TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ал-Масри наследник на Заркави

Време - 17.06.2006

ОТКРИЕН ИДЕНТИТЕТОТ НА НОВИОТ ВОДАЧ НА АЛ КАЕДА ВО ИРАК Египќанецот Абу Ајиб ал-Масри е новиот водач на Ал каеда во Ирак и наследник на Абу Мусаб ал Заркави, кој беше убиен минатата недела во бомбашки напад на американските воздухопловни сили кај Бакуба, соопштила војската на САД во Ирак.

САД не знаат кој е наследникот на ал-Заркави

Вест - 17.06.2006

ВАШИНГТОН, 17 јуни (Ројтерс) - Белата Куќа завчера соопшти дека идентитетот на наследникот на Абу Мусаб ал-Заркави, лидерот на ал-Каеда во Ирак кој загина во американско бомбардирање, е уште непознат. Но портпаролот на Белата Куќа Тони Сноу вели дека минатонеделната смрт на Заркави треба да биде ...

Откриен вистинскиот лик на новиот Заркави

Дневник - 17.06.2006

Разузнавачите сметаат дека новиот лидер на Ал каеда во Ирак е Египќанец и оти бил обучуван во терористички камп во Авганистан Американската војска вчера соопшти дека, според нивните информации, нов лидер на разгранокот на Ал каеда во Ирак е Абу Ајаб ал Масри, јави Ројтерс.

Ирачките власти запленија важни документи на Ал-Каеда

Вест - 16.06.2006

БАГДАД, 16 јуни (Ројтерс) - Ирачките безбедносни сили заплениле документи на Ал-Каеда во Ирак со суштински информации за мрежата на милитантната група и локациите на нивните лидери, соопшти вчера советникот за национална безбедност на Ирак.

Се намалува бројот на напади во Багдад

Време - 16.06.2006

ОПЕРАЦИЈА „ЗАЕДНО НАПРЕД“ Бројот на нападите во реонот на Багдад драстично се намалил откако 75.000 ирачки и американски војници излегоа на улиците на ирачкиот главен град, во рамките на стратегијата на премиерот Нури ал-Малики за воспоставување на ред и мир во Багдад, јави „Си-ен-ен“.

Колибата на Заркави криела важни тајни

Дневник - 16.06.2006

Во документите во терористичкото засолниште имало детали за организациската мрежа на Ал каеда, за локациите на упориштата и за плановите „Почна крајот на Ал каеда во Ирак“, истакнаа вчера ирачки офицери, кои откриле документи со важни информации при претресот на колибата во која со две бомби беше ...

Голема операција во Багдад

Време - 15.06.2006

АКЦИЈА ПО УБИСТВОТО НА ЗАРКАВИ Повеќе од 40.000 ирачки и американски војници вчера се распоредиле низ улиците на Багдад, во рамките на стратегијата на премиерот Нури ал Малики за враќање на безбедноста во ирачкиот главен град, наречена операција Заедно напред.

Ирак воведе нов безбедносен план

Вест - 15.06.2006

БАГДАД, 15 јуни (Би-Би-Си) - Во Багдад беа воведени нови безбедносни мерки за да се стават под контрола улиците во градот. БАГДАД, 15 јуни (Би-Би-Си) - Во Багдад беа воведени нови безбедносни мерки за да се стават под контрола улиците во градот.

Претпазлив оптимизам на Буш при посетата на Ирак

Утрински - 15.06.2006

Буш изјави дека претстојат тешки денови и нови американски и ирачки жртви БАГДАД - Американскиот претседател Џорџ Буш во вторникот беше во ненадејна посета на Багдад, каде што вети дека ќе остане крај новата влада на Ирак сж додека таа може сама да се брани, додека Ал Каеда во Ирак се закани со ...

Новиот лидер на Ал каеда ќе го одмаздува Заркави

Дневник - 15.06.2006

Новиот лидер на Ал каеда во Ирак вети дека терористичката група ќе се одмазди за убиството на нејзиниот лидер Абу Мусаб ал Заркави, јави МИА. - Денот на одмаздата е блиску и вашите моќни кули во Зелената зона нема да ве заштитат - се вели во пишана изјава на Абу Хамза ал Мухаџир, кој го наследи ...

14 мртви во градот на нафтата

Вест - 14.06.2006

КИРКУК, 14 јуни (Ројтерс) - Градот на нафтата Киркук вчера беше цел на бомбашки напади во кои загинаа 14 луѓе на што се гледа како на обид на Ал Каеда да покаже дека смртта на нивниот лидер во Ирак нема да ја запре терористичката група.

