TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Бучковски прими почесна титула од софиски колеџ

Утрински - 28.05.2005

Бугарско признание за македонскиот премиер Софија - На премиерот Владо Бучковски вчера во Софија му беше врачена почесната титула доктор Хонорис Кауза од страна на Колеџот за информативни технологии во Бугарија. На церемонијата почесна титула примија и бугарскиот премиер Симеон Сакскобурготски и ...

Бучковски "доктор", Македонија пациент

Дневник - 28.05.2005

Уводник - Катерина Блажевска По наградата за мир доделена од невладина организација во нејасни односи со ОН, македонскиот премиер Владо Бучковски вчера се закити со уште едно признание - почесната титула "доктор хонорис кауза", која му ја додели Колеџот за информативни технологии на Република ...

Бучковски стана почесен доктор на колеџ во Бугарија

Дневник - 28.05.2005

ВЧЕРА ВО СОФИЈА Премиерот Владо Бучковски вчера во Софија ја доби почесната титула "доктор хонорис кауза" на Колеџот за информативни технологии во Бугарија. На вчерашната церемонија почесна титула примија и бугарскиот премиер Симеон Сакскобурготски и ректорот на колеџот, проф. д-р Стојан Денчев.

Бучковски ја прими почесната титула

Вечер Прес - 28.05.2005

На премиерот Владо Бучковски вчера во Софија му беше врачена почесната титула "Доктор Хонорис Кауза" од страна на Колеџот за информативни технологии во Бугарија. На церемонијата ,почесна титула примија и бугарскиот премиер Симеон Сакскобурготски и ректорот на Колеџот проф. д-р Стојан Денчев.

Бучковски: Обележувањето на границата кон Косово е техничко прашање

Вест - 27.05.2005

МАКЕДОНСКИОТ ПРЕМИЕР ОПТИМИСТ ЗА СЕВЕРНАТА ГРАНИЦА Обележувањето на границата на Македонија со Србија и Црна Гора во делот на Косово ќе биде затворено пред отворањето на какви било разговори и преговори за евентуален финален статус, изјави вчера во Собранието македонскиот премиер Владо Бучковски.

Демаркацијата ќе заврши пред решавањето на статусот на Косово

Утрински - 27.05.2005

Премиерот уверен дека разграничувањето со северниот сосед ќе заврши оваа година Бучковски: Административната граница во делот со Косово не е спорна, останува само технички да се спроведе ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА >†Прашањето за обележувањето на границата на Македонија со Србија и Црна Гора, во делот на ...

Прво границата, па решение за статусот на Косово

Дневник - 27.05.2005

СПОРЕД ПРЕМИЕРОТ БУЧКОВСКИ Македонскиот премиер Владо Бучковски, одговарајќи на пратеничко прашање во врска со обележувањето на границата на Македонија со Србија и Црна Гора во делот на Косово ќе биде затворено пред отворањето на какви било разговори и преговори за неговиот евентуален финален ...

Државата ќе ги отвори тајните архиви за Љубе и Јохан

Вечер Прес - 27.05.2005

-Државата е подготвена и парично, но и со пристап на бранителите до сите документи, да им помогне на Бошкоски и Тарчуловски, рече премиерот Владо Бучковски, на вчерашната седница за пратенички прашања, одговарајќи на прашање од Александар Флоровски од ВМРО-Народна.

Пратенички прашања до Владата

А1 - 26.05.2005

Партнер на Македонија во решавањето на прашањето за демаркација на северната граница во делот кон Косово сепак е УНМИК, потврди денеска во Собранието премиерот Бучковски. „Според експертските мислења на нашите експерти, кои се консултирани од МНР, УНМИК го има мандатот да биде нашиот партнер“, ...

Македонија побара од Италија да се активира околу Коридорот 8

Утрински - 26.05.2005

Бизнисмените констатирале дека економските односи меѓу двете земји не соодветствуваат на политичките Проди е убеден дека Македонија ќе добие позитивна оцена за прашалникот Од нашиот известувач БИЛЈАНА ЈОВАНОВСКА РИМ - Претставници на 32 македонски и 57 италијански компании учествуваа на ...

Италија треба да биде водач на Коридорот 8

Вечер Прес - 26.05.2005

"За успешна економска љубов не се доволни само взаемни желби и пријателство, туку се неопходни и поволна бизнис клима, отстранување на административните пречки, зајакнување на институционалниот капацитет", рече премиерот Владо Бучковски, пред околу 100-те македонски и италијански бизнисмени кои ...

ДРУМ: Економската програма на Бучковски е само список на желби

А1 - 25.05.2005

Демократско-републиканската унија за интеграција смета дека економската програма на премиерот Владо Бучковски претставува само список на желби, бидејќи нема временски рок, ниту мерки како ќе се спроведе. Владо Радевски, член на Извршниот комитет на партијата, вели дека го почитуваат трудот на ...

Бучко се поклони на гробот на Кирил и Методиј

Вест - 25.05.2005

Премиерот на Република Македонија Владо Бучковски вчера положи цвеќе на гробот на македонските просветители Кирил и Методиј во црквата Свети Клементе во Рим. На гробот на Свети Кирил е поставена плоча со кирилично писмо, верна на оригиналот во ...

