TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Легализирање на проституцијата?

А1 - 22.11.2008

Последната акција за приведување уличните проститутки тешко дека ќе промени нешто. Како и во сите акции во изминатите десетина години, по успешната акција и по сликањето, проститутките како и секогаш ќе и се вратат на улицата. Иницијаторите за легализирање на најстариот занает повторно повикуваат дека тоа е единствениот начин да се стави ред во целиот бизнис.

Само една жена макро е во притвор, а против тројца МВР поднесе кривични пријави

Канал5 - 22.11.2008

Од уапсените 25 проститутки и макроа од скопските улици, во притвор заврши само една жена – макро, мајката која ги проституирала двете ќерки. Ќе одговара за посредување и за подведување малолетнички. За посредување при проституција кривични пријави има уште за една жена макро и двајца мажи кои беа приведени во полициската рација.

Студентка бара лица за дружење, без оглед на националноста.

Алфа - 22.11.2008

Студентка бара лица за дружење, без оглед на националноста... Ова е содржината на еден од огласите во весниците преку кои агенциите посредуваат во контакти со студенки, богати вдовици, разведени, масерки, хомосексуалци. Преку СМС, контакт клубовите ви договараат тајна средба со шифрата за која сте заинтересирани.

Приведени над 20 луѓе поврзани со проституција

А1 - 21.11.2008

Во вчерашната голема акција на полицијата во Скопје, во околината на Македонската телевизија приведени се над 20 луѓе поврзани со проституција. Меѓу приведените има и голем број на проститутки. Проститутките моментно се наоѓаат во Државна болница каде им се вршат здравствени прегледи, соопштија од МВР.

Приведени поголем број проститутки и макроа

Телма - 21.11.2008

Полицијата во организирана акција во најголем дел во близината на зградата на МРТВ, уапси 37 проститутки , кои завршија на распит во полициската станица Бит Пазар. Меѓу уапсените има 22 жени и еден маж од 19 до 51 година, а проститутките по етничка припадност се Македонки, Албанки, Ромки, меѓу нив и една малолетничка.

Полициска акција за сузбивање на проституција

Алсат-М - 21.11.2008

Мажи и жени кои години по ред нуделе сексуални услуги, на некои места низ Скопје, синоќа беа уапсени во полициска акција. Во станица беа приведени 25 проститутки и 8 лица кои ги користеле нивните услуги. Сите денеска беа однесени на контрола на Клиниката за инфективни болести. Проститутките се спротивставуваа на овој потег на властите.

Во акција на МВР за сузбивање на проституцијата на улицата кај МКЦ, уапсени 33 лица

Канал5 - 21.11.2008

По ноќното испрашување во станица полицијата утрината ги пренесе проститутките на Инфективната клиника на лекарско тестирање. Дел од девојките приведени во акцијата Улична проституција гневот го истурија на новинарските екипи . Резултатите од тестирањето на проститутките ќе се знаат од утре. Тие што не се заразени ќе платат казна од 600 до 800 евра, заразените може да завршат и во затвор .

Полицијата приведе проститутки од скопје

Сител - 21.11.2008

Македонки, Албанки, Ромки, вкупно 22 сите работеле на црниот пазар и нуделе сексуални услуги. Полицијата ги приведе синоќа, а денеска ги однесе на доктор. Биле фатени на дело, а приведени се и осум клиенти кои ќе бидат искористени за сведочење. Полицијата успеал да пронајде и четири лица кои работеле како макроа, за нив ќе бидат поднесени и кривични пријави.

Чистка на проститутките од скопските улици

Макфакс - 21.11.2008

Полицијата во организирана акција уапси 37 проститутки , кои завршија на распит во полициската станица Бит Пазар. Меѓу уапсените има 22 жени и еден маж од 19 до 51 година, а проститутките по етничка припадност се Македонки, Албанки, Ромки, меѓу нив и една малолетничка.

Полицијата во Скопје приведе 33 лица осомничени за проституција или „макроа“

Кирилица - 21.11.2008

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска на прес - конференција појасни дека полициската акција за сузбивање на уличната проституција синоќа од 20 часот до раните утрински часови е спроведена во близина на МАНУ, основните судови 1 и 2, МКЦ, Адвокатската улица, Апелацискиот и Врховниот суд и во близина на Комерцијална банка.

Од улица на инфективна клиника-уапсени 23 проститутки

Алфа - 21.11.2008

Гневот од апсењето продавачките на Љубов кај МТВ го истурија врз новинарите присутни на полициската рација. Се лутеа оти со комбињата ги однесоа на инфективната клиника за да ги прегледаат дали имаат полови болести. Од инфективна велат дека тестовите што ги направиле врз 21 жена уапсени под сомнение дека се занимавале со проституција ќе бидат готови за една недела.

Полицијата приведе 33 лица поврзани со проституција

Нетпрес - 21.11.2008

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска изјави дека во вчерашната акција, во околината на Македонската телевизија биле откриени и приведени вкупно 33 лица од кои 25 се приведени под сомнение дека се одавале на проституција или посредувале при давање на сексуални односи, додека останатите се приведени поради користење на сексуални услуги.

Полицијата привела над 20 луѓе поврзани со проституција

Нетпрес - 21.11.2008

Во вчерашната голема акција на полицијата во Скопје, во околината на Македонската телевизија приведени се над 20 луѓе поврзани со проституција. Меѓу приведените има и голем број на проститутки. Проститутките моментно се наоѓаат во Државна болница каде им се вршат здравствени прегледи, соопштија од МВР.

Приведени проститутки во Скопје

Форум - 21.11.2008

Полицијата привела 33 лица под сомнение дека вршеле улична проституција, или посредување при вршење проституција, вчера, соопшти МВР. Приведените се од различна националност, а има една албанска и една косовска државјанка. За услугите наплаќале од 500 до 1.000 ден. Поради сомнение дека се пренесувачи на заразни болести, извршен им е медицински преглед.

Муштериите на проститутките под удар на законот

Утрински - 20.11.2008

Се менуваат правилата за сексуален прекршок во Британија. ЛОНДОН - Плаќањето за секс со проститутки кои се под контрола на макроа ќе стане кривичен прекршок во Англија и Велс, изјави секретарот за внатрешни работи, Жаки Смит. Таа рече дека луѓето кои свесно им плаќаат на жени илегално тргувани за сексуални односи би можеле да се соочат со обвиненија за силување.