TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Повторување на изборите во Прешево и Бујановац

А1 - 11.08.2002

Локалните избори на некои избирачки места во Прешево и Бујановац, на југот на Србија денеска се повторуваат. Во Бујановац на 11 избирачки места поради неправилностите извршени на 28. јули, ќе се гласа и за претседател на општината и за одборници, додека во Прешево само за претседател на општината.

Протестите во Бујановац - „замена на тезите“, Човиќ

А1 - 08.08.2002

Потпретседателот на српската влада и шефот на координативното тело за југот на Србија Небојша Човиќ изјави оти „не доаѓа предвид“ целосно да се повторат изборите во три општини на југот од Србија и додаде дека протестните собирања на Србите во Бујановац се обид за „замена на тезите“.

Србите не даваат Албанец да биде градоначалник на Бујановац

Дневник - 05.08.2002

ПО ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ Изборната комисија во Бујановац ги поништи резултатите од гласањето на 10 изборни места, откако на предвремените локални избори во таа општина албанскиот кандидат за градоначалник Нагип Арифи освои најмногу гласови, јави Бета.