TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Доживотна пензија за Ракометарките ако освојат медал

Телма - 07.12.2008

Македонските ракометарки ќе добијат спортско признание, доживотна пензија доколку освојат медал (златен,сребрен или бронзен) на Европското првенство. Ракометарките по вчерашната победа над Србија успеаја да се пласираат во вториот круг на ЕП и ќе добијат по 10.000 илјади евра за секоја наредна победа во овој круг.

Прием по повод пласманот на македонската репрезентација на ЕП

Алсат-М - 07.12.2008

Агенцијата за млади и спорт денеска ги прими ракометарките на македонската репрезентација кои успешно ја завршија првата фаза од Шампионатот. Директорот Драган Ѓурчевски рече дека Агенцијата во соработка со Ракометната федерација имаат предвидено и награди во случај Македонија да забележи успех на овој европски шампионат.

АМС им честиташе на ракометарките за досегашниот успех на Европското првенство

Нетпрес - 07.12.2008

Денеска во ресторанот “Дал Мет Фу“ по повод пласманот на Македонската женска ракометна репрезентација во вториот круг на Европското првенство во ракомет, директорот на агенција за млади и спорт Драган Ѓурчевски организираше прием на репрезентативките на кој им го честита успехот и им се заблагодари на радоста која ја приредија за целата Македонска јавност.

Македонските ракометарки за освоен медал со доживотна пензија

Макфакс - 07.12.2008

Македонските ракометарки ќе добијат спортско признание, доживотна пензија доколку освојат медал (златен,сребрен или бронзен) на Европското првенство. Ракометарките по вчерашната победа над Србија успеаја да се пласираат во вториот круг на ЕП и ќе добијат по 10.000 илјади евра за секоја наредна победа во овој круг.

ЕП:Против Србија од нула

Алсат-М - 06.12.2008

Нашите ракометарки натпреварот за "спас " и опстанок на Европското првенство ќе играат вечерва против Србија. За пласман во новоформираната група од втората фаза на Македонија ќе и биде доволно и ...

ЕП: Македонија ја победи Србија

Алсат-М - 06.12.2008

Македонската ракометна репрезентација обезбеди пласман во следната рунда на Европското првенство откако вечерва во Скопје ја совлада репрезентацијата на Србија со резултат 31-30.

Скопје: Македонија ја победи Хрватска на ЕП во ракомет

Р.С.Европа - 05.12.2008

Македонските ракометарки синока во салата Борис Трајковски во Скопје ја победија репрезентацијата на Хрватска со 31:29. Ова е прва победа на Македонија во рамките на европското ракометно првенство за жени.

Зошто се лути премиерот?

Утрински - 05.12.2008

Премиерот Никола Груевски дозволи да покаже суетност во јавноста, одбивајќи да го прогласи за отворено осмото Европско ракометно првенство во женска конкуренција. Причини има две.

Србите остро реагираат за организацијата на ЕП во ракомет

Макфакс - 05.12.2008

Сериозни забелешки за организацијата на Европското првенство во ракомет за жени во Македонија упати српската ракометна федерација, посочувајќи дека замерки на организацијата има и Европската федерација (ЕХФ).

Груевски се налутил

Вест - 04.12.2008

Премиерот Никола Груевски и се налутил на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) и го откажал своето учество во церемонијата на свеченото отворање на Европското првенство во ракомет за жени. Груевски се појави во салата "Борис Трајковски" и беше највисокиот гостин во ложата, но, иако беше најавено, тој не излезе на теренот за да го прогласи првенството за отворено.

Србите остро реагираат за организацијата на ЕП во ракомет

Алсат-М - 04.12.2008

Сериозни забелешки за организацијата на Европското првенство во ракомет за жени во Македонија упати српската ракометна федерација, посочувајќи дека замерки на организацијата има и Европската федерација (ЕХФ). „Не е лесно да се организира Европско првенство, особено кога во прашање е инфраструктурата... кога објектите и искуството на луѓето кои го работата тоа, не е доволно.

ЕХФ нема забелешки на организацијата на ракометното првенство

Алсат-М - 04.12.2008

Европската ракометна федерација (ЕХФ) нема никакви посериозни забелешки околу организацијата на Европското првенство (ЕП) што се одржува во Македонија. Ова денеска за Макфакс го изјави координаторот на организациониот одбор на ЕП во ракомет во жени Христо Бошковски, по сериозните забелешки, што раководството на српската ракометна федерација го изнесе, зборувајќи и во име на ЕХФ.

Ав, ав, Шарко (не) лае...

Н.Македонија - 04.12.2008

Каде да си ја купам маскотата на ЕП 2008 Шарко? А оние знаменцата што ги има по такси-возилата, каде се продаваат? Зошто нема реклами, билборди, кампања...? Кој да одговори на сиве овие прашања што ги поставуваат обичните граѓани, кои малку од малку се информирани дека Скопје и Охрид се домаќини на најголемиот спортски настан што и се случил на нашата држава во последните 30 години - Европското ...

