TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Манасиевски: Нема бенефициран стаж за цивилите

Вест - 09.11.2005

Цивилните вработени лица во АРМ и Министерството за одбрана нема шанси да добијат бенефициран стаж. Во било кој систем овие лица како и подофициерите немаат статус на офицери заради што не може да бидат и тие во ист кош како и офицерите.

Офицерите во пензија, а подофицерите - затворски чувари

Утрински - 09.11.2005

МАНАСИЕВСКИ Од 25 идниот месец повеќе нема да постои касарната "11 Октомври" во Струмица, а досегашната Четврта пешадиска бригада ќе биде префрлена во Штип. Во објектите на касарната ќе се преселат противпожарната бригада, униформираниот состав на струмичката полиција, а таму ќе бидат сместени и ...

Подофицерите да ја искористат шансата што им се нуди

Дневник - 09.11.2005

МАНАСИЕВСКИ ВО СТРУМИЦА Заминувањето на 300-те офицери од АРМ во предвремена пензија со 25 години стаж ќе ја чини државата дополнителни 28 милиони евра, изјави вчера министерот за одбрана Јован Манасијевски при посетата на Струмица.

Синдиката на одбраната бара отпуштањето да се направи на праведен начин

Вест - 08.11.2005

Синдикатот на одбраната вчера го повика Министерството за одбрана да ги напушти идеите за редукција на персоналот во одбраната и АРМ да се решава со прогласување на технолошки вишок. " Со предупредувачкиот штрајк сакаме да го натераме Министерот за одбрана Јован Манасиевски намалувањето на воениот ...

Синдикатот на одбраната бара пензионирање со 25 години стаж

Утрински - 08.11.2005

Протест Самостојниот синдикат на вработените во одбраната вчера попладне организираше протест пред Министерството за одбрана како знак на незадоволство од измените и дополнувањата на Законот за служба во АРМ, кои, како што велат во Синдикатот, еднострано се изготвени од страна на министерството, ...

На готовс за генерален штрајк

Дневник - 08.11.2005

ПРОТЕСТ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОДБРАНАТА Армиските синдикалци вчера попладне протестираа пред зградата на Министерството за одбрана (МО), барајќи сите вработени во АРМ да се пензионираат со 25 години стаж. Самостојниот синдикат на вработените во одбраната (ССВО) го организираше протестот и најави ...

Министерот Манасијевски во посета на Струмица

Макфакс - 08.11.2005

Скопје Министерот за одбрана на Република Македонија, Јован Манасијевски денеска ќе престојува во Струмица, соопшти Министерството за одбрана. Во рамките на посетата, во касарната “11 Октомври” во Струмица, министерот ќе одржи брифинг за трансформацијата на 4-та пешадиска бригада, односно ...

Предвремено пензионирање за сите, а не само за офицерите

Вечер - 08.11.2005

Синдикатот на вработените во одбраната - ССВО вчера пред Министерството за одбрана организираше протест поради предлог-измените во законите за одбрана и за служба во АРМ, во чие изготвување тие не се вклучени ниту консултирани.

Протест на Синдикатот на одбраната

А1 - 07.11.2005

Правото на пензионирање со 25 години стаж да важи за сите вработени во АРМ. Ова е основното барање на Синдикатот на одбраната што штотуку ги започна протестите пред ресорното министерство. Синдикатот пред еден месец ги прекина преговорите со Министерството за одбрана, откако околу 800 вработени беа ...

Доста ни е од кафе-муабети кај министерот Манасијевски

Дневник - 07.11.2005

ДЕНЕСКА ПРОТЕСТ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОДБРАНАТА Самостојниот синдикат на вработените во одбраната (ССВО) денеска во 16 часот ќе протестира пред зградата на Министерството за одбрана поради незадоволството од начинот на намалување на бројот на вработените во АРМ и во МО.

Протест на синдикатот за одбрана

Канал5 - 07.11.2005

Самостоен синдикат на вработените во одбраната протесити пред Министерството за одбрана (MO), причина незадоволството од намалувањето на бројот на вработените во АРМ и МO. Вработените во армијата протестираат. Неприфатливо е велат само офицерите да можат да се пензионираат со 25 години стаж.

Синдикатот на одбраната денеска на протест пред Министерството

Макфакс - 07.11.2005

Скопје Синдикатот на вработените во одбраната за денеска најави одржување протест пред зградата на Министерството за одбрана (МО), поради намерата на министерот и на Владата да прогласи технолошки вишок во Армијата и поради одбивањето да се дозволи пензионирање со 25 години работен стаж.