TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ДПА-ПДП продолжија со протестите во Чаир

А1 - 20.03.2005

Го омекнува ли ДПА ставот за бојкотирање на вториот круг од изборите. Можно е претставници од оваа партија да се појават на средбата кај Бучковски, но со свои условувања. Тие денеска во Чаир ги продолжија уличните демонстрации во знак на протест против нерегуларностите за време на изборите.

Претепан член на ДПА-ПДП од активисти на ДУИ

А1 - 20.03.2005

Претседателот на изборниот штаб на ДПА-ПДП во скопско Моране, Рамадани Емини, се опоравува во Градската болница, откако синоќа бил претепан во селото од, како што тврдат во коалицијата, двајца активисти на ДУИ. Според полицијата, Рамадани се здобил со повреди на главата по куса расправија со ...

Протест на коалицијата ДПА-ПДП во Струга

А1 - 19.03.2005

Протестите на коалицијата ДПА-ПДП, што бара прегласување на првиот круг од локалните избори во местата каде што гласаше албанскиот електорат, денеска продолжија во Струга. Со пароли во стилот „ДУИ, Албанците сакаат да гласаат“, „Глас освоен со масло, брашно и шеќер го потценува дигнитетот на ...

Гласови крадеа македонски функционери и пратеници од Косово

Дневник - 19.03.2005

ПРОТЕСТ НА ДПА-ПДП ВО ГОСТИВАР Коалицијата ДПА-ПДП вчера во Гостивар продолжи со протестите на кои бараат да се поништат изборите во општините каде што гласаа Албанците, зашто смета дека имало масовна кражба на гласови од страна на владејачката ДУИ.

Во Гостивар продолжија протестите на ДПА-ПДП

А1 - 18.03.2005

Во Гостивар денеска продолжија протестите на опозицијата ДПА-ПДП. Низ улиците на градот продефилираа над илјада Албанци, заедно со партиските врвови на ДПА и ПДП. И покрај вчерашните претпоставки на Бучковски дека опозицијата во албанскиот електорат ќе ги прекине протестите и нема да ги бојкотира ...

ДПА ќе го бојкотира вториот круг

Вест - 18.03.2005

Вчера попладне, опозиционата коалиција ДПА - ПДП протестираше од Градскиот плоштад низ улиците до зградата на Општина Тетово, каде раководствата на двете партии формираа своевиден жив бедем со изразена симболика дека нема да им дозволат на ДУИ да ја освојат градоначалничката позиција во градот под ...

ДУИ и ДПА полнеа кутии во Брвеница

Време - 18.03.2005

КАНДИДАТОТ НА „ЗАЕДНО“ ОБВИНУВА Членови на ДУИ и ДПА ги наполниле кутиите на шест избирачки места во Брвеница, по што кандидатите на тие партии влегоа во вториот круг на сметка на кандидатот на коалицијата „За Македонија заедно“, тврдат од изборниот штаб на коалицијата.

„Подобро ДУИ да победи отколку да има крвопролевање“

Време - 18.03.2005

ПРОТЕСТИ НА ДПА И НА ПДП ВО ТЕТОВО Повеќе илјади Албанци од Тетово вчера попладне масовно излегоа на тетовските улици за да бараат поништување на првиот круг од локалните избори. Протестите ги организираа опозициските ДПА и ПДП, кои порачаа дека ќе ги бојкотираат изборите ако Државната изборна ...

ДПА и ПДП најавуваат бојкот на вториот круг

Утрински - 18.03.2005

ПРОТЕСТИ ТЕТОВО - "Почнуваме со Тетово, а ќе продолжиме уште во неколку града. Со овие протести сакаме да дадеме до знаење на јавноста и на меѓународната заедница дека локалните избори во првиот круг поминаа во насилно полнење гласачки кутии во атмосфера на страв, безвластие и несигурност на ...

Да гласаме, а не да се убиваме

Дневник - 18.03.2005

ДПА И ПДП ПРОТЕСТИРАА ВО ТЕТОВО Опозициските албански партии бараат да се поништат изборите во сите општини во кои има албански гласачи и да се казнат фалсификаторите Да се поништат изборите во сите општини каде што гласаа Албанци и да се казнат сите што беа вклучени во фалсификувањето на ...

