Неколку поединечни и рафални истрели од пешадиско оружје и раздвижувања на албанските терористички групи се регистрирани во изминатото деноноќие во кризните региони. Како што соопшти Министерството за одбрана, од раните утрински часови до пладне е релативно мирно, односно немаше вооружени дејствија.
Воружените провокации на албанските терористи, како и нивните раздвижувања и утврдувања на теренот во кризните подрачја во последните 24 часа, во однос на претходниот период, беа со смален интензитет - соопшти МО. Сепак, состојбата е и натаму сложена, заради што безбедносните сили на Македонија ...
Тетовскиот градоначалник денеска со заклучок дека присуството на македонските безбедносни сили во градот создавало несигурност кај граѓаните на овој град под Шара. Советниците од македонските политички партии изразија несогласување со ваквиот став на градоначалникот Муртезин Исмаили.
Состојбата на теренот во кризните подрачја на Тетово и Куманово е релативно мирна. Вооружените провокации од страна на албанските терористи се значително намалени. По вчерашниот напад врз македонските позиции на Попова Шапка на што безбедносните сили одговориле, терористите престанале со дејствата.
Во тетовско и кумановско помалку провокации Македонското Министерство за одбрана соопшти дека во изминатите 24 часа во кризните региони на Тетово и Кумановско се случиле помал број вооружени провокации од страна на албанските терористи.