TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Изјавите на сведокот за атентатот Глигоров сè уште на проверка

Н.Македонија - 01.11.2008

- Ништо засега не можеме да соопштиме. Во текот на наредната недела ќе има известување за јавноста, откако ќе му го испратиме одговорот на обвинителот Шврговски - вели Иво Котевски, портпарол на МВР. Освен двете групи поранешни функционери кои жестоко се судрија по колумната на Фрчкоски, Слободан Богоевски, поранешен шеф на УБК и Павле Трајанов, поранешен министер за внатрешни работи од една и ...

Обвинителот ја чека истрагата на МВР за атентатот

Утрински - 31.10.2008

МВР ќе врши проверка на исказот на сведокот и ќе утврдува кој ја направил фотографијата на автомобилот-бомба. Специјално формиран тим на МВР деновиве засилено работи на проверка на новите докази околу истрагата за обидот за атентат на претседателот Киро Глигоров.

Удбашите ме клеветеа дека сум „татко на атентатот на Глигоров“

Н.Македонија - 31.10.2008

Стојан Андов, ветеран на македонската политичка сцена, кој беше претседател на Собранието таа 1995 година, кога се случи атентатот врз Глигоров, и со тоа уставно негов заменик, се сеќава со голема доза на револт кога УБК му пуштала гласини дека е „татко на атентатот“. Во поново време Андов е актуелен со лустрацијата, која бескрајно заглави во парламентарните лавиринти.

Паника меѓу ветераните во ДБК

Време - 30.10.2008

Игор Чавески Неколку поранешни вработени во Државната безбедност и контраразузнавање се повикани на информативен разговор за деталите поврзани со атентатот врз претседателот Глигоров, откако МВР годозна од Јавното обвинителство името на тајниот сведок.

Кои се лицата од фотографиите на МВР

Форум - 30.10.2008

„Време“ во четвртокот донесе напис во кој се опишува атмосферата во Министерството за внатрешни работи, по повторното отворање на досието „атентат врз Киро Глигоров“. Според дневниот весник, во полициските кругови, особено кај постарите припадници на поранешната Служба за државна безбедност и контраразунавање, владее паника заради се поголемата извесност дека во обидот за ...

Полицијата гипроверува изјавите на сведокот на Фрчкоски

Дневник - 29.10.2008

Полицијата гипроверува изјавите на сведокот на Фрчкоски. Тимот на МВР, засилен со голем број полициски службеници, по прецизни налози од јавниот обвинител ќе ги испита новите информации за обидот за атентат врз поранешниот претседател на државата Киро Глигоров, кои во понеделникот во Обвинителството ги изнел сведокот, кој тврдел дека го фотографирал автомобилот-бомба ден пред атентатот.

МВР се зафати со атентатот

Време - 29.10.2008

МВР формира посебен тим што треба да ја испита вистинитоста на тврдењата на новиот сведок за атентатот врз поранешниот претседател Киро Глигоров, што неодамна го сослуша Обвинителството, информира вчера министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Од МВР зависи дали Обвинителството ќе отвори истрага за атентатот

Вест - 29.10.2008

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска вчера потврди дека МВР продолжува со утврдување на вистинитоста на најновите искази поврзани со атентатот врз поранешниот претседател Киро Глигоров. МВР, рече Јанкуловска, работи врз основа на извештајот од јавниот обвинител на Македонија Љупчо Шврговски, по добиените сознанија од сведокот.

МВР го проверува исказот на сведокот за атентатот врз Глигоров

Утрински - 29.10.2008

МВР го проверува исказот на сведокот за атентатот врз Глигоров. МВР формираше посебен тим, кој ќе ја проверува вистинитоста на исказот на новиот сведок за атентатот врз поранешниот претседател Киро Глигоров. Министерката Гордана Јанкулоска потврди дека обвинителот го испратил извештајот, при што до МВР упатил „неколку прецизни насоки, по кои постапува Министерството “.

Мистериозниот сведок ќе го испраша И МВР

Сител - 29.10.2008

МВР веќе испраша неколкумина посочени. Дознаваме дека дел од нив се сеуште вработени во полицијата, дел се заминати во пензија или ги напуштиле нејзините редови. Единствениот официјален став за истрагата кој може да се добие од МВР е дека сериозно се работи на потврдување или демантирање на информациите кои ги добиле во извештајот од Јавниот Обвинител.

