TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

СДСМ и ПАСОК ќе ја подобрат соработката

Дневник - 02.12.2005

СРЕДБА ВО СОФИЈА Лидерот на СДСМ Владо Бучковски и претседателот на грчки ПАСОК Јоргос Папандреу вчера во Софија се договориле да се подобри соработката помеѓу двете партии за да се продлабочат и односите помеѓу двете земји. Бучковски и Папандреу се сретнаа при регионалната средба на лидерите на ...

Косово - главна тема на социјалистите од регионот

Утрински - 02.12.2005

Бучковски во Софија Владејачкиот СДСМ и најголемата грчка опозициска партија ПАСОК ќе ја интензивираат соработката со цел да ги продлабочат и односите меѓу двете земји, договориле во Софија премиерот Владо Бучковски и шефот на грчката опозиција Јоргос Папандреу.

Во Софија конференција посветена на Косово

А1 - 01.12.2005

Лидерите на лево ориентираните партии од Балканот загрижени за идниот статус на Косово. Се собраа во Софија и од таму побараа да се најде трајно решение за Косово што ќе гарантира стабилност во регионот. За таа цел тие порачаа дека треба да се обезбеди идно присуство на НАТО и ЕУ во Косово .

Бучковски на собир на левицата во Софија

Утрински - 01.12.2005

НАЈАВА Македонскиот премиер и претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Владо Бучковски, по покана на генералниот секретар на Социјалистичката интернационала, Луис Ајала, и претседателот на Бугарската социјалистичка партија и премиер, Сергеј Станишев, ќе учествува во Софија на ...

Бучковски и Папандреу не разговарале за името

Канал5 - 01.12.2005

Името не било тема на средбата Бучковски – Папандреу денеска во Софија, тврдат за Канал 5 извори во македонската Влада. Премиерот сметал дека пред одлуката за кандидатскиот статус на 15-ти декември не треба да го отвора ова прашање за да не отвори нова спирала реакции кои би можеле да ја доведат во ...

Бучковски: Транзицијата ќе ја замениме со европеизација во 2006

Макфакс - 01.12.2005

Скопје Зборот транзиција ќе го избришеме во наредната година и ќе го замениме со зборот европеизација, им порача премиерот Владо Бучковски на граѓаните во новогодишното обраќање.. Премиерот вели дека „тоа е прво нешто што ќе направиме, за да го одбележиме почетокот на новото време, времето на ...

Премиерот Бучковски во посета на Шведска

Макфакс - 01.12.2005

Скопје Премиерот на Република Македонија Владо Бучковски, денеска ќе престојува во еднодневна работна посета во Шведска. Тој ќе се сретне со неговиот колега, премиерот на Шведска Јоран Першон, со министерката за надворешни работи Лајла Фривалдс и со поранешниот специјален претставник на Европската ...

Социјалистичките сили од Балканот и од Европа, со иницијативи за Косово

Макфакс - 01.12.2005

Софија Социјалистичката интернационала, како и левоориентираните партии од регионот, сакаат активно да учествуваат со свои совети и предлози во претстојните преговорите за Косово. Ова беше соопштено денеска во претседателската резиденција Бојана во Софија, по завршувањето на дискретната средба што ...

Бучковски и Папандреу разговарале во Софија

Макфакс - 01.12.2005

Софија Македонскиот премиер и претседател на СДСМ Владо Бучковски и лидерот на грчката социјалистичка партија ПАСОК Јоргос Папандреу, разговарале во Софија за зајакнувањето на односите меѓу двете партии и меѓу Македонија и Грција, јави попладнево грчката агенција МПА.