TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Арафат нуди рака за помирување

А1 - 08.12.2001

Израелски хеликоптери изутрината нападнаа објекти на палестинските власти во појасот Газа. Се уште нема податоци за жртви или повредени во нападите. За време на тричасовните преговори во Тел Авив со посредство на американскиот пратеник Ентони Зини Израелците го одбија барањето на палестинските ...

Израелски авиони го срамнија со земја главниот штаб на палестинската полиција

Дневник - 08.12.2001

БОМБАРДИРАЊЕ ВО ГАЗА Израелски борбени авиони вчера во Газа го бомбардираа главниот штаб на палестинската полиција, при што биле ранети 18 лица, јави Ројтерс. Авионите "Ф-16" до темел го разурнале комплексот од две четирикатни згради во која се наоѓал штабот.

Израелската војска напаѓа палестински цели

А1 - 07.12.2001

Најмалку 18 лица се ранети изутрината во воздушните напади на централата на палестинската полиција во појасот Газа. По дводневна пауза израелски трупи во јужното подрачје на Газа привремено навлегоа во автономните палестински подрачја.

Кратки но сепак, многу важни вести

Вест - 07.12.2001

Токсични материи разболеа петмина од косовската канцеларија на ОН ПРИШТИНА, 7 декември (Ројтерс) - Пет лица вработени во Обединетите нации во Косово се разболеле од токсична супстанција што се наоѓала во едно писмо во Одделот за поштенски пратки.

Палестинската полиција го стави во домашен притвор лидерот на Хамас

Дневник - 07.12.2001

РЕАКЦИЈА НА АРАФАТ ПО ПРИТИСОКОТ ОД ИЗРАЕЛ Палестински полицајци вчера го ставија во домашен притвор духовниот лидер на антиизраелското движење Хамас и со пендреци се обидуваа да ги скротат илјадниците милитанти кои насилно демонстрираа пред домот на својот водач Шеих Ахмед Јасин во Газа, јави ...

Основачот на Хамас во куќен притвор

А1 - 06.12.2001

Припадник на милитантното исламистичко движење Хамас денеска им подлегна на повредите добиени во судирот со палестинската полиција, откако духовниот водач на Хамас беше ставен до домашен притвор. Според палестински извори, починатиот Мохамед Селми е погоден вчера од огнено оружје во судирот со ...

Тројца повреден во нов самоубиствен напад во Ерусалим

Вест - 06.12.2001

Остатоци од бомбашот самоубиец на улицата ЕРУСАЛИМ, 6 декември (Ројтерс) - Еден палестински самоубиствен бомбаш вчера се кренал во воздух во централен Ерусалим при што повредени биле три лица кога бомбата предвремено експлодирала пред хотелот "Хилтон".

Бомбаш—самоубиец се разнесе пред да пронајде цел

Дневник - 06.12.2001

ВО ЕРУСАЛИМ Палестински терорист вчера загинал при неуспешен обид да изврши самоубиствен бомбашки напад во центарот на Ерусалим, јави Ројтерс. При експлозијата биле ранети три лица. Бомбашот носел бомба зајакната со клинци и парчиња метал за да предизвика поголема штета околу себе.

Арафат го обвини Шарон дека не сака мир

Вест - 05.12.2001

Палестинец трча при израелскиот напад на штабот на ПЛО во Газа ЕРУСАЛИМ, 5 декември (Ројтерс) - Палестинскиот претседател Јасер Арафат вчера изјави дека по бранот израелски воздушни напади израелскиот премиер Ариел Шарон не сака да продолжи со мировниот процес.

Израелски проектили за 30 метри го промашиле Јасер Арафат

Дневник - 05.12.2001

БЛИСКИОТ ИСТОК ВО ВОЈНА Израелскиот премиер го обвини Арафат дека стои зад терористичките напади викендов, при кои загинаа најмалку 25 лица Израелската армија вчера вршеше жестоки ракетни напади врз палестинските области, а еден хеликоптер кај градот Рамалах истрелал проектил врз штабот на ...

Бомбардирана командната база на Арафат

А1 - 04.12.2001

Израелската армија со хеликоптери ја нападна командната база на палестинскиот лидер, Јасер Арафат во Рамалах. Се уште не се знае што се случило со Арафат кој се наоѓал во објектот. Одлуката на израелската влада за означување на автономните палестински власти како организација која го поддржува ...

Палестинците протестираа за поддршка на уште повеќе самоубиствени напади

Вест - 04.12.2001

ГАЗА, 4 декември (Ројтерс) - На погребниот марш што се одржа вчера во Газа стотици Палестинци повикаа на нови напади на Израел, а стотина други одржаа демонстрации против апсењето на милитантите. Протетст се одржа наспроти забраната што Палестинската власт ја воведе за собирања на следбениците на ...

Израел донесе одлука за борба против тероризмот

А1 - 03.12.2001

Израелската влада расправа за спроведување соодветни мерки со оглед на палестинските самоубиствени атентати и за понатамошниот однос во борбата против екстремистите. По една средба меѓу израелскиот премиер, Ариел Шарон и американскиот претседател, Џорџ Буш во Вашингтон, од израелскиот владин ...

15 загинаа во бомбашки напад во Хаифа, 12 во Ерусалим

Вест - 03.12.2001

ХАИФА, Израел, (Ројтерс) - Барем 15 луѓе беа убиени вчера и уште дузина беа повредени во бомбашки самоубиствен напад врз автобус, што се претпоставува дека го извршил Палестинец, во северниот израелски град Хаифа, јави израелската полиција и медицинските лица.

Десетици жртви во низа самоубиственинапади во Хаифа и во Ерусалим

Дневник - 03.12.2001

КРВАВ ВИКЕНД ВО ИЗРАЕЛ Седумнаесет луѓе загинале при самоубиствен напад вчера во Хаифа, а десетина луѓе загинале и 150 се ранети при двоен самоубиствен напад на палестински терористи и експлозија на автомобил бомба прексиноќа во Ерусалим При експлозија во автобус во израелскиот град Хаифа вчера ...