Шврговски ќе го повика и Удбашот на „Форум“

Форум - 29.10.2008

пишува дека пиротехничарот, поранешен припадник на МВР, кој учествувал во вештачењето на експлозивот по атентатот, директно го прозива актуелниот Претседател, а тогашен премиер Бранко Црвенковски, како нарачател на злосторството. „Форум“, сепак, нема намера да го открива својот извор, врпочем прозваните се тие што треба да го докажат спротивното, доколку имаат аргуемнти Иако е ...

Полициски А-тим ќе го истражува атентатот на Глигоров

Н.Македонија - 29.10.2008

МВР формирало тим што ќе ги истражува новите сознанија за атентатот на Глигоров откако обвинителот Љупчо Шврговски им издал наредба за проверка на информациите добиени од „сведокот на Фрчкоски“. - Јавниот обвинител заврши со одреден дел од работата во однос на испрашување на лицата што беа посочени.

Вторник, 28 октомври

BBC - 28.10.2008

Повеќе дневни весници објавуваат информации од разговорот со претпоставениот на американскиот заменик-помошник државен секретар Стјуард Џонс, Дениел Фрид. Според Фрид, Македонија не може да очекува предлог за компромис кој ќе и’ биде целосно прифатлив, но ако со тој компромис успее да влезе во НАТО и во Европската Унија, така најдобро ќе го заштити својот идентитет.

МВР работи по сознанијата од „сведокот“ за атентатот на Глигоров

А1 - 28.10.2008

Министерството за внатрешни работи ќе ја испитува веродостојноста на доказите кои вчера на Шврговски му ги дал сведокот, за вмешаноста на тајната полиција во атентатот на Глигоров. Јавниот обвинител до МВР доставил извештај со изјавите на сведокот и дал насоки во кој правец да се одвива истрагата за да се потврди или евентуално демантира исказот на сведокот.

Сослушан сведокот, на ред е „Удбашот на Форум“

Дневник - 28.10.2008

Бранко Црвенковски, кој во неделникот „Форум“ е прозван како нарачател на атентатот врз Глигоров, ќе мора сам да си го штити авторитетот на функцијата, бидејќи Обвинителството со измени на Кривичниот законик веќе ја нема таа обврска. Љупчо Шврговски: Вербалниот деликт е целосно декриминализиран Слободан Чашуле: Не стравувам од евентуална тужба од Црвенковски. Сведокот за кој пишуваше професор ...

Алфа-кучиња

Дневник - 28.10.2008

Во полицијата постоеше една мала, но влијателна група луѓе која од почетокот на транзицијата се обидува од полицијата да владее со политиката. Почнаа со пишување обвинителни извештаи за непостоењето на капацитет на првиот министер за полицијата Мијалков, а завршија со извештаи за сценарија кој е атентаторот на Глигоров. Овие денови ми се врти низ глава, драги мои, едно прашање: дали во оваа ...

Посебен тим во МВР работи по насоките на Јавниот обвинител за атентатот на Глигоров

Канал5 - 28.10.2008

Скопје, 28 октомври (МИА) - Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска изјави дека МВР продолжува со утврдување на вистинитоста за случајот со атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров врз основа на добиениот извештај од обвинителот, а по добиените сознанија на сведокот.

На Шврговски не му се брза со истрагата

Време - 28.10.2008

Игор Чавески Тајниот сведок на професорот Љубомир Фрчкоски, кој тврдел дека структури на ДБК се замешани во атентатот врз експретседателот Киро Глигоров, вчера даде исказ пред Јавното обвинителство. Откако пред неколку дена сведокот поради безбедносни причини даде само писмена изјава, тој вчера на јавниот обвинител Љупчо Шврговски му ги презентирал сите информации кои претходно му ги кажал и на ...

Сведокот за атентатот се појави кај обвинителот

Утрински - 28.10.2008

Поранешниот шеф на ДБК Слободан Богоевски го обвинува Фрчкоски за блокирање на истрагата за атентатот. Се редат обвинувањата против Фрчкоски и Црвенковски како главни виновници за истрагата околу атентатот. Гордана Дувњак. Државниот обвинител Љупчо Шврговски вчера за „Утрински весник“ потврди дека бил сослушан новиот сведок во истрагата околу атентатот врз поранешниот претседател на државата Киро ...

Шврговски побара да се провери веродостојноста на исказите на сведокот за атентатот на Глигоров

Канал5 - 28.10.2008

Државниот обвинител Љупчо Шврговски побарал од полицијата да се испита веродостојноста на исказот што вчера пред него го дал сведокот за атентатот на претседателот Глигоров. По налогот од Шврговски, во МВР денеска е формиран специјален тим кој ќе ги истражува тврдењата на сведокот за можна вмешаност на македонската државна безбедност во обидот за убиство на Глигоров.

