TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Македонија е зависна од Коридорот север-југ

А1 - 18.05.2008

Грчката блокада на железничкиот сообраќај со Македонија ја покажа зависноста на земјава од единствениот Коридор север-југ, наспроти се уште незавршениот Коридор 8. Вагоните кон Грција се блокирани 11 дена. Ова им зададе удар на шпедитерите и компаниите.

Пропуштени се првите товарни вагони од и кон Грција

Канал5 - 18.05.2008

По десетдневна блокада на полноќ се очекува товарниот железнички сообраќај кон Грција да биде обновен. Вечерва престанува да важи ограничувањето на грчките железници за влез на македонски, бугарски и српски товарни вагони воведено поради штрајк во Солунското пристаниште.

Повеќе од 200 вагони заробени во Македонија

Време - 17.05.2008

ПРОДОЛЖУВА БЛОКАДАТА Само 16 вагони на „Мак стил“, натоварени со лимови, завчеравечер ја поминаа македонско-грчката граница на железничкиот премин Гевгелија - Идомени. Останатите, околу 200 вагони, се уште се заробени на железничките станици и во стопанските дворови на фирмите.

Продолжува блокадата на железничкиот транспорт кон Грција

Утрински - 17.05.2008

ГЕВГЕЛИЈА - Осми ден неколку стотици вагони на македонски компании стојат на железничката станица во Гевгелија. Иако беше најавено дека од завчера железничкиот транспортен сообраќај меѓу Македонија и Грција ќе се нормализира, сепак, тоа не се случи.

Железницата останува блокирана од Грција

Дневник - 17.05.2008

Продолжува блокадата на железничкиот сообраќај меѓу Македонија и Грција. Причина е штрајкот на работниците во пристаништето во Солун, соопштија од Македонски железници.Грчките железници 36. пат годинава го известиле македонското јавно претпријатие дека нема да примаат товарни вагони од земјава.

Блокадата на железницата продолжи

Вечер Прес - 17.05.2008

Се изјаловија очекувањата дека на 15 мај во 00:00 часот ќе се воспостави редовен железнички сообраќај меѓу Македонија и Грција. Наместо да се пропуштаат товарните возови кон Грција, грчките железници вчера доставија уште едно транспортно ограничување - 36-то по ред годинава, со кое македонските ...

Грција повторно го блокира железничкиот сообраќај

Канал5 - 16.05.2008

Грчките железници со нова забрана за влез на македонски и бугарски возови во Грција. Утрово со допис ги известиле македонските железници дека блокадата од грчка страна и на солунското пристаниште ќе трае до недела на полноќ. Грчките железници со нова забрана за влез на македонски и бугарски возови ...

Низ Грција како низ воена зона

Време - 15.05.2008

ПО ЗАЧЕСТЕНИТЕ НАПАДИ ВРЗ МАКЕДОНСКИ ВОЗАЧИ Сузана Тасева Наташа Стојановска Фреквенцијата на товарниот сообраќај на македонско-грчката граница е драстично намален по се почестите брутални напади од грчките разгневени топли врз македонските возачи на камиони.

Повторно блокиран железничкиот сообраќај со Грција

Утрински - 15.05.2008

Товарните возови од Македонија за Грција вчера беа заглавени на станиците и нема да бидат во сообраќај до денеска. Причината за повторно блокирање на железничкиот сообраќај меѓу Македонија и Грција, како што вчера соопштија од "Македонски железници", е штрајк на вработените во пристаништето во ...

Блокирано пристаништето во Солун

Дневник - 15.05.2008

Поради штрајк на вработените во пристаништето во Солун повторно е блокиран железничкиот сообраќај помеѓу Македонија и Грција, соопштија вчера од „Македонски железници“. Блокадата ќе трае до денеска на полноќ.Грчките железници го најавиле новиот застој, иако беше постигнат договор меѓу македонските, ...

Железница очекува од полноќ да се деблокира товарниот сообраќај

Канал5 - 15.05.2008

Македонски железници очекуваат од полноќ да се пропуштаат товарните возови кон Грција. Поради последното, вчерашно ограничување и денеска ниту еден воз не ја помина границата. Осумдневната блокада ги загрози бизнисите на повеќе домашни компании.

Возовите ќе стојат во Гевгелија

Вечер Прес - 15.05.2008

Поради штрајк на работниците од солунското пристаништето, продолжува блокадата на железничкиот сообраќај меѓу Македонија и Грција, соопшти вчера Македонски железници - Транспорт. Новото транспортно ограничување е за сите видови пратки и ќе важи до 15 мај годинава.

Повторно блокиран железничкиот сообраќај со Грција

А1 - 14.05.2008

Товарниот сообраќај кон Грција повторно под блокада. Иако имаше оптимистички најави дека неколкудневниот застој денеска ќе се нормализира, тоа не се случи. Грчките железнички власти утрината испратиле допис до своите македонски колеги, во кој ги известуваат дека блокадата ќе продолжи и во наредните ...

Грците блокираат македонски, а пуштаат српски вагони

Дневник - 14.05.2008

Дури510товарни вагони на „Македонски железници“ веќе шест дена се заглавени во земјава поради штрајк от на грчките железничари Грците ги блокираат македонските товарни вагони, а пуштаат српски. Раководството на грчката железница вчера дозволи влез за три српски вагони со шеќер, чие крајно одредиште ...

Нов допис од грчките железници, блокадата продолжува

Канал5 - 14.05.2008

По договорот за деблокирање на железничкиот сообраќај, грчките железнички власти најавија нови блокади. Денеска со нов допис ги известиле Македонските, бугарските и српските железници дека поради штрајкот во Солунското пристаниште нема можност транспортните возови да поминуваат кон Грција.

По блокадата товарниот сообраќај кон Грција продолжува

А1 - 13.05.2008

По шест дневна блокада товарниот сообраќај кон Грција повторно ќе продолжи. Грчките железнички власти денеска дале дозвола границата да ја минат дел од вагоните што натоварени со стока стојат на пругите. Според раководството на транспортното претпријатие во железницата, целосно нормализирање на ...

Вагоните се уште заглавени на пругите

Време - 13.05.2008

ПЕТ ДЕНА БЛОКАДА ОД ГРЦИЈА Товарните вагони на „Македонски железници“ и понатаму стојат на пругите. Натоварени со стоката што треба да ја превезат до крајните корисници, вагоните пет дена се заглавени поради блокадата од грчка страна.

Во земјава за влез во Грција чекаат околу 300 вагони

Канал5 - 13.05.2008

Транспортните компании од регионот да не ги пуштаат возовите кон Грција за да не се создаде хаос во железничкиот сообраќај. Ова е дописот што Грчката Железница го испратила до железниците во регионов на коридорот 10. По блокадата од шест дена 300 вагони на македонска и уште толку во другите земји ...