TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ПДП и ДПА молчат, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за рамковниот документ

А1 - 28.10.2001

ВМРО-ДПМНЕ цврсто застанува зад рамковниот документ, по договорените измени за преамбулата и за црквата. Ова, како што дознаваме од високи партиски извори, е епилогот од синоќешната седница на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кој практично е партискиот врв.

Сите уставните амандмани доставени - Седница во среда

А1 - 27.10.2001

По вчера изнајденото компромисно решение околу содржината на уставната преамбула, поттурнато од еврокомесарот Солана, собранието ќе расправа за уставните промени в среда, на што ќе претходи седница на комисијата за уставни прашања закажана за в понеделник.

Солана ја кроеше Преамбулата

Вест - 27.10.2001

НОВ ОБИД ДА СЕ ИСПЕГЛА РАМКОВНИОТ ДОГОВОР Вчера предложен уште еден, најнов текст на Преамбулата: "Ние, припадниците на македонскиот народ, и граѓаните на Македонија кои се дел на албанскиот, турскиот, ромскиот, влашкиот и на српскиот народ, а живеат во "Досега нема никакви резултати, но ...

Важните разговори на Трајковски со Солана го одложија Собранието

Вест - 27.10.2001

"На барање на претседателот Борис Трајковски, донесов решение да ја одложам седницата на Собранието и на Уставната комисија. Одлагањето се должи на важните разговори со Хавиер Солана што можат да имаат решавачка улога во понатамошниот процес на уставните измени", рече Стојан Андов, претседател на ...

За да остане македонскиот, во преамбулата ќе се наредат уште пет народи

Дневник - 27.10.2001

НАЈДЕНА КОМПРОМИСНА ФОРМУЛАЦИЈА За оваа верзија на преамбулата, како и за новиот предлог за МПЦ, се согласиле сите потписници на охридскиот договор "Граѓаните на Република Македонија, македонскиот народ, како и, граѓаните кои живеат во рамки на нејзините граници, кои се дел од албанскиот народ, ...

Разговорите со Солана ги одложија седниците

А1 - 26.10.2001

Собранискиот спикер денеска под знак прашање ја стави содржината на предложените измени на уставот што ги достави претседателот, нагласувајќи оти во тек се „многу важни преговори“ со еврокомесарот Хавиер Солана од кои можат да произлезат „поинакви“ решенија.

Прецизиран текстот на преамбулата

А1 - 26.10.2001

„Граѓаните на Република Македонија, македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во рамките на нејзините граници, кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ и останатите, превземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на својата татковина...

Солана ќе ги убедува Албанците да ја прифатат новата преамбула

Дневник - 26.10.2001

ПРЕТСТАВНИКОТ НА ЕУ ДЕНЕС ВО СКОПЈЕ Високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Хавиер Солана, од синоќа престојува во Скопје, а денеска ќе има интензивни разговори со македонскиот политички и државен врв.

Трајковски бара помош од Буш за новата преамбула

Дневник - 25.10.2001

ВО ПИСМО ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА САД Претседателот Борис Трајковски вчера испратил писмо до американскиот претседател Џорџ Буш, до државниот секретар Колин Пауел и до советничката за национална безбедност, Кондолиза Рајс, во кое бара американска поддршка за новата преамбула во која ќе биде ...

Поддршка од Белград за мировниот план на Трајковски

Дневник - 25.10.2001

РОБЕРТСОН ЗА "ВОЕНАТА ПОМОШ" ОД СРЈ Робертсон и Солана ја одложија посетата на Скопје планирана за денеска, но не се соопштени детали за причините Воената помош што СР Југославија и ја додели на Македонија е поддршка за мировниот план на претседателот Борис Трајковски, оцени завчера генералниот ...

Трајковски од Буш бара дозвола за одредницата „македонски народ“

А1 - 24.10.2001

Претседателот Борис Трајковски денеска со писмо за поддршка на неговиот предлог амандман за останување на одредницата „македонски народ“ во преамбулата се обрати и до американскиот претседател Џорџ Буш. Трајковски во писмото бара отворена поддршка од Буш во убедување на партиите на Џафери и Имери ...

Посетата на Робертсон одложена

А1 - 24.10.2001

Посетата на генералниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон најавена за утре е привремено одложена, потврдија за А1 портпаролите на НАТО и на ОБСЕ, Крег Ретклиф и Харолд Шенкер. Според Ретклиф, од Брисел посетата на Робертсон е одложена за краток период.

Европа најавува прифаќање на преамбулата од Трајковски

Дневник - 24.10.2001

РОБЕРТСОН И СОЛАНА УТРЕ ВО СКОПЈЕ Работата се одвива добро и се очекува процесот со доставувањето на амандманите да биде завршен в петок, велат извори од ЕУ Генералниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, и високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Хавиер Солана, утре ...

Игуаната и преамбулата

Дневник - 24.10.2001

коментар - Бранко Героски Колегите од "Вест" завчера штуро и непрецизно ја раскажаа приказната за една залутана игуана што го завршила својот живот пред Владата, откако некој резервист храбро (не двоумејќи се, велат колегите) ја отепал со пиштол.

Трајковски ја смисли новата преамбула со македонскиот народ во неа

Дневник - 23.10.2001

УТРЕ УШТЕ ЧЕТИРИ АМАНДМАНИ ДО СТОЈАН АНДОВ Робертсон и Солана најавиле уште една посета на Македонија в четврток или петок, за да видат самите како ќе се одвива процесот Претседателот на државата Борис Трајковски до утре ќе поднесе уште четири предлог-амандмани, а в петок се очекува да ги поднесе ...

Новата преамбула на повидок

А1 - 22.10.2001

Предлагачот на уставните измени, претседателот Борис Трајковски планира до среда на собранието да му достави уште 4 предлог-амандмани, а до петок и преостанатите два од вупно 15-те амандмани за измени на уставот, соопштуваат извори во неговиот кабинет.

Амандманите итно, за преамбулата ќе видиме!

Дневник - 22.10.2001

СРЕДБИ НА МИТРЕВА СО ПАТЕН И СОЛАНА ВО БРИСЕЛ ЕУ чека резултати од македонскиот Парламент за да можат да се сретнат донаторите, како и да се реши проблемот на амнестијата Брисел со големо исчекување ќе ги следи настаните во Македонија во текот на неделава, која е клучна за успехот на ...

"Македонскиот народ ќе влезе во преамбулата само заедно со албанскиот"

Дневник - 22.10.2001

ПДП и ДПА не отстапуваат од охридскиот договор Ако некој сака да го внесе "македонскиот народ" во новата преамбула, тоа ќе значи вградување и на одредницата - "албанскиот народ", велат во ДПА ДПА и ПДП нема да дозволат менување на уставната преамбула договорена во Охрид на денешното продолжение на ...