TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Кандидатската листа на ДПА во Битола прифатена

Утрински - 09.08.2002

Со решение на Државната изборна комисија Кандидатите за пратеници на ДПА ќе се натпреваруваат во изборната трка за мандати во битолската, петта изборна единица. Вакво решение вчера донесе Државната изборна комисија, уважувајќи го приговорот на подносителот на листа на ДПА.

ДПА ќе ја има и во битолско-охридскиот регион

Вест - 09.08.2002

ДИК ГО ПРИФАТИ ПРИГОВОРОТ НА ПАРТИЈАТА НА ЏАФЕРИ ЗА ПЕТТАТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА Државната изборна комисија ја потврди листата на кандидати за пратеници на ДПА за петтиот изборен регион. Комисијата го преиначи решението на регионалната изборна комисија со седиште во Битола со кое ја отфрла листата на ...

Командантите на ОНА тргнаа во освојување на парламентот

Утрински - 09.08.2002

Претставници на поранешната армија на Ахмети се најдоа на кандидатските листи за септемвриските избори Главни адути за изборите на Демократската унија за интеграција на Али Ахмети и Национално-демократската партија на Кастриот Хаџиреџа се командантите и членовите на ОНА.

Избирачите ќе гласаат за 620 пратенички кандидати

Утрински - 09.08.2002

По ждрепката во Изборната единица број 1 Во Изборната единица 1 со 279.944 избирачи, којашто ги опфаќа општините Кисела Вода, Карпош, Центар, Сарај, Студеничани, Кондово, Сопиште, Македонски Брод и Самоков, на парламентарните избори ќе гласаат за 620 пратенички кандидати.

ДИК го усвои приговорот на ДПА во битолската изборна единица

А1 - 08.08.2002

Државната изборна комисија денеска го усвои приговорот на Демократската партија на Албанците во изборната единица 5 и ја потврди листата на кандидати на ДПА поднесена во битолско-охридската изборна единица. Регионалната изборна комисија во изборната единица пет ја одби листата на ДПА бидејќи таа ...

Помалку пари за спрееви и за ламби

Дневник - 08.08.2002

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА Демократската партија на Албанците вчера до Државната изборна комисија достави приговор поради одбивање на Регионалната изборна комисија во Битола да ја прими нејзината кандидатска листа. Причина за одбивањето беше десетминутното доцнење на пријавата на листата.

ДИК доби приговор од ДПА

Утрински - 08.08.2002

По отфрлањето на листата во Битола Кандидатската листа за пратеници која Демократската партија на Албанците ја достави со задоцнување од еден час по законски утврдениот рок, Регионалната изборна комисија во Битола ја отфрли. Државната изборна комисија, вчера доцна попладне прими приговор од ДПА.

Секој пратеник ќе "тежи" најмалку 10.000 гласа

Дневник - 08.08.2002

СПОРЕД ДОНТОВИОТ МОДЕЛ Кој од листата влегува зависи од партијата, според редоследот на листата, а не и од желбата на гласачите што според овој модел можат да се определат само за партија, но не и за личности Идниот парламентарен состав ќе се избира според пропорционален модел во шест истомандатни ...

Со задоцнување доставена листата со кандидати на ДПА во Битола

А1 - 07.08.2002

Вчерашното решение на регионалната изборна единица број 5 во Битола со кое беше отфрлена изборната листа на кандидати од ДПА ја разбранува битолската јавност отварајќи можности за повеќе претпоставки и шпекулации. Во една варијанта се говореше дека носителот на оваа листа Насуфи и неговиот штаб се ...

Одговорност и отчетност за секого

Дневник - 07.08.2002

КОНВЕНЦИЈА НА КОАЛИЦИЈАТА "ЗА МАКЕДОНИЈА ЗАЕДНО" Коалицијата вети пораст на општествениот производ од 6 отсто и 25 до 30 илјади нови вработувања годишно Коалицијата "За Македонија заедно" има историска задача да ја смени состојбата во земјава, бидејќи најголем ризик и најголема одговорност е ништо ...

