TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Повеќе денови за музика, а помалку за филм

Дневник - 15.01.2005

ДОГОВОР за ФИЛХАРМОНИЈАТА Македонската филхармонија, Министерството за одбрана и Министерството за култура се договорија - Филхармонијата ќе добие повеќе, а "Манаки филм" помалку слободни денови за работа во Домот на АРМ во Скопје.

Непостоен анекс-договор ги помирил спротивставените

Време - 15.01.2005

ФИНАЛЕ НА СПОРОТ „КИНО-ФИЛХАРМОНИЈА“ Ангелина Димоска <> „Манаки -филм“ останува во Домот на АРМ, заедно со Македонската филхармонија. Ова е конечната разврска на случајот што изминатава недела беше топ-настан на културната сцена. - Остануваме под ист покрив со „Манаки-филм“.

Ќе се почитува договореното

Вечер Прес - 15.01.2005

Новиот потстанар во Домот на АРМ, "Манаки филм" се очекува да му отстапи поголем или дополнителен "термински простор" на постариот - Македонската филхармонија. Ваков договор, според неофицијални информации, бил постигнат на средбата во Министерството за одбрана, под чија надлежност е Домот на АРМ, ...

Сите на страната на филхармоничарите

Време - 14.01.2005

ПОРАНЕШНАТА ДИРЕКТОРКА ВО ОДБРАНА Македонската филхармонија е единствена институција во светот што освен што нема сопствена сала, и таа што ја има треба ја дели со кинопроекциска куќа, изјави Кармен Костова, член на ВМРО-народна и поранешна директорка на Филхармонијата.

Директорот на Филхармонија им ги закатанил столовите на "Скопските солсити"

Вест - 14.01.2005

ЗА БОЖИКНИОТ КОНЦЕРТ ВО ДОМОТ НА АРМ Валери Стефановски правел се да им го минира концертот вели уметничкиот директор на оркестарот Васил Атанасов За Божикниот концерт на Камерниот оркестар "Скопски солисти" директорот на Македонската Филхармонија Валери Стефановски ги врзал со синџири и ги ...

Судбината на Филхармонијата сега во рацете на Министерството за одбрана

Дневник - 14.01.2005

министерството за култура се дистанцира од проблемот Македонската филхармонија ќе бара од Министерството за одбрана да и додели половина од просториите во Домот на АРМ. Директорот на Македонската филхармонија, Валери Стефановски и претседателот на Управниот одбор на филхармонијата, Кирил Рибарски, ...

Филхармонијата се откажа од протестни концерти

А1 - 13.01.2005

Македонската филхармонија се откажа од протестни концерти пред собранието и владата. На директорот Стефановски 20-те илјади евра откуп на договорот на Манаки филм со министерство за одбрана плус отштета - не му се проблем. „Во краjна линија тоа не би смеело да претставува проблем, ниту за ...

Филхармонијата ќе ја откупи киријата на "Манаки филм"

Дневник - 13.01.2005

ПРИСТОЕН ПРЕДЛОГ ДО МИНИСТЕРСТВАТА ЗА КУЛТУРА И ЗА ОДБРАНА Ако на Министерството за одбрана му се потребни парите од киријата што ја договориле со "Манаки филм", тогаш ние сме спремни да ги платиме и тие пари - вели директорот на Македонската филхармонија Македонската филхармонија му предложила на ...

Хуманитарен симфониски концерт

Дневник - 13.01.2005

МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА Македонската филхармонија вечерва во 20 часот во Домот на АРМ ќе одржи хуманитарен концерт за настраданите од земјотресот во Југоисточна Азија. На програмата ќе бидат изведени делата "Франческа од Римини" од Чајковски, "Шпанска рапсодија" од Франц Лист и симфониски танци од ...

Филхармонијата сака да го откупи договорот на "Манаки"

Вест - 13.01.2005

СТЕФАНОВСКИ КОНТРА СТЕФАНОВСКИ Министерот за култура вели дека било решено на државно ниво Министерството за одбрана да и го даде Домот на АРМ на Македонската филхармонија, ама директрот Валери Стефановски нерадо го сакал Домот.

Македонската филхармонија сака да го откупи договорот кој Mанаки Филм го склучи со Министерството за одбрана .

Канал5 - 13.01.2005

Во договорот Манаки филм откупува термини за кино проекции во Домот на АРМ. Директорката на Манаки Филм Татјана Пепељуговска вели дека салата во Домот на АРМ земена за комерцијално користење, а проекциите според неа ќе се одржуваат во термини кога ф Во договорот Манаки филм откупува термини за кино ...

Концерт посветен на настраданите во Азија

Време - 13.01.2005

МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА Македонската филхармонија вечерашниот, прв концерт во оваа година, кој ќе се одржи во Домот на АРМ со почеток во 20 часот, ќе им го посвети на настраданите од земјотресот и од цунами во Југоисточна Азија.