ЕП: Вечерва Македонија - Хрватска

Алсат-М - 04.12.2008

На првиот натпревар на Европското првенство за жени кој се одржува во земјава, ракометарите на Македонија претрпеа пораз од фаворитот Германија.

Србија ја критикува организацијата на Европското ракометно првенство

Алсат-М - 04.12.2008

Европското првенство во ракомет за жени кој се одржува во Македонија само што започна, а српската делегација зборувајќи во свое име и во име на Европската федерација испрати сериозни критики за организацијата.

Ракометно првенство

Алфа - 04.12.2008

Европската ракометна федерација задоволна од организацијата на првенството во Македонија,велат дека сите проблеми биле надминати, но трибините во Скопје и Охрид остануваат речиси прази и без гледачи од ...

ЕП: Македонија ја победи Хрватска

Алсат-М - 04.12.2008

Македонската женска ракометна репрезентација ја извојува првата победа на Европското ракометно првенство. Македонските ракометарки ја совладаа репрезентацијата на Хрватска со 31:29 вечерва во преполната сала ...

ЕХФ нема забелешки на организацијата на ракометното првенство

Макфакс - 04.12.2008

Европската ракометна федерација (ЕХФ) нема никакви посериозни забелешки околу организацијата на Европското првенство (ЕП) што се одржува во Македонија. Ова денеска за Макфакс го изјави координаторот на организациониот одбор на ЕП во ракомет во жени Христо Бошковски, по сериозните забелешки, што раководството на српската ракометна федерација го изнесе, зборувајќи и во име на ЕХФ.

Скопје: Македонија со пораз ги започна настапите на ЕП во ракомет

Р.С.Европа - 03.12.2008

Македонската женска ракометна репрезентација на почетокот од европското првенство синоќа во Скопје загуби од Германија со 25-22. Во другиот натпревар од оваа група Хрватска ја совлада Србија со 30-26. 
На 8-то ЕП чиј домаќин до 14 декември е Македонија, учествуваат 16 европски селекции поделени во четири групи.

Промашена промоција

Утрински - 03.12.2008

Шуќур што почнаа телевизиските преноси, па луѓето во Македонија дознаа дека во земјава се одржува Европско првенство за ракометарки. Одговорните за промоција на најголемиот спортски настан во државава по осамостојувањето, очигледно, покажуваат поголеми афинитети за - пинг-понг.

Автогол со Европското

Дневник - 03.12.2008

Една од најголемите шанси за меѓународна афирмација на нашава земја, Европското ракометно првенство во Македонија, пропадна уште пред да почне најголемиот европски настан. Со минимална промоција на наста нот, каква што досега има, веројатно само оние што го сакаат ракометот ќе знаат дека Скопје и Охрид се домаќини на 16-те најдобри женски репрезентации во Европа.Единствените вистински реклами во ...

Нема ниту една туристичка понуда за ракометното првенство

Алфа - 03.12.2008

Од бизнис рај и лулка на кутрурата како што Македонија се престауваше низ рекламите во свестките медиуми како што е CNN, ЕURONEWS Фајненшл тајм сега се претвори во тажно место за живеење и сиромашна земја како што не опишаа странските ракометарки. Според маркетинг експертот Филип Петрески Македонија ја прокоцка шансата да се промовира во европски центар барем во траење од две недели.

Поевтини билети на натпреварите од ЕП во ракомет во Охрид

Макфакс - 03.12.2008

Организаторите на Европското првенство во ракомет за жени, ЕХФ и РФМ, ја намалија цената на билетите за натпреварите од Европското првенство што се играат во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид. Наместо 900 денари, колку што беше до сега, цената на блок билет за два натпревари ќе чини само 300 денари, информираат од салата “Билјанини извори“.

Европско првенство во ракомет

BBC - 02.12.2008

Со натпреварот помегу Македонија и Германија денеска и официјално ке биде означен стартот на осмото европско ракометно првенство за жени. Но наместо соодветна промоција за земјава во мегународни рамки, во градовите Охрид и Скопје каде ќе се играат натпреварите, нема ниту една плаката или билборд со најава за првенството.

Маалска организација

Време - 02.12.2008

Европското првенство во ракомет во женска конкуренција како да не & се случува на Македонија. Вредните организатори заборавија да го промовираат големиот настан и да ја заинтригираат јавноста за тоа што ќе се случува во нашата земја во наредните 12 денови. Ракометната федерација ја доби организацијата на 8.

Скопје: Од денеска во Скопје ЕП во ракомет

Р.С.Европа - 02.12.2008

Шестнаесет европски репрезентации во женски ракомет од денеска до четиринаесетти овој месец ќе се натпреваруваат на Европското првенство што се одржува во Македонија. Натпреварите ќе се играат во четири групи во Скопје и во Охрид. Македонија се наоѓа во групата со Германија, Хрватска и Србија.

