TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Мораме да разговараме со Албанците!

Вечер Прес - 30.11.2008

"Меѓународните фактори кои непрекинато повторуваат дека прашањето на назависноста на Косово е завршена работа, многу добро знаат дека Албанците кога-тогаш мора со нас да седнат и да пронајдат одржливо и компромисно решение за идниот статус на покраината", наведува Тадиќ. Српскиот претседател Борис Тадиќ во интервју за вчерашното издание на "Политика" истакнува дека политиката што ја води Србија ...

Приштина: Планот на Бан Ки Мун не ги задоволува одредбите од планот на Ахтисари, смета Алберт Рохан

Р.С.Европа - 29.11.2008

Според Високиот пратеник на Обединетите нации за Косово Алберт Рохан, пак договорот за испраќање на полициска и правна мисија на Европската унија во Косово, не ги задоволува одредбите од планот на неговиот претпоставен Марти Ахтисари за надгледувана независност.

Тадиќ:Време е српската војска да се врати на Косово

Макфакс - 29.11.2008

Српскиот претседател Борис Тадиќ смета дека дошло времето за ревизија на договорот меѓу Белград и НАТО, согласно кој тогашната југословенска војска и полиција пред девет години го напуштија Косово. „Сега не постојат причини да не биде променет Кумановскиот договор, откако Србија докажа дека е фактор на стабилност во регионот“, рече Тадиќ во интервјуто за белградска „Политика“.

Протестите против Еулекс на 2 декември

Макфакс - 28.11.2008

Група од 15 невладини организации најавија масовни протести во Приштина на 2 декември, кога с очекува да почне со работа мисијата на Европската унија (Еулекс) на Косово. На протестот, како што е најавено, ќе биде изразено незадоволство од усвојувањето на планот од шест точки за реконфигурација на меѓународното цивилно присуство.

Коха: Планот на ОН предизвика земјотрес во Косово

Макфакс - 28.11.2008

Одлуката на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) за усвојување на планот од шест точки на генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун предизвика земјотрес во Косово, оцени денеска весникот „Коха диторе“. Претседателот на Косово, Фатмир Сејдиу и премиерот Хашим Тачи не му се обратија на народот за тоа што значи усвојувањето на планот на ОН, а опозицијата истовремено побара нивна оставка, ...

Белград ја поздрави, а Приштина жали за поддршката на ОН за ЕУЛЕКС

Нова Македонија - 28.11.2008

Белград ја поздрави, а Приштина изрази жалење за одлуката на Советот за безбедност да го поддржи планот од шест точки на генералниот секретар на ОН за реконфигурација на меѓународното цивилно присуство на Косово што отвора врата за распоредување на мисијата на ЕУ (ЕУЛЕКС), јави АФП.

Њујорк: Советот за безбедност едногласно го поддржа извештајот на Бан Ки Мун за Косово

Р.С.Европа - 27.11.2008

Советот за безбедност на ООн синоќа едногласно го поддржа извештајот и планот на генералниот секретар Бан Ки Мун за реконфигурација на меѓународното цивилно присуство на косово. Претседавачот со Советот за безбедност Хорхе Урбина во заклучокот на заседанието го пофали придонесот на белград и на приштина како и на Европската унија во создавањето на планот од шест точки кој е содржан во извештајот ...

Советот за безбедност одобри разместување на ЕУЛЕКС

Макфакс - 27.11.2008

Советот за безбедност(СБ) при Обединетите нации (ОН) даде зелено светло за разместување на мисијата на Европската унија (ЕУ) ЕУЛЕКС на Косово, во рамки на постоечкиот мандат на ОН. Србија и Косово, иако со негодувања, сепак се согласија со разместување на мисијата.

