TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Поворката на Јустинијан 1 го освои Калето

Утрински - 13.05.2006

ФОТОВЕСТ И покрај поројниот дожд, поворката на императорот Јустинијан 1 завчера вечерта тргна од плоштадот "Македонија" и заврши на скопско Кале. Таму пред малубројниот насобран народ се обрати градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски, кој ја поздрави манифестацијата.

Дождот му одмогна на Јустинијан

Вечер Прес - 13.05.2006

Дождот беше причината што прексиноќа на скопското Кале, на отворањето на манифестацијата "Денови на Јустинијан Први" публиката не можеше комплетно да ја доживее доброосмислената програма во чест на роденденот на овој славен византиски император, наш сограѓанин.

Започнаа деновите посветени на градителот на Јустинијана Прима

Утрински - 12.05.2006

Со научен симпозиум отворени "Деновите на Јустинијан 1" Културно-историската манифестација "Денови на Јустинијан 1", посветена на еден од најголемите императори во историјата на Византија, свечено беше отворена вчера со научниот симпозиум "Скопје меѓу античкото и модерното време" во библиотеката ...

Македонија ги чествува деновите на Јустинијан Први

А1 - 11.05.2006

Македонија се сети да ги чествува деновите на Јустинијан Први. Најголема неправда е да се заборави некој кој најмногу допринел за овој град, констатира научната јавност. Јустиниан први потекнува од денешно скопско Таор, роден во 483 година.

Спој на античко и на модерно Скопје

Време - 11.05.2006

ПОЧНУВААТ ДЕНОВИТЕ НА ЈУСТИНИЈАН Со отворање на научниот симпозиум „Скопје меѓу античкото и модерното време“ денеска во 14 часот почнува тридневната културно-историска манифестација „Денови на Јустинијан Први“. Манифестацијата му е посветена на еден од најголемите императори во историјата на ...

Се уредува Калето за деновите на Јустинијан

Време - 11.05.2006

„ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“ Скопското Кале ќе се уредува поради дел од програмата на манифестацијата „Денови на Јустинијан“, која ќе се одржи на тврдината, информираат од ЈП „Паркови и зеленило“. - Зеленилото околу Калето се искоси, а со нови штици се обнови летната бина на Калето.

Манифестација во чест на Јустинијан Први

Дневник - 11.05.2006

Со голем огномет на скопската тврдина Кале вечерва, во 20 часот свечено ќе биде отворена манифестацијата „Денови на Јустинијан Први“. Манифестацијата ќе трае три дена, се одржува прв пат и има тенденција да прерасне во традиционален хепенинг кој ќе го потврдува културниот и историскиот идентитет и ...

Денови на Јустинијан I

Утрински - 11.05.2006

Тридневна манифестација во Скопје Со свечено отворање на научниот симпозиум "Скопје меѓу античкото и модерното време", денес во 14 часот во Градската библиотека "Браќа Миладиновци" ќе започне тридневната манифестација "Денови на Јустинијан И".

Јустинијан Први, сограѓанинот император

Вечер Прес - 11.05.2006

Со свечено отворање на научниот симпозиум "Скопје меѓу античкото и модерното време" денеска (14 ч., библиотека "Браќа Миладиновци") започнува културно-историската манифестација посветена на еден од најголемите императори во историјата на Византија - "Денови на Јустинијан Први".

Денови на Јустинијан Први

Вест - 08.05.2006

ЗА ПРВПАТ ВО СКОПЈЕ Манифестацијата "Денови на Јустинијан Први" првпат ке се одржи годинава од 11 до 13 мај во Скопје, во чест на годишнината од раѓањето на еден од најголемите византиски императори Јустинијан Први, роден во денешното село Таор во околината на Скопје.

Денови на Јустинијан во Скопје

Време - 08.05.2006

ИСТОРИСКО-ТУРИСТИЧКА АФИРМАЦИЈА НА ГЛАВНИОТ ГРАД Културно-историската манифестација „Денови на Јустинијан “, посветена на еден од најголемите императори во историјата на Византија, ќе се одржи во Скопје, во периодот од 11 до 13 мај.

Кочијата на Јустинијан Први во Скопје

Вечер Прес - 08.05.2006

Манифестацијата "Денови на Јустинијан Први", посветена на еден од најголемите императори во историјата на Византија, ќе се одржи од 11 до 13 мај. Годинава, првпат, ќе се слави името на "нашиот сограѓанин", Јустинијан Први. Поводот е и годишнина од раѓањето (11 мај 483 г. - 13/14 ноември 565 г.).