Ахмети и Џафери ќе се бијат во "шестката"

Дневник - 07.08.2002

ДУИ ЈА ОБЈАВИ КАНДИДАТСКАТА ЛИСТА Демократската унија за интеграција (ДУИ) на поранешниот лидер на ОНА, Али Ахмети, ги назначи носителите на кандидатските листи на партијата во пет од вкупно шест изборни единици. Портпаролот на ДУИ, Агрон Буџаку, вчера објави дека носител на кандидатската листа на ...

ДИК доби 152 листи со кандидати за пратеници

Вест - 07.08.2002

До понеделникот до полноќ, до Државната изборна комисија беа доставени 152 листи од поединци, партии и коалиции, соопшти вчера Државната изборна комисија. Во единицата биле поднесени триесет и една листа на кандидати за пратеници, во втората - 28, во третата - 23, во четвртата - 22, во петата - 27 ...

ПДП со Алити во шестката

Вест - 07.08.2002

Завчеравечерта по седницата на централно претседателство и ПДП ги промовираше своите кандидатски изборни листи. Насер Зибери, шефот на централниот изборен штаб изјави дека "ПДП на изборите ќе настапи сама, не коалицирајќи со другите партии.

Од 152 поднесени листи, триесетина вратени на поправка

Дневник - 07.08.2002

ПО РОКОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИТЕ До регионалните изборни комисии во шесте изборни единици до прексиноќа на полноќ биле доставени 152 кандидатски листи, од кои на наредните парламентарни избори ќе бидат избрани 120 пратеници, информира вчера Зоран Таневски, портпаролот на Државната изборна ...

Карангелески во првата, а Каракамишева во втората изборна единица

Утрински - 07.08.2002

Прес-конференција на коалицијата на ДЦ и на Партијата на зелените Радомир Карангелески, лидер на Демократскиот центар, е носител на кандидатската листа за пратеници на коалицијата на ДЦ и на Партијата на зелените во првата изборна единица.

Во „шестката“ ќе се борат Ахмети, Џафери, Алити и Хаџиреџа

Утрински - 07.08.2002

Партиите на Албанците дефинитивно настапуваат соло на претстојните избори Партиите на Албанците и официјално решија поединечно да си ги одмерат силите на изборите, иако опцијата за постизборно коалицирање сў уште останува. Од сите албански политички партии единствено Демократската унија за ...

Тупурковски прв на листата во скопската „единица"

Утрински - 07.08.2002

Демократска алтернатива со кандидати од средините што треба да ги претставуваат Со определбата носители на листите на кандидати за пратеници да бидат луѓе од централните партиски раководства, двете најголеми политички партии го имаат злоупотребено пропорционалниот модел на избори со шест изборни ...

Отфрлена листата на ДПА во Битола

Утрински - 07.08.2002

Поради незапазување на законскиот рок Регионалната изборна комисија во Битола ја отфрли кандидатската листа за пратеници на ДПА поради незапазување на законскиот рок. Имено, наместо до 24 часот на 5 август, кандидатурата на оваа политичка партија била доставена еден час подоцна, а поради пробивање ...

Партиските номинации надвор од регионите што се нивна изборна или роднокрајна средина

А1 - 06.08.2002

Партиите прерано ја започнаа изборната кампања и со тоа го прекршија изборниот закон смета лидерот на ДА, Васил Тупурковски. Како најголемо прекршување тој го посочи испраќањето на најистурените партиски кадри како претставници на интересите на локалните средини.

Голем судир во шеската - Џафери, Алити, Ахмети и Хаџиреџа

А1 - 06.08.2002

Во РИК за шестиот изборен регион која ги опфаќа Тетово, Гостивар, Дебар и дел од кичевско до вчера на полноќ биле примени 21 листа на кандидати за пратеници од политички партии и здруженија на граѓани. Според претседателот на РИК, Јусуф Јустеми, седум поднесени кандидатски листи не содржеле се, ...