Македонската делегација се поклони на гробот на словенскиот просветител

Утрински - 25.05.2005

По 35. пат во базиликата "Сан Клементе" во Рим, Македонија му оддаде почит на свети Кирил Вчера не се случи најавената средба меѓу премиерот Бучковски и неговиот италијански колега Силвио Берлускони, бидејќи еден ден порано е откажана со официјално образложение "поради неодложни обврски" ОД нашиот ...

Македонија благодарна на свети Кирил

Дневник - 25.05.2005

ЧЕСТВУВАЊЕ ВО РИМ Со почит и благодарност од македонскиот народ кон свети Кирил Солунски, пишува на новата спомен-плоча, која над гробот на сесловенскиот просветител во римската црква "Свети Климент" ја откри премиерот Владо Бучковски.

Ги трпиме истите искушенија

Вечер Прес - 25.05.2005

"Денешниот живот на Македонската православна црква во голема мера личи во времето кога живееле светите браќа. Проблемите и искушенијата што денес ги трпиме, ги трпеле и тие, во поинаква форма, но со истиот дух. И ние сега како тогаш светите Кирил и Методиј, некаконски и нелогично сме обвинувани за ...

Бучко и Анета кај папата

Вест - 24.05.2005

Премиерот Владо Бучковски вчера во Ватикан беше примен од поглаварот на Римокатоличката црква папата Бенедикт Шеснаесетти, во рамките на манифестацијата "Македонија во чест на свети Кирил". Премиерот Бучковски му порачал на папата дека се очекува оти со него ќе продолжат традиционално добрите ...

Папата ја благослови Македонија

Утрински - 24.05.2005

Премиерот Бучковски ја почна официјалната посета на Италија и на Ватикан. Средба со Бенедикт 16. и со кардинал Содано "Инспириран од вашето непроценливо религиско и културно наследство, сакам да ве уверам дека моите молитви се упатени кон саканиот македонски народ кој може да постигне напредок кон ...

Папата во Свети Кирил и Методиј гледа апостоли на македонскиот народ

Дневник - 24.05.2005

ВО РИМ ПОЧНА МАНИФЕСТАЦИЈАТА "МАКЕДОНИЈА ВО ЧЕСТ НА СВЕТИ КИРИЛ" Свети Кирил и Методиј се мост во европската традиција, е ставот што премиерот Владо Бучковски и поглаварот на Католичката црква, папата Бенедикт Шеснаесетти, го искажаа на вчерашната средба во Ватикан, во почетокот на манифестацијата ...

БУЧКОВСКИ ОТИДЕ ВО РИМ АМА НЕ ГО ВИДЕ БЕРЛУСКОНИ. НЕНАЈАВЕНИ ГОСТИ ИЛИ НЕВОСПИТАН ДОМАКИН

Канал5 - 24.05.2005

И ние како тогаш Светите Кирил и Методиј, неканонски и нелогично сме обвинувани за се и сешто негирајќи ни го нашиот национале идентитет, изјави денеска владиката Тимотеј во Рим на чествувањето на денот на светите солунски браќа Кирил и Методиј.

Отворање на Ватиканските архиви

Вечер Прес - 24.05.2005

"Бог да ја благослови вашата земја и македонскот народ. Се надевам дека моите молитви кон македонскиот народ ќе вродат со резултат", му рекол на премиерот Владо Бучковски, папата Бенедикт 16, за време на аудиенцијата. Тој уште еднаш повторил дека го поддржува македонскиот влез во Европската унија.

Папата го потсети Бучковски за воведувањето веронаука

А1 - 23.05.2005

Папата Бенедикт-16 на чествувањето на Св.кирил и Методиј, ја потсети македонската влада на ветувањето за воведување веронаука во основните училишта. Одговорот на Премиерот на ова прашање државната телевизија го цензурираше при преносот и дистрибуцијата на снимката од Рим.

Бучковски ќе се сретне со папата Бенедикт 16. и со Берлускони

Утрински - 23.05.2005

Премиерот од денеска во посета на Италија Претседателот на Владата на Република Македонија, Владо Бучковски, од утре до 26 мај ќе престојува во посета на Рим, Република Италија.Акцент на посетата ќе биде ставен на одржувањето на Бизнис-форумот на македонските и италијанските стопанственици.

ПРЕМИЕРОТ БУЧКОВСКИ ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО ФИНИ И МАРТИНО, МОЛЕБЕН НА ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ

Канал5 - 23.05.2005

Македонска делегација која е во Рим по повод манифестацијата ,, Македонија во чест на Св Кирил“, по 35 пат им се поклони на моштите на светиот брат Кирил во Рим. Делегацијата предводена од премиерот Владо Бучковски освен што го посети гробот на Св Кирил Македонска делегација која е во Рим по повод ...

Скок на БДП за 3,8 насто

Вечер Прес - 23.05.2005

Македонскиот премиер Владо Бучковски, вчера и денес учествува на годишното собрание на Европската банка за обнова и развој -ЕБРД, што се одржува во Белград. Македонскиот премиер, на собирот испрати порака до инвеститорите за определбата на Македонија за развој на регионалниот пазар.