набавувани за хеликоптерот ми-17 кој се урна кај катлановско Блаце, се водело ли сметка за сите прописи – целокупната документација од министерството за одбрана и генералштабот ќе ја проверува тимот истражни судии кој работи на утврдување на причините за несреќата.

„Направи холдинг и сврти два-три круга!“

Време - 16.01.2008

ШТО СОДРЖИ СНИМКАТА НА РАЗГОВОРОТ МЕЃУ ПИЛОТОТ И КОНТРОЛОРОТ? Мери Јордановска „Барање за враќање“... „Барање за враќање“... „Барање за враќање“... Точно 11 пати (по 12 часот и 13 минути) контролорот на летање му се обраќал на пилотот на хеликоптерот што во неделата се урна во катлановско Блаце и ...

Едната црна кутија е целосно изгорена, другата оштетена!

Вечер Прес - 16.01.2008

Извори од АРМ пак велат дека не се работи за класични црни кутии, туку се работи за ленти на кои се снима разговорот, па откако тие ленти ќе бидат полни, се презема материјалот, се чисти меморијата и повторно се употребуваат.

ЕУФОР го сервисирал хеликоптерот

Вечер Прес - 16.01.2008

Хеликоптерот имал 6 различни инструменти за мерење висина и сите тие работеле на различен принцип. Затоа откажување на некој од нив не може да биде причина за несреќата, тврдат пилоти Хеликоптерот "Ми-17" кој во саботата се урна кај катлановското село Блаце бил под редовен технички надзор на ...

Италијанскиот амбасадор изрази сочувство за војниците

А1 - 15.01.2008

Амбасадорот на Италија во Македонија, Донатино Маркон, изрази сочувство за загинувањето 11 војници на АРМ во хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце. „Во мое и во име на Владата на Италија би сакал да изразам сочувство и да ги пренесам чувствата на солидарност за загинатите во трагичната ...

Солана: Европа нема да ја заборави жртвата за мирот

А1 - 15.01.2008

Еврокомесарот за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана денеска преку А1 телевизија изрази сочувство за трагичната загуба до целата македонска нација, народите на Македонија и семејствата на трагично загинатите. Европа никогаш нема да ја заборави големата жртва што ја даде Македонија за ...

Преслушана комуникацијата меѓу пилотот и контролата на летање

А1 - 15.01.2008

Во 12 часот 12 минути и 15 секунди прашање од контролата на летање: „Која висина имате“? Една секунда подоцна следи одговор од пилотот на хеликоптерот: „800 метри“. Во 12 часот 12 минути и 22 секунди, последна инструкција од контролата на летање: „Слободно снижувајте на 600 метри“.

Припадниците на АРМ починале од повредите при уривањето

Време - 15.01.2008

ИСТРАГА ЗА НЕСРЕЌАТА НА АРМИСКИОТ ХЕЛИКОПТЕР Мери Јордановска Институтот за судска медицина ја завршил идентификацијата на телата на 11-те загинати припадници на АРМ. Смртта на војниците настапила како последица на механичките повреди при падот на хеликоптерот „Ми-17“.

Српска „Политика“ шири теории на заговор

Време - 15.01.2008

ПО УРИВАЊЕТО НА АРМИСКИОТ „МИ-17“ Српскиот весник „Политика“ и во новиот број продолжува со изнесување теории на заговор околу уривањето на армискиот хеликоптер „МИ-17“. Прв се јави српскиот воен аналитичар Мирослав Лазански, кој во интернет-изданието на „Политика“ пишува под наслов „Дали ...

Имам проблеми со притисокот и висината

Канал5 - 15.01.2008

Пилотот на армискиот хеликоптер неколку минути пред да се урне ја известил контролата на летање дека има проблеми со притисокот и висината и дека не работи системот за слетување по инструменти. Ова го покажува комуникацијата помеѓу пилотот и контролорот снимена на ленти во Контролата на летање.

Многу неодговорени прашања за „МИ-17“

Утрински - 15.01.2008

ЕДИТОРИЈАЛ СОЊА КРАМАРСКА Вообичаено е секогаш кога ќе се случи несреќа со летало да се отворат прашања за неговата исправност, старост и редовното сервисирање, иако, во светската воздухопловна историја се случувало да паднат и најсофистицирани летала.

Босна, по несреќата на Трајковски, сега жали за 11 македонски војници

Утрински - 15.01.2008

Сараево Електронските медиуми во неделата навечер опширно известуваа од местото на трагичниот настан кај Скопје Од нашиот известувач БУДО ВУКОБРАТ САРАЕВО - Цела Босна и Херцеговина, и трет ден по трагедијата што се случи со македонскиот хеликоптер и ужасната смрт на 11-темина пријатели кои беа во ...

