TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

САД сакаат решение за името и го поддржуваат Нимиц

Макфакс - 31.10.2008

Официјален Вашингтон ќе продолжи да го поддржува процесот што медијаторот Метју Нимиц го води за решавање на разликите околу името меѓу Атина и Скопје, соопшти американскиот Стејт департмент. „Очигледно е дека ние (САД) сакаме да видиме решение на македонското прашање за името. Нимиц работи на надминување на разликите.

СДСМ и „бугарашите“ конечно настапуваат со заедничка платформа

Нова Македонија - 31.10.2008

За збунетите Македонци претставува вистинска енигма како да ги урамнотежат своите традиционални сфаќања за пријателство, партнерство, своето поимање на поддршката со демонстрирањето на отворено политичко насилство, притисок, закани и уцени кои ни ги упатуваат нашите евро-атлантски пријатели.

Атина незадоволна од мешањето на САД во спорот со името

Макфакс - 30.10.2008

Шефот на грчката дипломатија, Дора Бакојани изразила незадоволство од мешањето на САД во спорот за името, откриено по објавувањето на американски дипломатски документ. „Едно е да се изрази интерес за поттикнување и помагање на преговорите, а друго е обид за директно или индиректно саботирање“, посочила Бакојани пред парламентарната Комисија за одбрана и надворешна политика, пренесува грчкиот ...

Македонските преговарачи во спорот со името Никола Димитров и Мартин Протуѓер попладнево му ги пренесоа забелешките на медијаторот Метју ...

Макфакс - 30.10.2008

Димитров – Ги реафирмиравме аргументите што се во интерес на Македонија. Њујорк /29/10/ 17:40. Македонските преговарачи во спорот со името Никола Димитров и Мартин Протуѓер попладнево му ги пренесоа забелешките на медијаторот Метју Нимиц. Димитров и Протуѓер на Нимиц му ги пренеле познатите позиции на Република Македонија во однос на неговиот последен пакет идеи, јавија електронските медиуми.

Преговарачите во Њујорк го бранеле националниот интерес

Нова Македонија - 30.10.2008

Македонија се залага за компромис и за продолжување на преговорите со Грција, но ниту по една цена нема да тргува со националниот идентитет. Ова е пораката што македонските преговарачи Никола Димитров и Мартин Протоѓер му ја пренеле на медијаторот во спорот за името, Метју Нимиц, на вчерашната средба во Њујорк. - Разговаравме за процесот.

Димитров и Протуѓер на средба со Нимиц

Макфакс - 29.10.2008

Македонските преговарачи во спорот со името, Никола Димитров и Мартин Протуѓер, денеска на средба со медијаторот Метју Нимиц ќе ги соопштат забелешките што Македонија ги има во врска со неговиот последен предлог. Одлуката на македонскиот државен врв дојде по неодамнешната посета на заменик помошникот на државниот секретар на САД Стјуарт Е. Џонс на Македонија.

На Грција не и се брза за името

Макфакс - 29.10.2008

Атина ниту брза, ниту успорува во врска со решавање на прашањето за разликите со Скопје околу името. Ова денеска го изјави шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани на состанокот со парламентарните комисии за надворешна политика и безбедност, на кој информираше за текот на процесот на разговорите за изнаоѓање решение за името.

На Нимиц повторно му се презентираат македонските национални интереси

Вечер Прес - 29.10.2008

На Нимиц повторно му се презентираат македонските национални интереси. Црвенковски, кој е автор на референцата ПЈРМ, прво рече дека за него е прифатливо името Република Македонија (Скопје), нешто што воопшто не е предмет на разговори, за сега да се огласи за да се амнестира себеси како претседател на државава, и одговорноста ја префрла само на Владата, која е само дел од извршната власт, па вели ...

Нимиц ќе го слушне македонскиот став за предлогот

Нова Македонија - 29.10.2008

Преговарачите Никола Димитров и Мартин Протоѓер денеска во Њујорк ќе се сретнат со посредникот Метју Нимиц, кој од нив очекува да го слушне ставот на македонскиот државно-владин врв за последниот пакет предлози за името. Неизвесно е кој став ќе му го пренесат преговарачите на Нимиц, бидејќи државно-владиниот врв по двете заеднички средби не излезе со информација дека е постигнат договор и дали ...

Димитров и Протуѓер на Нимиц ќе му ги соопштат забелешките

Макфакс - 28.10.2008

Македонските преговарачи во спорот што го има Грција со името на Македонија, Никола Димитров и Мартин Протуѓер, денеска заминуваат за Њујорк. Двајцата преговарачи треба на медијаторот Метју Нимиц да му ги соопштат забелешките што ги има Македонија на неговиот последен предлог.

Фрид: Решете го спорот со името за пет недели

Макфакс - 28.10.2008

Останаа уште пет недели до министерскиот состанок на НАТО и тоа време искористете го за наоѓање решение за името. Ова, како што пренесе Алсат, доцна синоќа во Вашингтон го порача американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Даниел Фрид.

Спорот со името да се реши за пет недели

Вечер Прес - 28.10.2008

Останаа уште пет недели до министерскиот состанок на НАТО и тоа време искористете го за наоѓање решение за името, изјавил американскиот помошник државен секретар Даниел Фрид, пренесуваат агенциите. Според него купувањето време нема да помогне и нема да го олесни преговарачкиот процес.

Бакојани: Во ЕУ и во НАТО само со решено име

Нова Македонија - 28.10.2008

Шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани повторно се закани дека Грција ќе ја блокира интеграцијата на Македонија во ЕУ и во НАТО сè додека не се најде решение за името, пренесува МИА. - Атина ќе се согласи Скопје да стане дел од ЕУ и од НАТО само кога ќе постигнеме договор за заемно прифатливо решение за името - истакна Бакојани во интервјуто за грчкиот весник „Та неа“.

Даниел Фрид: Предлогот на Нимиц е добар, искористете го

Нова Македонија - 28.10.2008

Ако Македонија влезе во ЕУ и во НАТО, ако ги развие и својата демократија и економија, тоа ќе биде потврдата за вашиот идентитет, смета Даниел Фрид, американскиот помошник-државен секретар за европски и евроазиски прашања. Во разговорот со група македонски новинари во Вашингтон, Фрид изјави дека е грешка ако се мисли дека идентитетот е заробеник на целата оваа ситуација.

Атина: Членството на Македонија во ЕУ и НАТО ќе биде блокирано без решение за името, изјави Бакојани

Р.С.Европа - 27.10.2008

Шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани повторно се закани дека Грција ќе ја блокира интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО се додека не се најде заемно прифатливо решение за името. Таа во интервју за весникот Та неа вели дека Грција застапува доследна позиција во преговорите за името и има цел да се најде решение.