Посебен тим во МВР работи по насоките на Јавниот обвинител за атентатот на Глигоров

Сител - 28.10.2008

ПОСЕБЕН ТИМ ВО МВР РАБОТИ ПО НАСОКИТЕ НА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ ЗА АТЕНТАТОТ НА ГЛИГОРОВ. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска изјави дека МВР продолжува со утврдување на вистинитоста за случајот со атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров врз основа на добиениот извештај од обвинителот, а по добиените сознанија на сведокот.

Посебен тим во МВР работи на атентатот на Глигоров

Форум - 28.10.2008

Посебен тим е задолжен во министерството за внатрешни работи за расветлување на обидот за атентат на поранешниот претседател, Киро Глигоров, соопшти денеска, министерката Гордана Јанкуловска. “МВР од обвинителот доби неколку прецизни насоки по кои постапува, за што е формиран посебен тим, како зајакнување на досегашниот,“ рече Јанкулоска.

МВР ја утврдува вистинитоста на сознанијата на сведокот за атентатот на Глигоров

Нетпрес - 28.10.2008

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска со изјава дека МВР продолжува со утврдување на вистинитоста за случајот со атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров врз основа на добиениот извештај од обвинителот, а по добиени сознанија на сведокот. Таа рече дека Јавниот обвинител завршил со одреден дел од работата во однос на испрашување на лицата кои биле посочени.

Сведокот во рацете на полицијата

Вечер Прес - 28.10.2008

Иако Фрчкоски не сакаше да ги коментира изјавите на поранешниот директор на Службата за безбедност, Слободан Богоевски, дека од ова ќе излезе само уште една приказна на професорот за да ја забавува јавноста, тој директно или индиректно му се обрати на Богоевски во вчерашната колумна. Исказот од сведокот за атентатот на претседателот Киро Глигоров стигна до Министерството за внатрешни работи.

Сведокот за атентатот на Глигоров детално испрашан

Н.Македонија - 28.10.2008

Поранешниот припадник на УБК што на бившиот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски му тврдел дека е автор на спорната фотографија на автомобилот-бомба, употребен во атентатот врз поранешниот претседател Киро Глигоров, вчера детално бил испрашан во одделението за борба со организираниот криминал при Државното обвинителство, потврди Љупчо Шврговски, јавниот обвинител.

Сведокот на Фрчкоски ја потврдил писмената изјава

А1 - 27.10.2008

Сведокот кој тврдеше дека во атентатот на Глигоров има вмешаност и на македонската тајна полиција, денеска бил кај јавниот обвинител. Писмената изјава која, како што објави А1, беше предадена уште во петокот, денеска сведокот усно ја потврдил пред обвинителството.

Шврговски потврди: Сведокот за атентатот на Глигоров денеска беше во јавното обвинителство

Канал5 - 27.10.2008

Државниот обвинител го испраша сведокот за атентатот на екс-претседателот Киро Глигоров. Наводите кои ги изнесе поранешниот полицаец за инволвираност на државната безбедност во нападот на претседателот се сериозни и ќе мора детално да се проверат - изјави за Канал 5 обвинителот Љупчо Шврговски.

Обвинителот шврговски го испраша Мистериозниот сведок за атентатот на претседателот Глигоров

Сител - 27.10.2008

Утрово во јавното обвинителство сведокот ја дал својата официјална изјава за настанот од 3-ти октомври 1995 година. Од обвинителството не откриваат детали за неговиот исказ. Јавниот Обвинител ја потврдува средбата и вели дека сега обвинителството ќе ги проверува неговите наводи. За истрагата побарале помош и од МВР. Не посочуваат какви се мерки побарале да превземе полицијата.

Сведокот за атентатот даде исказ пред Шврговски

Форум - 27.10.2008

Информаторот на професорот Љубомир Фрчкоски, кој тој го посочи како главен сведок за вмешаноста на поранешната Служба за државна безбедност во понеделникот излезе пред Државниот јавен обвинител. Од Обвинителството нема ниту најави што како информации понудил сведокот кој порано работел во 7-та управа на МВР, а неговиот идентите и натамуостанува сокриен.

Сведокот пропеа кај обвинителот

Вечер Прес - 27.10.2008

Сведокот на поранешниот министер за внатрешни работи, Љубомир Фрчкоски се појави во обвинителството. Вчераутро сведокот даде исказ пред јавниот обвинител за наодите и тврдењата во колумната на Фрчкоски во која беа обелоденети нови моменти од атентатот на првиот македонски претседател Киро Глигоров. "Сведокот дојде денес, даде свој исказ.