Заркави починал од ударниот бран на бомбите

Време - 14.06.2006

АМЕРИКАНСКАТА ВОЈСКА СООПШТИ Водачот на Ал каеда во Ирак Абу Мусаб ал Заркави им подлегнал на повредите од експлозијата на двете бомби што на 7 јули ги фрлиле американските ловци „ф-16“ врз неговото засолниште во близина на Бакуба, покажале резултатите од аутопсијата врз телото на Заркави што ја ...

Буш во ненадејна посета на Ирак

Утрински - 14.06.2006

Поддршка БАГДАД - Американскиот претседател Џорџ Буш вчера пристигна во Ирак, што е негова втора посета на оваа земја по американската инвазија во 2003 година и се очекуваше да се состане со американските војници и со ирачката влада.

Јорданец го наследил Ал Заркави?

Вечер Прес - 14.06.2006

Шеикот Абу Хамза ал-Мухаир е наследник на убиениот водач Абу Мусаб ал Заркави, соопшти на интернет ирачкиот огранок на Ал Каеда. "Абу Хамза ал-Мухаир е брат со искуство во џихадот, но и многу учен. Бог нека му е напомош да го продолжи она што шеикот Абу Мусаб го започна", се вели во соопштението.

Смртта на Заркави го подигна рејтингот на Буш

А1 - 13.06.2006

Смртта на лидерот на ирачкиот огранок на Ал Каеда, Абу Мусаб Ал Заркави, влијаела за благ пораст на рејтингот на американскиот претседател Џорџ Буш. Ова го покажуваат резултатите од испитувањето на јавното мислење што денеска ги објави весникот „УС Тудеј“.

Буш во посета на Багдад

А1 - 13.06.2006

Американскиот претседател Џорџ Буш попладнево пристигна во Багдад, јави ирачката национална телевизија Иракија. Буш во Ирак ќе престојува пет часа, а за посетата, која се случува неколку денови по ликвидирањето на Абу Мусаб ал Заркави, знаеле само малкумина советници и репортери кои дале заклетва ...

Американците разнеле припадници на Ал каеда

Време - 13.06.2006

НАПАДИ ВО ИРАК Американската војска вчера разнела седум припадници на терористичката група Ал каеда, во воздушен напад извршен кај градот Бакуба. Во нападот биле убиени и две деца, јави новинската агенција АФП. Во сличен напад кај истиот град минатата недела, војската на САД го уби командантот на ...

Ал-Заркави бил жив по авионскиот напад на Американците

Утрински - 13.06.2006

Откако првично соопштија дека го пронашле мртов, Американците сега тврдат дека тој бил жив цели 55 минути БАГДАД - Еден американски командант во Ирак во неделата ги отфрли како „несериозни" тврдењата на ирачки очевидци кои изјавија дека лице пред умирање кое многу личело на Абу Мусаб ал-Заркави, ...

Американски војници убија седум терористи на Ал Каеда

А1 - 12.06.2006

Американските сили во Ирак убија седум терористи поврзани со Ал Каеда, во акција блиску до местото на кое минатата недела беше убиен лидерот на ирачкиот огранок на организацијата, Абу Мусаб Ал Заркави. Во соопштението на американската армија се наведува дека на местото на престрелката имало и жени ...

Иран „среќен“ поради смртта на Заркави

А1 - 12.06.2006

Иран е среќен поради смртта на лидерот на Ал-Каеда во Ирак Абу Мусаб ал-Заркави, изјави синоќа портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи. Тој ги отфрли наводите дека Техеран разменувал разузнавачки податоци со Вашингтон што помогнале во неговото пронаоѓање.

Иран среќен поради смртта на Заркави

Време - 12.06.2006

Иран изрази задоволство од убиството на Абу Мусаб ал Заркави. Иран е најголема шиитска држава во светот, а токму шиитите од соседен Ирак беа најчесто цел на нападите на групата на Заркави. - Смртта на Заркави предизвика радост кај Ирачаните, што покажува дека тој беше омразен меѓу ирачкиот народ.

Повеќе од 10 лица ...

Вест - 12.06.2006

АМАРА, 12 јуни - Повеќе од 10 лица се убиени, а десетици ранети вчера изутрина во Ирак, во најновиот бран насилства што не престанува ниту по убиството на лидерот на бунтовниците Абу Мусаб Ал-Заркави. Пет лица настрадаа, а 15 се ранети во престрелка што се случи рано изутрината меѓу вооружени ...

Аутопсија на Заркави и на неговата група

Време - 12.06.2006

НОВИ ОПЕРАЦИИ ВО ИРАК Американската војска испратила воени лекари во Ирак да извршат аутопсија на телото на убиениот командант на Ал каеда, Абу Мусаб ал Заркави, додека ирачката влада најави нови операции за уништување на преостанатите ќелии од неговата група.