Македонија загуби единаесет херои

Дневник - 15.01.2008

Тие луѓе не беа случајно избрани да ја претставуваат Македонија во меѓународна мисија во друга држава, тие беа врвни професионалци, рече претседателот Црвенковски Трагедија, голема трагедија не' снајде! Ова беа единствените зборови што вчера можеа да ги изговорат семејствата на единаесеттемина ...

Започна отворањето на црните кутии

Утрински - 15.01.2008

Истрагата се пресели на скопскиот аеродром, каде што ќе се преслушуваат црните кутии ЉУБИША СТАНКОВИЌ ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА Во воениот дел на аеродромот „Александар Велики“ вчера попладне започна отворањето на црните кутии и разгледувањето на податоците што ги содржат.

Војниците на АРМ ги чистат остатоците од пеколот кај Блаце

Утрински - 15.01.2008

Деловите од распарчениот хеликоптер се носат во воен хангар во близина на Скопје ГОРАН АДАМОВСКИ БЛАЦЕ - Скопското село Блаце е под големиот печат на огромната трагедија на македонските војници. Воздухот е тежок, патот е каллив, а ситните капки дожд како да паѓаат точно во душите на тие што ...

Ден на жалост

Вест - 15.01.2008

ДЕНЕСКА ЌЕ БИДАТ ПОГРЕБАНИ 11-ТЕ МИРОВНИЦИ Во Домот на АРМ во Скопје вчера се одржа комеморативна седница за припадниците на АРМ кои загинаа при падот на армискиот хеликоптер во саботата кај Катланово. Во Домот на АРМ во Скопје вчера се одржа комеморативна седница за припадниците на АРМ кои загинаа ...

Загубивме патриоти со големи срца

Време - 15.01.2008

КОМЕМОРАЦИЈА ЗА ЗАГИНАТИТЕ ПРИПАДНИЦИ НА АРМ Република Македонија во својата понова историја не памети и нема доживеано ваква трагична загуба на припадници на своите безбедносни сили. Единаесетте загинати припадници на АРМ се херои што со својата човечност, професионализам, посветеност, скромност и ...

Хеликоптерот чекал да слета патнички авион

Дневник - 15.01.2008

Хеликоптерот бил подготвен за слетување, но добил наредба да почека, бидејќи во исто време на аеродромот „Александар Велики“ требало да слета и авион наМАТ,кој доаѓал од Цирих Хеликоптерот на АРМ непосредно пред слетувањето добил наредба да почека и да му даде предност на патничкиот авион кој ...

Нема зборови што може да дадат утеха

Утрински - 15.01.2008

Роднините на загинатите војници, скршени од болка, не можеа да поверуваат во трагичната судбина на своите најмили Плач, врисоци, огромна загуба, неизмерна болка и тага беше насобрана вчера во Домот на АРМ. Пребледени лица на мајки и татковци, сопруги, деца, браќа и сестри, блиски роднини, свиткани ...

Војниците починале од удар, не од оган

Дневник - 15.01.2008

Сите војници загинале мошне брзо, од механички повреди, пламенот не бил причина за смртта, изјави директорот на Институтот за судска медицина Единаесеттемина војници загинале од тешките повреди при падот на хеликоптерот, а не од изгореници, утврдиле вештаците од Институтот за судска медицина и ...

Војниците починале од механички повреди

Вечер Прес - 15.01.2008

"Обдукцијата на сите единаесетмина заврши понеделникот вечерта околу 20 часот, утврдивме дека смртта кај припадниците на АРМ настанала поради трауматичен шок, што поточно значи дека по добиените механички повреди врз нивните тела војниците многу брзо починале", изјави за ВЕЧЕР Алексеј Дума, ...

Продолжува истрагата за армискиот хеликоптер

А1 - 14.01.2008

Денеска повторно е преслушувана снимената комуникација меѓу пилотот на армискиот хеликоптер со контролата на летање во Скопје и разговорот со дежурниот синоптичар пред летот. Останува нешто нејасно со висината на хеликоптерот.

Комеморација за загинатите припадници на АРМ

А1 - 14.01.2008

Лелек и тага до немоќ по 11-те загинати македонски мировници. Македонија загуби врвни армиски професионалци. Домот на АРМ беше претесен да ги прими роднините, колегите на денешната комеморација за трагично загинатите. Беа врвни на работното место, единствени во нивните домови, се сведочењата на ...

