TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Откупот на тутунот зема замав

А1 - 24.01.2003

Откупот на тутунот постепено зема се поголем замав. Земјоделскиот лидер Вељо Тантаров го одложи за денеска најавениот протест на тутунарите. И покрај ниските цени и Здружението на тутунопроизводителите ги повика своите членови да го продаваат тутунот за да не се губи во квалитет.

Зајакнува контролата на откупните пунктови за тутун

Утрински - 23.01.2003

За да се утврди дали се почитуваат предвидените законски норми Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство вчера најави дека ќе ја зајакне контролата на откупните пунктови со цел да се утврди дали се почитуваат нормите за откуп предвидени со Законот за тутун.

Тантаров најави протест ако нема премија

Дневник - 23.01.2003

Тутунарите од струмичкиот и од радовишкиот регион в понеделник ќе протестираат пред Владата ако не се исплатат парите за тутунската премија, најави Вељо Тантаров, претседател на Сојузот на земјоделците. - Ова е одлучено на средбата во струмичкото село Сушица, на која присуствуваа околу 1.500 ...

Државата нема да го финансира откупот на тутунот

Дневник - 23.01.2003

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО Владата нема да исплати премија од 30 денари за секој откупен килограм тутун оти таа одлука на поранешната влада не е објавена во "Службен весник", изјави Славко Петров, министерот за земјоделство, на вчерашната средба со новинарите.

Тутунарите нема да добијат премија

А1 - 22.01.2003

Тутунарите нема да добијат премија, бидејќи во ланскиот буџет не се предвидени пари за тоа, им порача денеска на тутунарите министерот Петров и ги повика да не го бојкотираат откупот. Сепак, Сојузот на земјоделците на чело со Тантаров и натаму се заканува со штрајк.

Тутунарите се обеспарени и понижени

Дневник - 22.01.2003

КОМЕНТАР Тутунарите и годинава имаат мака со продажбата на жолтото злато. Откупните претпријатија им нудат преполовени цени, во споредба со цените од ланската реколта. Со просечна цена од 50 или 60 денари за килограм македонскиот тутунопроизводител сигурно ќе стане загрозен вид во сопствената ...

За жолтото злато никој петпари не дава

Дневник - 22.01.2003

БЛОКИРАН ОТКУПОТ НА ТУТУНОТ Тутунарите во Струмичко и во Велешко и вчера, втор ден по ред, го бојкотираа откупот на тутунот, незадоволни од процената на квалитетот и од ниските цени што им ги понудиле - од 40 до 60 денари за килограм.

Расте просечната откупна цена на тутунот

Утрински - 22.01.2003

И годинава се повторуваат проблемите со откупот на жолтото злато АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА Годинешниот откуп на тутунот почна и се одвива со големи потреси во откупната цена, која сў уште не е дефинирана и е различна во различни откупни пунктови, иако преземањето на тутунот во повеќе комбинати ...

Еден килограм тутун колку една кутија евтини цигари

Дневник - 21.01.2003

ТУТУНАРИТЕ ЈА ПРЕКИНАА ПРОДАЖБАТА НА ТУТУНОТ Тутунарите од струмичкиот и во велешкиот регион од вчера го бојкотираат откупот на тутунот поради ниската просечна откупна цена. Во Струмичко откупната компанија "Струмица табак" нуди 60 денари, а во велешките села Извор, Чашка и Иванковци фирмите "Велес ...

Струмичките тутунопроизводители го бојкотираат откупот

Утрински - 21.01.2003

ТУТУН СТРУМИЦА - Тутунопроизводителите од Струмичкиот регион вчера и денеска го бојкотираат откупот на тутунот на сите откупни пунктови на откупувачот "Струмица табак". Причините за тоа, според тутунопроизводителите, се ниската откупна цена која во просек се движи околу 60 денари за килограм и ...

Прекинат откупот на тутунот во Струмица

А1 - 20.01.2003

Просечната откупна цена од 60 денари за еден килограм, нереалното класирање и мерење на тутунот од страна на проценителите на откупувачот „Струмица табак“ се причините поради кои тутунопроизводителите од струмичкиот регион денеска го прекинаа откупот на тутунот на сите откупни пунктови во регионот.

Прилепскиот комбинат не започна со откуп на тутунот

А1 - 20.01.2003

Најголемиот откупен комбинат, прилепскиот, денеска не започна со најавениот откупот. Проблемот е што не се знае ни кога ќе започне. За доцнењето на откупот официјално образложение е од технички причини. Неофицијално, комбинатот нема пари.