TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Македонија живее на црно

Вест - 02.12.2005

ПОРАЗИТЕЛНИ ПОДАТОЦИ Неплаќањето данок достигнува околу 45 отсто од бруто домашниот производ но во нејзиното сузбивање треба да се оди промислено оти дел од населението живее од таа сива економија Високата сива економија и големите даночни затајувања што ги констатираше Европа во мислењето за ...

Државата не сака или не знае да наплати дури 45 отсто од даноците

Утрински - 02.12.2005

Експертите ја критикуваат власта Петковски: Сега, под влијание на процесот на приближување до ЕУ, сакала или нејќела, државата ќе мора посилно да се бори за намалување на даночната евазија НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Државата не сака или не знае да наплати близу половина од даноците што Ј стојат на ...

Владата мора преку контролните механизми да се справи со сивата економија

Канал5 - 01.12.2005

Даночната евазија достигнала размери од околу 45 отсто ненаплатени потенцијални даночни приходи. Владата мора преку контролните механизми да се справи со сивата економија, за ги задоволи стандардите за влез во Европа. Сепак, според експертите настрана останале големите играчи.

Големите ќе плаќаат данок во посебна канцеларија

Време - 29.11.2005

ПРЕЗЕНТИРАНИ РЕФОРМИТЕ ВО УЈП Големите компании в година данокот ќе го плаќаат во нова, посебна канцеларија што ќе се отвори во Управата за јавни приходи (УЈП), најави премиерот Владо Бучковски вчера на презентацијата на реформите во УЈП во Стопанската комора.

Посебна канцеларија за големите даночни обврзници

Вест - 29.11.2005

УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ ЌЕ ГО МЕРИ ЗАДОВОЛСТВОТО НА ФИРМИТЕ ОД КОНТРОЛИТЕ Посебната регионална дирекција за големи даночни обврзници ќе биде лоцирана во Скопје, и ќе го следи работењето на фирмите со голем промет, акцизните обврзници, големите странски инвестиции и обврзницит До средината на 2006 ...

Државата посебно ќе ги оданочува најголемите плаќачи

Утрински - 29.11.2005

Даночните власти во обид да остварат подобра контрола врз обврзниците и поголема наплата на приходите Директорката на УЈП го презентираше пред најмоќните бизнисмени новиот модел кој ќе стартува од јули идната година НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Посебна канцеларија преку која ќе се оданочуваат 100-те ...

Привилегиран третман за најголемите даночни обврзници

Дневник - 29.11.2005

РЕФОРМИ ВО УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ Управата за јавни приходи в година ќе отвори посебна канцеларија преку која најголемите даночни обврзници ќе ги плаќаат даноците. Службите во УЈП посебно ќе ги третираат овие субјекти, од кои државата собира 50 отсто од вкупните даночни приходи.

Канцеларија за стоте најголеми даночни обврзници

Вечер Прес - 29.11.2005

Управата за јавни приходи ќе отвори канцеларија за сто најголеми плаќачи на даноци во земјава, која треба да овозможи поефикасно даночно администрирање. Паралелно со оваа Канцеларија, ќе се формира и друга за големи плаќачи на придонеси во рамки на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, а ...

На фирмите им се олеснува начинот на плаќање даноци

А1 - 28.11.2005

На 100-те најголеми компании од идната година им се олеснува начинот на плаќање даноци. Управата за јавни приходи ќе отвори посебна канцеларија каде по скратена постапка големите фирми брзо и лесно ќе ги завршувале даночните обврски.

Посебен третман на најголемите плаќачи на данок

Канал5 - 28.11.2005

Најголемите плаќачи на данок, ќе добијат своја канцеларија, соодветен третман и обучен кадар што ќе ги сервисира. Ова се дел од реформите во даночната Управа што денеска во Стопанската комора ги презентираше директорката Петра Митева.