ДПА-ПДП со протести бараат повторување на првиот круг

А1 - 17.03.2005

Со протест низ централните градски улици и пред зградата на локалната самоуправа во Тетово коалицијатата ДПА-ПДП ги започна активностите со кои го изразува својот револт поради, според нив, нерегуларниот прв круг од локалните избори.

Масовни протести на ДПА против изборниот фалсификат

Време - 17.03.2005

ДЕНЕСКА ВО ТЕТОВО Демократската партија на Албанците денеска во Тетово ќе организира масовни протести за поништување на првиот изборен круг на локалните избори. ДПА најавува и бојкот на вториот изборен круг доколку Државната изборна комисија не го поништи гласањето во првиот круг.

Втор круг за градоначалник ќе се одржи во 66 општини

Утрински - 17.03.2005

Државната изборна комисија прексиноќа ги објави вкупните официјални резултати од изборите за нова локална власт КАТИЦА ЧАНГОВА Во првиот круг од гласањето на локалните избори 2005 се избрани 17 градоначалници од вкупно 84 општини.

Албанските партии целосно ја освоија власта во Струга

Утрински - 17.03.2005

Првиот круг во Општина Струга заврши катастрофално за партиите од македонскиот блок Партиите од албанскиот блок добија 20 советнички места, македонските седум, а за градоначалник ќе се борат кандидатите на ДУИ и на ДПА-ПДП Симон Илиевски СТРУГА - Во новата Општина Струга Албанците ја добија ...

ДПА - ПДП најавија протести во Скопје, Тетово, Гостивар и Струга

Утрински - 17.03.2005

Адвокатите на ексминистерот ќе поднесат приговор на обвинението од Трибуналот ТЕТОВО - "Во сите општини во Македонија, каде што има политички партии на Албанците, бараме да се повторат изборите од првиот круг. Ако не биде исполнето ова наше барање, ќе ги бојкотираме локалните избори во вториот ...

Протестен марш на ДПА и ПДП

Дневник - 17.03.2005

ДЕНЕСКА ВО ТЕТОВО Коалицијата ДПА и ПДП бара да се поништат изборните резултати во сите општини во кои имаат свои кандидати за градоначалници и за советници. Во спротивно, двете партии ќе го бојкотираат вториот круг на локалните избори.

ДПА-ПДП најавуваат бојкот на изборите во вториот круг

А1 - 16.03.2005

Опозициската коалиција ДПА-ПДП најавува бојкот на изборите во вториот круг. Причина за ваквата одлука, како што велат во коалицијата, бил стравот од повторување на сликата од првиот круг - вооружени лица на ДУИ на изборните места, бројни нерегуларности, полнење на кутиите.

ДУИ и ДПА во вториот круг

Време - 16.03.2005

ВО ПОСТИЗБОРНА СТРУГА БЕЗ ИЗНЕНАДУВАЊА Рамиз Мерко од ДУИ и Гарип Каба од коалицијата ДПА-ПДП очекувано ја продолжуваат трката за градоначалник на Струга. Според официјалните резултати на ОИК, од вкупно запишаните 52.663 гласачи на гласање излегле 29.055 или 55,17 проценти.

ДПА ќе организира масовни протести за да ја врати демократијата

Време - 16.03.2005

АКО НЕ БИДАТ ПОНИШТЕНИ ИЗБОРИТЕ Ако не бидат поништени изборите во сите места каде што гласаа Албанците, ние ќе организираме масовни протести за да ја вратиме демократијата во изборниот процес, изјави Арбен Џафери, вчера, на прес-конференција во Тетово.

Неславен дебарски изборен рекорд

Утрински - 16.03.2005

Во Дебар излегоа најмал процент избирачи ДЕБАР - Одѕивот на гласачите во Дебар е многу низок, можеби најнизок во државата, иако се очекуваше повеќе дебарчани да излезат да гласаат на локалните избори. Од вкупно 16.854 избирачи излегле само 38,91 отсто.