Никој не знае зошто се урна хеликоптерот

Утрински - 14.01.2008

Шок и тага по стравотната несреќа во која загинаа 11 војници кои се враќаа од мисијата во Босна Претседателот и врховен командант на армијата, Бранко Црвенковски, пристигнува на местото на несреќата: Премиерот Никола Груевски заедно со министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска ДАНИЕЛА ...

Кобно враќање на македонските мировници од мисијата во БиХ

Утрински - 14.01.2008

До крајот на вчерашниот ден се' уште не беа познати причините за трагичната несреќа До крајот на вчерашниот ден се' уште не беа познати причините за трагичната несреќа во која при паѓање на хеликоптер „МИ-17“ на АРМ кај селото катлановско Блаце загинаа 11 мировници од мисијата АЛТЕА во Босна и ...

Црната кутија на администрацијата

Дневник - 14.01.2008

Електронските уреди најдени на ридот над катлановско Блаце, црните кутии на армискиот „Ми-17“, треба да помогнат во разјаснување на причините за смртта на единаесет македонски мировници што последните шест месеци од своите животи ги минаа во мисија во Босна и Херцеговина.

Владата го прогласи 15 јануари за Ден на жалост

Утрински - 14.01.2008

Web Special Денеска во 11 часот во Домот на АРМ во Скопје ќе се одржи комеморативна седница за загинатите Владата на Република Македонија го прогласи 15 јануари- вторник за Ден на жалост по повод трагичната хеликоптерска несреќа во која што животот го загубија 11 припадници на Армијата на Република ...

Комеморативна седница за трагично загинатите припадници на АРМ

Канал5 - 14.01.2008

Во Домот на Армијата во Скопје денеска ќе се одржи комеморативна седница за трагично загинатите припадници на АРМ во хеликоптерската несреќа кај Катланово. На комеморацијата ќе присуствуваат членови на семејствата на загинатите, претставници на државниот врв, политичари, претставници на ...

Се чека одговор од црната кутија

Дневник - 14.01.2008

Содржината на црните кутии од „Ми-17“ ќе се развива во воздухопловниот ВИНГ на АРМ, кој има лабораторија со потребната техника и стручен персонал за таа задача Три црни кутии од армискиот хеликоптер „Ми-17“, кој, од засега непознати причини, се урна завчера кај скопското село Блаце, беа пронајдени ...

Проблемите се одржуваа повеќе од хеликоптерите

Дневник - 14.01.2008

Поради задоцнет тендер, лани сите летала останаабез масло и беа приземјени Воените пилоти со години се жалат на бавните процедури за набавки на делови и за сервисирање на воздухопловите, а Министерството за одбрана најмалку две години најавува долгорочен договор со ремонтен центар.

МИ-17 ремонтиран пред да оди во АЛТЕА

Вест - 14.01.2008

Хеликоптерот Ми-17 во кој загинаа македонските мировници е од руско производство, набавен од Украина и бил ремонтиран пред извесно време, пред да биде упатен во мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина. Извори од АРМ велат дека хеликоптерот бил во исправна состојба и бил редовно контролиран на секои ...

Се преслушуваа лентите од контролата на летање, војниците загинале веднаш по падот на хеликоптерот

Канал5 - 14.01.2008

Единаесетте војници загинале од повредите што ги добиле при паѓање на хеликоптерот. Умреле во миговите на паѓањето на леталото пред истото да се запали констатирал Институтот за судска медицина. Единаесетте војници загинале од повредите што ги добиле при паѓање на хеликоптерот.

Пилотот на хеликоптерот не пријавил проблеми пред да ја загуби врската

Вест - 14.01.2008

11 МИРОВНИЦИ НА АРМ ЗАВЧЕРА ЗАГИНАА ВО ХЕЛИКОПТЕРСКА НЕСРЕЌА КАЈ КАТЛАНОВСКО БЛАЦЕ Единаесет војници и офицери на АРМ загинаа завчера напладне кога кај катлановско Блаце се урна воениот хеликоптер "Ми- 17" со кој се враќаа од мировната мисија АЛТЕА во Босна и Херцеговина.

Се случи голема трагедија

Време - 14.01.2008

ДРЖАВНИОТ ВРВ НА МЕСТОТО НА НЕСРЕЌАТА Се случи голема трагедија, изјави претседателот на Владата Никола Груевски кога го посети местото каде што се урна хеликоптерот на АРМ. - Дојде до хаварија, експлозија или се уште не е утврдено што точно се случило со хеликоптерот што беше во мисија во Босна.

Солана_ Шокиран сум и тажен поради несреќата

Утрински - 14.01.2008

По трагичната вест, пристигнуваат телеграми со сочувство од бројни политичари и дипломати Несреќата во која непосредно пред слетувањето на воениот полигон на скопскиот аеродром загинаа единаесетмина македонски војници што се враќаа од учеството во ЕУ-мисијата во Босна длабоко го потресе целиот ...

