TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

24 рудари загинаа во експлозија во нелегален јагленокоп

Вест - 18.02.2005

ПЕКИНГ, 18 февруари (АП) - Во експлозија во еден нелегален јагленокоп во јужна Кина вчера загинаа 24 рудари, а тројца се изчезнати, соопшти кинеската влада неколку дена откако се случи експлозијата во еден државен рудник каде што загинаа 211 рудари.

5 загинати во рударска несреќа во Кина

А1 - 16.02.2005

Пет лица го загубија животот, а 17 се водат како исчезнати при несреќа во рудник во југозападната кинеска провинција Јунан. Спасувачките екипи се обидуваат да се пробијат до затрупаните рудари, во окното што немало уредни документи и дозвола за работа.

Во кинески рудник загинаа 200 лица

Утрински - 16.02.2005

Уште една голема трагедија во Кина Експлозијата на гас е причина за најтешката несреќа во последниве 15 години што се случила во Кина ПЕКИНГ - Во експлозија на гас во рудник за јаглен во североисточната кинеска провинција Лиаонинг загинаа најмалку 203 работници во најужасната несреќа во последните ...

203 рудари загинаа во експлозија на гас во Кина

Вест - 16.02.2005

ПЕКИНГ (Ројтерс) - Експлозија на гас во рудник за јаглен во североисточната кинеска рударска провинција Лиаонинг уби најмалку 203 рудари во најголемата катастрофа во последниве 15 години во најопасната рударска индустрија во светот.

Експлозија на гас уби повеќе од 200 кинески рудари

Време - 16.02.2005

КИНА Повеќе од 200 кинески рудари загинале во тешка несреќа во рудник кај градот Фусин, на североисток на земјата. Кинеските рудници на јаглен се познати како смртоносни замки во кои годишно гинат околу 7.000 рудари. Но, несреќата во Фусин е тешка дури и според кинеските стандарди.

Експлозија уби 203 јагленокопачи

Дневник - 16.02.2005

НАЈГОЛЕМА РУДАРСКА ТРАГЕДИЈА ВО КИНА ПО 1990 ГОДИНА При јака експлозија на гас загинаа најмалку 203 луѓе завчера во јагленокоп во кинеската провинција Лиаонинг, јави Ројтерс. Тоа е најголемата трагедија во изминатите 15 години во кинеското рударство, кое е на врвот според несреќи и смртни случаи во ...

203 рудари загинаа во несреќа во Кина

А1 - 15.02.2005

Најмалку 203 рудари загинаа во експлозијата на гас во еден рудник во провинцијата Лијаонинг, во североисточниот дел на Кина. Освен загинатите, во експлозијата во градот Фусин повредени се и 22 рудари, а 12 се заробени во рудникот.