ДУИ нема став дали ќе го поддржи Пенов

Утрински - 16.03.2005

Изјава на Ермира Мехмети ТЕТОВО - ДУИ сў уште нема решено дали ќе му даде поддршка на Ристо Пенов во Скопје во вториот круг. Портпаролот Ермира Мехмети пред тетовските новинари рече: "Сў уште немаме став. Претседателството наскоро ќе се определува по ова прашање, но имаме информации дека за ...

Џафери се закани со протестни митинзи

Утрински - 16.03.2005

ДПА-ПДП за изборите ТЕТОВО - “Во Кумановско-липковскиот крај, со асистенција на полицијата врз албанско население е вршен притисок од министерот Садула Дураку и пратеникот Назми Бекири. Во одделни средини врз населението е применет терор, киднапирања, а употребувани се и ,,калашниковиии.

Партиите на Албанците со спротивни оценки за изборите

А1 - 15.03.2005

Политичките партии на Албанците денеска констатираа дека на изминатите локални избори во Македонија биле забележани поголем број на нерегуларности. Во владеачката ДУИ сметаат дека неправилностите немаат поголемо влијание на изборните резултати.

Од 71 општина избрани 16 градоначалници во првиот круг

Вест - 15.03.2005

Во првиот круг на локалните избори избрани се 16 градоначлници, а според обработените резултати од 71 општина, на гласање излегле 872.681 граѓанин со право на глас, односно 57,96 отсто од електоратот, соопшти вчера портапаролот на ДИК Зоран Таневски.

Победа славеа и ДУИ и ДПА-ПДП

Утрински - 15.03.2005

Тетово ТЕТОВО - Карактеристика на изборите во Тетовско е релативно малиот одѕив на електоратот, кој во сите општини е помал од 50 отсто. Според аналитичари, никогаш порано не се памети дека интересирањето за изборите бил олку низок.

Во втор круг кандидатите на СДСМ и на ПДП-ДПА

Утрински - 15.03.2005

Куманово КУМАНОВО - Кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ и коалицијата "За° Зоран Дамјановски-Циц на завчерашните избори во најголемата општина во државава доби 12.231 глас, а кандидатот на коалицијата ПДП-ДПА Шенаси Џељадини 7.057 гласа.

Во ДУИ незадоволни, ДПА и ПДП очекуваат победа во вториот круг

Утрински - 15.03.2005

Меѓусебни обвинувања за полнење на гласачките кутии во албанскиот политички блок Интегративците се незадоволни што не победиле уште во првиот круг во Струга, Чаир и Тетово Албанските политички партии и од власта и од опозицијата се делумно задоволни од резултатите остварени по првиот круг од ...

ДУИ задоволна од првиот круг на изборите

А1 - 14.03.2005

ДУИ генерално е задоволна како се одвивал изборниот процес, но жали што и овој пат имало низа неправилности како полнење кутии забележано во Кондово, Сарај, Бојане, Порој и на улица Цетинска во Тетово, изјави доцна вечерва портпаролот на партијата Ермира Мехмети.

Според ДИК, во првиот круг избрани 16 градоначалници

А1 - 14.03.2005

Државната изборна комисија од 84 општини плус градот Скопје обработи податоци само од 71 општина. Засега се знае дека во првиот изборен круг избрани се вкупно 16 градоначалници. Коалицијата „За Македонија заедно“ победи во 10 општини, Здружената опозиција во една, ДУИ во 3 и коалицијата ДПА-ПДП во ...

Тетово не го доби својот нов градоначалник во првиот круг

А1 - 14.03.2005

Тетово не го доби својот нов градоначалник во првиот круг. Според изборниот штаб на ДУИ, нивниот кандидат Хазби Лика води со 3.000 гласови пред Веби Беџети од ДПА-ПДП. Од спротивниот табор пак коментираат, тесна е победата на Лика, само 650 гласови, и тоа благодарејќи што ДУИ ги украла гласови на ...