Македонија во тага, падот на хеликоптерот мистерија

Време - 14.01.2008

ЗАГИНАА ЕДИНАЕСЕТ МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ КАЈ КАТЛАНОВО Мери Јордановска Емил Зафировски Тони Спасовски (потполковник), Горан Ристовски (мајор), Бране Спасовски (капетан), Игор Ѓорески (капетан), Славчо Василев (заставник), Тони Давитковски (заставник), Јанко Шириќ (постар водник), Мики Ивановски ...

Сочувство од Срѓан Керим

Утрински - 14.01.2008

Претседателот на Генералното собрание на ОН, Срѓан Керим, вчера изрази сочувство до семејствата на загинатите војници. „Со огромна тага ја дознав веста за трагичната несреќа во која загинаа единаесеттемина македонски мировници во мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина.

АЛТЕА - мисија за безбедноста на Западен Балкан

Утрински - 14.01.2008

Меѓународните мисии го трасираат зацртаниот пат на државава за членство во НАТО Македонија прв пат испрати свои војници во мисијата на Европската унија АЛТЕА во БиХ во јули 2006 година. Собранието на 3 јануари одлучи бројот на мировниците во Босна да се намали на половина: претходниот контингент ...

Продолжува учеството во „Алтеа“

Дневник - 14.01.2008

Загинатите војници беа дел од хеликоптерски тим на АРМ што учествуваше во европската мировна мисија „Алтеа“ во Босна и Херцеговина. Мировниците за БиХ заминаа на 14 јули лани. Тимот го сочинуваа 17 офицери и подофицери, кои беа дел од белгискиот контингент во Мостар.

„МИ-17“ - двомоторен транспортен џин

Утрински - 14.01.2008

Она што го прави посебен овој хеликоптер е тоа што е способен да лета само со еден мотор во случај да откаже еден Хеликоптерот „МИ-17“, кој е од руско производство и е едно од најпопуларните летала од овој тип, се користи во повеќе од 50 земји во светот за транспорт на луѓе и товар, за воздушни ...

Комеморација по повод загинувањето на македонските војници

Канал5 - 14.01.2008

Државниот и воениот врв се збогуваа со 11-темина војници кои загинаа во хеликоптерската несреќа. На комеморативната седница во преполниот дом на АРМ во Скопје, пред семејствата, роднините и пријателите на армиските мировници, државните и воените авторитети зборуваа за делото на војниците чија воена ...

Последниот контакт во 12,24 часот

Вест - 14.01.2008

Хеликоптерот полетал завчераутро околу 9 часот и 30 минути со дел од членовите на македонскиот хеликоптерски тим од аеродромот Бутмир кај Сараево. Требало да слета на воениот дел на Скопскиот аеродром, а последниот контакт со контролната кула леталото го направило на шест милји од целта, во 12,24 ...

Хеликоптерот исправен полета од Сараево

Утрински - 14.01.2008

Портпаролот на ЕУФОР, ни изјави дека „при прегледот на леталото не биле забележани никакви промени“ Кампот на силите ЕУФОР, Бутмир, од каде што во саботата изутрина полета авионот со македонските мировници Билјана Јовановска Хеликоптерот со кој војниците на АРМ се враќале од мисијата на ЕУ во Босна ...

Пратениците искажаа сочувство за загинатите припадници на АРМ

Канал5 - 14.01.2008

Пратениците во Собранието на Република Македонија искажуваат сочувство до семејствата на 11-те загинати припадници на Воздухопловниот ВИНГ на АРМ во хеликоптерската несреќа што се случи завчера кај катлановско Блаце. Скопје, 14 јануари (МИА) - Пратениците во Собранието на Република Македонија ...

Керим: Признание за ангажманот во обезбедувањето на мирот

Дневник - 14.01.2008

Телеграми со сочувство по трагичната несреќа на македонските мировници стигнаа од ООН, Европската Унија, НАТО, од претседатели , влади и од амбасадори на повеќе држави. Со огромна тага ја дознав веста за трагичната несреќа во која загинаа 11 македонски мировници во мисијата АЛТЕА во Босна и ...

Трагедија!

Вечер Прес - 14.01.2008

Првичниот увид од местото на несреќата покажал дека леталото скршнало 4 наутички милји, или 8 земјени километри од предвидениот правец на движење Македонија е завиена во црнина, по смрта на сите 11 припадници на армијата кои во саботата загинаа во трагична несреќа на хеликоптер.