Државно фијаско

Вест - 02.12.2008

Македонија во наредните две недели ќе биде ракометна Европа во мало. Почнува осмото Европско првенство во ракомет за жени и, според сите објективни показатели, тоа ќе биде најскапото, најмасовно, најкомплексно и најквалитетно спортско натпреварување што досега се одржало кај нас.

Македонија домаќин на европската женска ракометна елита

Телма - 02.12.2008

Македонија од денеска до 14 декември ќе биде домаќин на 8-то Европско првенство во ракомет за жени - сениорки. Во спортските сали „Борис Трајковски“ во Скопје и во „Билјанини извори“ во Охрид, ќе настапат вкупно 16 европски селекции поделени во четири групи. Во групата А ќе се натпреваруваат Франција, Унгарија, Данска и Романија.

Започнува Европското првенство во ракомет

Алсат-М - 02.12.2008

Најдобрите 16 европски репрезентации во женски ракомет од денеска ќе се борат за титулата најдобар на континентот, на Европското првенство што до 14 декември ќе се одржува во Македонија. Натпреварите ќе се играат во четири групи во спортските сали „Борис Трајковски“ во Скопје и „Биљанини извори“ во Охрид.

Македонија домаќин на Европското ракометно првенство за жени

Алфа - 02.12.2008

Македонија од денеска до 14 декември ќе биде домаќин на 8-то Европско првенство во ракомет за жени - сениорки. Во спортските сали „Борис Трајковски“ во Скопје и во „Билјанини извори“ во Охрид, ќе настапат вкупно 16 европски селекции поделени во четири групи. Во групата А ќе се натпреваруваат Франција, Унгарија, Данска и Романија.

Дел од скопјани не ни знаат за Европското ракометно првенство

Алфа - 02.12.2008

Најскапиот и најголемиот спортски настан кој се организира во поновата историја на Македонија поминува незабележано. И покрај потрошените пари за организација на првенството, 20 милиони евра за изградбата на салата Борис Трајковски и организациските трошоци од 1,5 милиони евра, единествен белег дека во Скопје се организира ваков голем настан се знаменца на дел од такси возилата низ Скопје.

ЕП: Македонија поразена од Германија

Алсат-М - 02.12.2008

Македонската женска ракометна репрезентација загуби од Германија со 22:25 во својот прв натпревар во групата Д од 8-то Европското првенство кое се одржува во Македонија. Нашата репрезентација во салата Борис Трајковски во Скопје по почетната слаба игра кога Германија уште во првите минути направи водство од 3:0 успеа да се врати во игра.

Хрватска со победа го отвори Европското првенство во ракомет за жени

Алсат-М - 02.12.2008

Стартуваше натпреварувачкиот дел од 8. Европско сениорско ракометно првенство за жени, кое се одржува во Македонија. Во воведниот натпревар одигран во салата "Борис Трајковски", во рамките од групата Д, од која дел е и нашата селекција, репрезентативките на Хрватска со 30:26 славеа над Србија.

Денеска почнува 8-то Европско ракометно првенство за жени

Кирилица - 02.12.2008

Македонската телевизија ќе врши преноси од натпреварите во двете сали, според стандардите што ги бара Европската ракометна федерација (ЕХФ) и нивниот партнер Инфронт, за што има ангажирано околу 160 ...

Започнува Европското првенство во ракомет

Макфакс - 02.12.2008

Најдобрите 16 европски репрезентации во женски ракомет од денеска ќе се борат за титулата најдобар на континентот, на Европското првенство што до 14 декември ќе се одржува во Македонија. Натпреварите ќе се играат во четири групи во спортските сали „Борис Трајковски“ во Скопје и „Биљанини извори“ во Охрид.

Во Скопје и Охрид утре стартува Европското ракометно првенство за жени

Алсат-М - 01.12.2008

Македонија од утре до 14 декември ќе биде домаќин на 8-то Европско првенство во ракомет за жени - сениорки. Во спортските сали „Борис Трајковски“ во Скопје и во „Бијалнини извори“ во Охрид, ќе настапат вкупно 16 европски селекции поделени во четири групи. Во групата А ќе се натпреваруваат Франција, Унгарија, Данска и Романија.

Почнува Европското ракометно првенство за жени во Македонија

Алсат-М - 01.12.2008

Македонија од утре до 14 декември ќе биде домаќин на 8-то Европско првенство во ракомет за жени - сениорки. Во спортските сали „Борис Трајковски“ во Скопје и во „Билјанини извори“ во Охрид, ќе настапат вкупно 16 европски селекции поделени во четири групи. Ден пред почетокот на Европското првенство во ракомет за жени, спортската атмосфера во земјава се вжештвува.