Истече рокот за доставување на кандидатските листи

А1 - 06.08.2002

До синоќа на полноќ кога истече законскиот рок за доставување на кандидатурите за претстојните парламентарни избори поднесени се вкупно 152 кандидациони листи на партии, коалиции и поединци до регионалните изборни комисии. Од нив во изборната едница број еден Скопје доставени биле 31 листа, во ...

Резултатите треба да се објават во рок од 24 часа по изборите

Дневник - 06.08.2002

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА До крајот на неделава треба да профункционира интернет-страницата на Државната изборна комисија, изјави Зоран Таневски, портпаролот на ДИК. Таневски вели дека веднаш по примарната обработка на податоците во ДИК, тие преку интернет-страницата ќе бидат достапни и за медиумите ...

Трајанов - носител на листата во првата изборна единица

Утрински - 06.08.2002

Прес-конференција на Демократскиот сојуз Демократскиот сојуз вчера ги објави носителите на кандидатските листи за претстојните парламентарни избори во земјава. Носител во првата изборна единица е лидерот на партијата Павле Трајанов, втор на листата е Миле Гиновски, а трета е Цветанка Соколова.

Кумановските социјалдемократи не се незадоволни

Утрински - 06.08.2002

РЕАКЦИЈА КУМАНОВО - "Лично мислам дека кандидатската листа за пратеници, што вчера беше усвоена на партиската конвенција на СДСМ, целосно ги задоволува критериумите кои беа утврдени за неа. Тоа е листа која и по бројот и по квалитетот на кандидатите најдобро ја одразува заедничката програмска ...

ДПА коалицира со републиканците на Таири, другите сами

Утрински - 06.08.2002

Албанските партии дури вчера ги финализираа изборните листи Жаклина Ѓорѓевиќ Демократската партија на Албанците на Арбен Џафери и Републиканската партија на Мевљан Таири ќе настапат со заеднички кандидати, додека сите други албански партии ќе настапат самостојно на изборите.

Албанските партии на изборите ќе настапат самостојно

А1 - 05.08.2002

За време на викендот пропаднале последните обиди за можна голема коалиција Ахмети - Алити - Џафери. ДУИ се реши за самостоен настап. ПДП до доцна попладнево решаваше за својатата пропорционална листа, со неизвесна номинација на лидерот Алити.

Партиите на Албанците во последна рунда преговори за заеднички настап

Дневник - 05.08.2002

КОАЛИЦИИ Политичките партии на Албанците во Македонија вчера водеа засилени преговори за заедничкиот настап на парламентарните избори, иако досега категорично тврдеа дека не е можно такво изборно заедништво. Исходот на разговорите ќе се знае денеска, кога завршува рокот за поднесување кандидатски ...

Љубчо го чека Бранко, а Бранко изненадува со Трифун

Вест - 05.08.2002

Во единицата во Скопје, грбот на лидерот на СДСМ ќе го чуваат две жени Радмила Шекеринска негова сопартијка и Лилјана Поповска од ЛДП. Освен Трифун Костовски, големо изненадување и Тито Петковски Бранко во единицата, Трифун во двојката, Тито во тројката, Гошев во четворката, Никола Поповски во ...

Црвенковски, Костовски, Петковски, Гошев, Поповски и Митрева ќе ја предводат опозицијата

Утрински - 05.08.2002

Социјалдемократите ги обелоденија носителите на кандидатските листи за пратеници на коалицијата „За Македонија заедно" Бранко Црвенковски, претседател на СДСМ, ќе биде носител на кандидатска листа за пратеници во изборната единица 1 - Скопско, а второто место на оваа листа е отстапено за Радмила ...

Георгиевски против Поповски во Битола, Црвенковски против Груевски во Скопје

Дневник - 05.08.2002

ПОЗНАТИ ДУЕЛИТЕ ЗА ПРЕТСТОЈНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ Во последен момент во игра влезе и Трифун Костовски, кој треба да се судри со Стојан Андов во двојката, а Петар Гошев и Марјан Ѓорчев ќе се бијат за "струмичката" изборна единица Лидерот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, ќе ја ...