Останавме на маргините во презентирањето на музиЧката култура

Утрински - 12.01.2005

По реакциите на Филхармонијата за салата во Домот на АРМ Јас предлагам новиот театар, кој планираме да го изградиме врз стариот, да може да се користи и како сала за Филхармонијата, со тоа што термините за сите ќе бидат подеднакво поделени-Благоја Стефановски Тина Иванова Музичката јавност деновиве ...

Македонската филхармонија со хуманитарен концерт

Вест - 12.01.2005

ЗАДУТРЕ ВО ДОМОТ НА АРМ Македонската филхармонија првиот концерт во 2005-та го посветува на настраданите од земјотресот и цунами во Југоисточна Азија. На програмата на хуманитарниот концерт се делата "Франческа од Римини" од Чајковски, "Шпанска рапсодија" од Лист и "Симфониски танци" од Рахмањинов.

Новата киносала стартува в петок

Утрински - 12.01.2005

Во Домот на АРМ во Скопје Тања ќурчинска Пепељугоска: 'Манаки филм" има класичен договор за закуп на салата во Домот на АРМ, кој во ниШто не се коси со термините за концерти и за проби на Македонската филхармонија СунЧица Уневска СунЧица УневскаНа 14 јануари ќе почне со работа новата киносала во ...

„Манаки-филм“ не ги узурпира термините на Филхармонијата

Време - 12.01.2005

СЛУЧАЈ „ФИЛМАЏИИ КОНТРА МУЗИЧАРИ“ Ангелина Димоска Македонската филхармонија на средбата со министерот за култура ќе побара да се раскине договорот што Министерството за одбрана го потпиша со „Манаки-филм“ за користење на салата во Домот на АРМ за филмски проекции.

Самите ќе преземеме објект што ни одговара

Дневник - 12.01.2005

МУЗИЧКИТЕ УМЕТНИЦИ АПЕЛИРААТ Синдикатот на Македонската филхармонија ја повика државата конечно да изгради филхармониска концертна сала. Синдикатот вчера испрати писмо со кое побара од ресорните министерства да се погрижат за нашата музичка уметност и конечно да биде изградена концертна сала за ...

Меѓу филмот и музиката

Вечер Прес - 12.01.2005

Кога ќе се всели уште еден потстанар во ист простор, тешко и на двајцата! Но, сигурно, потешко за оној првиот, кој од немајкаде, како единствен (пот)станар многу години, колку-толку, веќе се соживеал со таа улога. Зборуваме за Домот на АРМ, за неговиот 60 години "стар" потстанар - Македонската ...

Кинопроекциите закана и за инструментите вредни милион евра

Време - 11.01.2005

МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА ЈА ГУБИ БИТКАТА СО ДРЖАВАТА Со доаѓањето на „Манаки филм“ во Домот на АРМ и кинопроекциите во салата што ја користи и Македонската филхармонија за своите редовни концерти уште повеќе се радикализира проблемот од недостиг на сопствен концертен простор, вели директорот на ...

Улични свирачи

Дневник - 11.01.2005

Коментар - Тоше Огњанов На Македонската филхармонија конечно и го решија проблемот со просторот: отсега ќе свири на улица. Министерството за одбрана и дистрибутерот "Манаки филм" се договорија концертната сала во Домот на АРМ да биде и киносала, без никој да ја праша Филхармонијата каде и како ќе ...

Филхармонија ќе бара сала со протести

Вест - 11.01.2005

ПО ОДЛУКАТА ВО ДОМОТ НА АРМ ДА СЕ ОТВОРИ КИНО "Ќе имаме проблем со двојните термини со киното , на пример за празнични и други пригодни концерти, гостувања и слично. Од друга страна може да се јави проблем и од безбедносен карактер", вели директорот на филхармоничарите Валери Стефановски ...

Филхармонијата ќе ги има потребните услови за работа

Дневник - 11.01.2005

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА КАТЕГОРИЧНО Ако се утврди дека закупот од страна на "Манаки филм" ќе донесе проблеми во работата на Филхармонијата, Министерството за култура ќе направи се да им овозможи добри услови за работа на филхармоничарите Редовното киноприкажување во салата во Дом на АРМ ќе ја ...

Филхармонијата со протестни концерти пред Собранието и Владата

Дневник - 10.01.2005

ПО ОДЛУКАТА ДОМОТ НА АРМ ДА СТАНЕ И КИНО Македонската филхармонија на располагање ќе ја има салата само во четвртоците, а во другите денови таа ќе функционира како кино Уметниците на Македонската филхармонија, наместо во Домот на АРМ, ќе одржуваат протестни концерти пред Собранието и пред Владата.