TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Бесплатен интернет во следните 7 дена

А1 - 17.06.2007

Користењето на сите интернет услуги од денеска е бесплатно за граѓаните во Македонија, во рамки на владиниот проект „Бесплатен интернет за сите“. Граѓаните можат да воспостават бесплатна интернет конекција со повикување на телефонскиот број 055 858 858 и поврзување со корисничкото име „vladanarm“ и ...

Од недела еден месец џабе интернет

Вечер Прес - 16.06.2007

Граѓаните од недела ќе можат еден месец бесплатно да сурфаат на Интернет, објави вчера министерот за информатика Иво Ивановски. Бесплатната конекција ќе може да се користи со пријавување на телефонскиот број 055 - 858 - 858 и со впишување на корисничко име "владата на рм" и лозинка "остваруваме".

Интернет за пензионери!

Утрински - 13.06.2007

ЕДИТОРИЈАЛ ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА -Интернет! Ами шо е тоа, море, внучко, телевизија ли некоја нова ќе отвораат. Е добро де, кога ќе одморам попладне, ќе гледам. Без пари ќе биде, а? Сигурно нема да ни доаѓа инкасатор месечно да бара пари? - Не, бабо, не е телевизија за гледање.

Владата ни ги зема и муштериите и профитот

Време - 13.06.2007

ПРИВАТНИТЕ ИНТЕРНЕТ-КАФУЛИЊА РЕАГИРААТ Газдите на приватните интернет-кафулиња се поделени околу новиот план на Владата до крајот на годината да им понуди на граѓаните бесплатен Интернет во простории што допрва треба да опремуваат.

Владата ќе отвора бесплатни Интернет кафулиња

Вест - 12.06.2007

До крајот на годината во повеќе градови во Македонија Владата ќе отвори бесплатни државни Интернет кафулиња. Според плановите, бесплатни Интернет кафулиња ќе бидат отворени во Скопје, Битола, Тетово, Струга, Штип, Куманово, Прилеп, Велес, Струмица, Кавадарци, во Гевгелија и ќе можат да ги користат ...

Бесплатен Интернет за пензионери и за млади до 26 години

Време - 12.06.2007

СО ПРОЕКТОТ „ДРЖАВНИ ИНТЕРНЕТ-КАФУЛИЊА“ Во секој град во земјава наскоро ќе има државни интернет-кафеа, преку кои Владата сака да поттикне одредени целни групи во користење Интернет. Услугата бесплатен Интернет е наменета за лица до 26 години, жени над 62 години и мажи над 64 години.

Пензионери и студенти бесплатно ќе сурфаат на Интернет

Утрински - 12.06.2007

Целта на проектот е поголем број луѓе да имаат пристап до информатичката технологија ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА Пензионери и студенти ќе суфраат бесплатно во државни Интернет-кафулиња. Владата поведе иницијатива за отворање државни Интернет- кафулиња, каде што млади до 26 години, како и пензионери, односно ...

Владата ќе отвори бесплатни интернет-кафеа

Дневник - 12.06.2007

Владата ќе отвори бесплатни државни интернет-кафеа во повеќе градови во кои услугите ќе може да ги користат лица до 26 години, жени над 62 и мажи над 64 години . Проектот треба да им овозможи пристап до интернет на што поголем број корисници, претежно млади луѓе.

Бесплатни интернет-кафеа за младите и пензионерите

Вечер Прес - 12.06.2007

Според владиниот портпарол Боцевски, не постои опасност ваквата владина одлука да го загрози бизнисот на приватните интернет-кафеа. Аргумент - имало и во европските земји, иако не напомна ниту една таква Владата до крајот на годината ќе отвори бесплатни државни интернет-кафеа во 20 поголеми градови ...

Владата ќе отвори бесплатни интернет кафеа

А1 - 11.06.2007

Владата ќе отвора државни интернет кафеа во повеќе градови низ Македонија, бесплатно интернет ќе може да користат младите до 26 години и пензионерите, за жени над 62 години и мажи над 64. Владата вели дека овој модел бил европска пракса.

Пензионерите ќе може бесплатно да сурфаат на интернет во државни кафулиња

Канал5 - 11.06.2007

Во обид да го зголеми бројот на интернет корисници во државата, Владата ќе ги вклучува и пензионерите. Ќе може бесплатно да сурфаат во државните интернет кафулиња што ќе се отвораат до крајот на годината во сите поголеми градови низ државата. Интернетот ќе биде бесплатен и за лица до 26 години.

Груевски најави отворање бесплатни Интернет-кафеа за млади

Утрински - 11.06.2007

Под мотото „Нова ера - единство, храброст, одговорност“, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во саботата во Скопје одржа годишна конференција, одбележувајќи 16 години од основањето. Извршниот комитет на УМС, предводен од претседателот Александар Николовски, беше поздравен од претседателот на ...

Бесплатен интернет од 17 јуни

Вечер Прес - 11.06.2007

Премиерот Никола Груевски викендов најави дека Владата, и покрај неколку месечното задоцнување, од 17 јуни ќе овозможи бесплатен интернет за сите граѓани. Со тоа, според него, ќе биде реализирано уште едно од предизборните ветувања.