ЕУ ја поздрави одлуката на ОН за Еулекс

Макфакс - 27.11.2008

ЕУ го поздрави усвојувањето на извештајот на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун во Советот за безбедност за реконфигурација на меѓународното цивилно присуство на Косово. Портпаролот на Унијата Кристина Галак наведе дека одлуката на СБ на Обединетите нации (ОН) ќе и овозможи на Европската унија (ЕУ) да ја подготви првата оперативна фаза на мисијата и нагласи дека Еулекс би требало да ја почне ...

Стејт департмент: САД силно го поддржуваат Еулекс

Макфакс - 27.11.2008

САД го поздравија планот на генералниот секретар на ООН Бан Ки Мун за реконфигурација на меѓународното цивилно присуство на Косово, соопшти Стејт департментот. Според официјален Вашингтон, независноста на Косово мора да се почитува, а распоредувањето на Еулекс ќе се спроведува во координација со косовските власти.

Приштина остана осамена во ОН!

Вечер Прес - 27.11.2008

Во дискусиите сите амбасадори на земјите-членки на Советот за безбедност, го прифатија распоредувањето на Еулекс, така што Приштина остана осамена во критикувањето и отфрлувањето на планот на генералниот секретар. Советот за безбедност на ОН, на прексиноќешната седница, едногласно го поддржа планот на генералниот секретар Бан Ки-мун за реконфигурација на УНМИК, со што се даде зелено светло за ...

ОН ги смируваат Косоварите

Макфакс - 26.11.2008

Обединетите нации се обидуваат да ја смират официјална Приштина со пораката дека никогаш не се залагале за поделба на Косово. „Ние никогаш не сме повикале на поделба на Косово и тоа не го правиме ниту сега“, изјави Бренден Варма, портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Бан Ки Мун, во интервјуто за британскиот сервис Би-Би-Си.

СБ на ОН расправа за Косово

Макфакс - 26.11.2008

Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ ОН) денеска ќе расправа за извештајот за Косово на генералниот секретар Бан Ки Мун, којшто содржи план за реконфигурација на УНМИК. „Седницата е закажана за в среда попладне“ потврди за српските медиуми, министерот советник во мисијата на Костарика во ОН, држава претседавач со СБ во ноември.

Приштина не го прифаќа планот на ОН, но го поддржува ЕУЛЕКС

Макфакс - 26.11.2008

Косовските власти се против спроведување на шесте точки од планот на Обединетите нации за распоредување на ЕУЛЕКС на Косово, бидејќи со тоа, според нив, се крши сувереноста на земјата. „Го поздравуваме распоредувањето на ЕУЛЕКС во цело Косово и ќе работиме за да ја олесниме работата, но не можеме да дозволиме спроведување на шесте точки кои ја кршат сувереноста на нашата земја“, се вели во во ...

Србија и Косово прифатија соработка со ЕУЛЕКС

Макфакс - 26.11.2008

Србија и Косово со доза на отпор се согласија да соработуваат со новата мисија на Европската унија, ЕУЛЕКС, која ќе помогне во водењето на Косово под знаме на Обединетите нации (ОН). Ова денеска во Вашингтон го изјави генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, кој појасни дека усвоениот план предвидува мисијата на ОН на Косово, УНМИК, да ги задржи овластувањата, но да го пренесе секојдневното ...

Њујорк: Советот за безбедност на ОН ќе расправа за извештајот на Бан Ки Мун за Косово

Р.С.Европа - 26.11.2008

Советот за безбедност на Обединетите Нации денеска ќе расправа за извештајот на генералниот секретар Бан Ки-мун за реконфигурација на цивилната мисија на Косово.Како што соопшти портпаролот на костариканското претседателство Маурицио Арињано на седницата ќе учествува и српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ.

ЕУЛЕКС ќе биде неутрален

Вечер Прес - 26.11.2008

Мисијата на ЕУ на Косово ЕУЛЕКС ќе биде неутрална во однос на независноста на Косово, исто како и Обединетите нации, потврди генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун во извештај објавен во Њујорк. "ЕУЛЕКС ќе ги почитува одредбите од резолуцијата 1244 на СБ на ОН и ќе дејствува под заедничко раководство на ОН и во контекстот на неутралноста на организацијата по однос на статусот на Косово".

