TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Двајца Ирачани загинаа во напад на конвој на САД

А1 - 15.02.2004

Двајца Ирачани се убиени, а тројца повредени при денешниот напад насочен против американски конвој во шиитскиот дел на Багдад, јавуваат локалните медиуми. Напаѓачите истрелале противтенковска ракета кон конвојот, но по грешка го погодиле минибусот со кој патувале Ирачаните, изјави неименуван лекар ...

Војник на САД загина во експлозија на бомба во Ирак

А1 - 13.02.2004

Еден американски војник загина, а двајца други се ранети при експлозија на бомба што се случила синоќа во Багдад. Бомбата била фрлена врз возилото во кое се наоѓале тројцата војници во квартот Абу Гариб во Багдад, соопшти американски воен претставник.

47 мртви во втор самоубиствен напад за два дена во Багдад

Вест - 12.02.2004

БАГДАД, 12 февруари, (Ројтерс) - Бомбаш-самоубиец со кола вчера предизвикал експлозија кај еден ирачки армиски центар за регрутација во Багдад при што загинаа 47 луѓе, со што црниот биланс од нападите против Ирач БАГДАД, 12 февруари, (Ројтерс) - Бомбаш-самоубиец со кола вчера предизвикал експлозија ...

Во експлозија на автомобил-бомба загинаа 47 лица

Утрински - 12.02.2004

За два дена ликвидирани над 100 Ирачани кои соработувале со американските сили Автомобилот бил наполнет со 150-250 килограми пластичен експлозив комбиниран со артилериски гранати за да се максимализира убиствениот ефект БАГДАД - Еден автомобил-бомба вчера експлодира во ирачкиот центар за ...

Нова бомба,нови 50 жртви

Дневник - 12.02.2004

САМОУБИСТВЕН НАПАД ВО БАГДАД Само еден ден претходно во сличен напад јужно од Багдад загинаа 53 ирачки војници Најмалку 47 луѓе загинаа, а уште толку се ранети вчера во самоубиствен бомбашки напад врз регрутен центар за ирачката војска во Багдад, јави Ројтерс.

40 загинати во автомобил бомба во Багдад

А1 - 11.02.2004

Над 40 лица загинаа, а 50 се ранети во денешната експлозија на автомобил-бомба што се случи пред центарот за пријавување на војници за новата ирачка армија во Багдад, соопшти преставник на ирачката полиција. Бомбата експлодирала во 7 часот 40 минутио по локално време, пред центарот каде што имало ...

Автомобил бомба уби 50 регрути во Багдад

Вест - 11.02.2004

ИСКАНДАРИЈАХ, Ирак, 11 февруари, (АП) - Автомобил бомба експлодира вчераизутрина кај една полициска станица јужно од Багдад додека десетици идни регрути стоеле во ред за да се пријават во службата. Болничките власти соопштија дека најмалку 50 луѓе загинале, а други 50 биле повредени.

Автомобил-бомба разнесе 50 лица јужно од Багдад

Утрински - 11.02.2004

Вчера се случи најкрвавиот терористички напад врз Ирачаните кои соработуваат со Американците ИСКАНДАРИЈА - Силна експлозија на автомобил-бомба вчера уби 50 лица во напад на полициска станица јужно од Багдад. Ова е досега најкрвавиот смртоносен напад врз Ирачаните кои се сметаат за соработници на ...

50 лица загинаа од автомобил-бомба во Ирак

А1 - 10.02.2004

Најмалку 50 лица загинаа, а десетици се ранети, во експлозија на автомобил-бомба што денеска се случи во близина на полициската станица, јужно од Багдад, јавија западните агенции, повикувајќи се на лекарски изјави. Според болнички извори, бројот на жртви би можел да биде поголем.