Тачи планира конфликти на Косово за да ја спаси Владата?

Нова Македонија - 26.11.2008

И покрај противењето на голем дел од косовските Албанци, претседателот на косовската влада Хашим Тачи ќе мора да ја прифати мисијата на ЕУ (ЕУЛЕКС) на начин на кој тоа го предвидува планот од шест точки на генералниот секретар на ОН, што сериозно ќе го загрози опстојувањето на неговата влада.

Њујорк: Извештајот на Бан Ки Мун за Косово доставен до Советот за безбедност

Р.С.Европа - 25.11.2008

Извештајот на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун за Косово е доставен на членките на Советот за безбедност на ОН, изјави портпаролот Бренден Варма. Тој не соопшти кога ќе биде закажана седницата на Советот на која ќе биде разгледан извештајот.

Планот на Бан Ки Мун неприфатлив за Косово

Макфакс - 25.11.2008

Планот од шест точки на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Бан Ки Мун, „беше и остана неприфатлив за Косово“, смета косовскиот премиер Хашим Тачи. Обраќајќи се пред косовските парламентарци, Тачи изјави дека Резолуцијата 1244 сега е ирелевантна за Косово.

Албанија и Црна Гора против планот на Бан Ки Мун за Косово

Макфакс - 25.11.2008

Планот од шест точки за Косово на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун е неприфатлив, оценија денеска премиерите на Албанија и Црна Гора на средба во Тирана, јави дописникот на Макфакс. Албанскиот премиер Сали Бериша и неговиот црногорски колега Мило Ѓукановиќ побараа од Советот за безбедност на Обединетите нации да го разгледа Планот и, притоа, да се консултира со локалните фактори во регионот.

Харадинај: Косовската Влада нема визија

Макфакс - 24.11.2008

Косовската Влада нема визија за решавање на многубројни проблеми со кои се соочува Косово. Ова го изјави претседателот на опозиционата Алијанса за иднината на Косово (АЗБК) Рамуш Харадинај, додавајќи дека “Косово не е во добра ситуација“. “Имаме владејачки структури кои не се креативни, туку потрошувачки. Имаме на дело политика која нема визија како успешно да се развиваме“, рече Харадинај.

Советот за безбедност, в среда, за Еулекс

Макфакс - 24.11.2008

Седница на Советот за безбедност (СБ) на ООН за преобликување на меѓународната цивилна мисија на Косово, ќе се одржи в среда, јавија белградските гласила повикувајќи се на дипломатски извори. Генералниот секретар на ООН Бан Ки Мун, според најави на дипломатите, неделава би требало да го објави извештајот во кој се наведува дека е постигната доволна согласност Еулекс да преземе некои од ...

Сејдиу:Планот во шест точки на ОН е неприфатлив

Макфакс - 24.11.2008

Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу денеска изјави дека Приштина не го прифаќа планот од шест точки на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун. Според Сејдиу, одбивањето е поради тоа што со овој план не се почитува територијалната целост на Косово.

Солана: Еулекс во декември на цело Косово

Макфакс - 24.11.2008

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) Хавиер Солана “се надева“ дека мисијата на Еулекс, на почетокот на декември, ќе биде распоредена “на цело Косово“. Според европретставникот, генералниот секретар на ООН Бан Ки Мун “набргу“ ќе поднесе извештај пред Советот за безбедност на ООН.

Еулекс на Косово во декември

Вечер Прес - 24.11.2008

Седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации, на која генералниот секретар Бан Ки Мун треба да го претстави извештајот за трансформацијата на меѓународната цивилна мисија на Косово, ќе се одржи в среда, јави српската државна телевизија, повикувајќи се на дипломатски извори.