TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Евакуацијата на доселениците од појасот Газа ќе заврши за неколку денови

Макфакс - 07.08.2005

Ерусалим Евакуацијата на еврејските доселеници од појасот Газа ќе заврши за неколку денови, изјави портпарол на израелската армија. Денеска израелската армија започна со присилна евакуација од населбите во појасот Газа, откако истече рокот еврејските доселеници да ги напуштат своите домови ...

Хамас нема да се разоружа

Макфакс - 07.08.2005

Газа Радикалното палестинско движење Хамас објави денеска дека нема да го положи оружјето по израелското повлекување од Појасот Газа. “Ги предупредуваме сите кои ќе се обидат да го земат оружјето на ослободителите на Газа дека тоа мора да послужи и за ослободување на останатиот дел од нашата ...

ОН прават резерви храна за Палестинците

Макфакс - 07.08.2005

Њујорк Агенцијата на ОН за храна објави дека во складовите во појасот Газа ставила 5.800 метрички тони храна за сиромашните Палестинци, додека еврејските доселеници го напуштаат тоа подрачје. Светската програма за храна објави дека во 21 магацин во Газа се подготвени залихи храна за 156.000 луѓе до ...

Доселениците се спротивставуваат на иселувањето

Макфакс - 07.08.2005

Неве Декалим, Газа Повеќе стотици израелски војници и полицајци влегоа синоќа во населбата Неве Декалим, најголемата во појасот Газа, каде не наишле на отпор и се поставија од двете страни на главната улица на населбата. На доселениците на полноќ по локално време им истече рокот за доброволна ...

Израелските сили почнуваат со принудна преселба од Газа

Макфакс - 07.08.2005

Газа Израелските сили денеска почнуваат со присилно отстранување на доселениците од еврејските населби во Газа откако ноќеска на полноќ истече законскиот рок, до кој тие можеа да доброволно да заминат. Во појасот Газа вчера заврши иселувањето на сите жители од првата, од вкупно 21, еврејска населба ...

Војник убил четири Арапи, па го линчувале

Време - 06.08.2005

ВО АВТОБУС ВО ШФАРАМ, ИЗРАЕЛ Израелски војник завчеравечер убил четири Арапи во автобус поради расправија за повлекувањето на Израелците од Појасот Газа, по што бил линчуван од гневните жители во градот Шфарам, јави АФП. Натан Зада (19), возејќи се со автобусот што сообраќал на релацијата ...

Тревога во Израел по напад врз автобус

Утрински - 06.08.2005

Блиски исток ЕРУСАЛИМ - Безбедносните сили во Израел се испратени во местото Схфарам каде што израелски војник беше линчуван откако уби четворица израелски Арапи во автобус. Дополнителните 2.000 полицајци ќе се обидат да спречат ескалација на тензите за време на петочните молитви.

Израелски војник линчуван откако застрелал четворица Арапи во автобус

Вест - 06.08.2005

ЕРУСАЛИМ, 6 август (Би-Би-Си) - Израелските безбедносни сили се упатија кон градот Шфарам, каде што беше линчуван израелски војник откако застрела четворица израелски Арапи во автобус. ЕРУСАЛИМ, 6 август (Би-Би-Си) - Израелските безбедносни сили се упатија кон градот Шфарам, каде што беше линчуван ...

Израелските и палестинските сили во заштита на иселениците од Газa

Макфакс - 06.08.2005

Ерусалим Израелската армија денеска заврши со распоредувањето на своите сили со цел да спречи евентуални напади од страна на Палестинците врз доселениците, кои го напуштаат појасот Газа. Трите израелски полкови се на позиции близу до Хан Јунис и Бејт Ханун, како и во јужниот и северниот дел на ...

Израелците за натамошно повлекување од окупираните територии

Макфакс - 06.08.2005

Тел Авив Голем дел од Израелците поддржуваат да продолжи евакуацијата од нови еврејски населби, откако неделава беа евакуирани сите колонии во Појасот Газа и четири на Западниот брег. Ова го покажуваат резултатите од испитувањето на јавното мислење што денеска ги објави најтиражниот израелски ...

Приведени 500 противници на повлекувањето од Газа

Макфакс - 06.08.2005

Ерусалим Околу 500 еврејски екстремисти, противници на повлекувањето од појасот Газа, се приведени синоќа додека се обидувале да влезат во колониите, соопшти израелското воено радио, повикувајќи се на извори во полицијата. Во последните судири е ранет еден офицер на израелската армија.

Палестинците го слават израелското селење од Газа

Вест - 05.08.2005

ГАЗА, 5 август (Ројтерс) - Околу 10 илјади Палестинци вчера се веселеа и пееја, некои пукаа во воздух од огнено оружје и така предвреме го славеа израелското повлекување од окупирана Газа и дел од Западниот Брег. Веселбата на главниот централен плоштад во градот Газа беше спонзориран од ...

Израелските доселеници имаат уште 48 часа за иселување

Макфакс - 05.08.2005

Газа Израелските војници на доселениците од Израел на појасот Газа денеска почнаа да им делат упатства за ислелување, во кои се вели дека имаат уште 48 часови да го напуштат подрачјето, а во стпротивно војската со сила ќе ги исели.

Владата ја потврди втората фаза на евакуација од појасот Газа

Макфакс - 05.08.2005

Тел Авив Израелската влада денеска ја одобри втората фаза на евакуација од најголемиот блок на еврејски населби во појасот Газа. Министерот за одбрана Шаул Мофаз изјави дека Израел има намера да ја задржи контролата над шест големи еврејски населби на Западниот брег на основа на конечниот мировен ...

Израелски војник линчуван откако убил четворица Арапи

Макфакс - 05.08.2005

Тел Авив Четворица израелски Арапи загинале, а најмалку 12 лица се ранети кога еден израелски војник отворил оган на патници на автобус во арапскиот град Шфарам, на северот на Израел. Напаѓачот, 19-годишниот Еден Цубери, потоа го убила разгневената маса на случајни минувачи и очевидци.

Исламски Џихад со парада го одбележа повлекувањето на Израелците

Макфакс - 05.08.2005

Газа Палестинската милитантна организација Исламски џихад организираше во текот на ноќта полноќна парада, симболично одбележувајќи го со тоа израелското повлекување од појасот Газа и од северниот дел на Западниот брег. Очевидци, на кои се повикуваат западните агенции, наведуваат дека десетици ...

Израел ќе задржи шест населби на Западниот брег

Макфакс - 05.08.2005

Ерусалим Израелскиот министер за одбрана Шаул Мофаз изјави денеска непосредно по почетокот на повлекувањето на израелските сили од појасот Газа дека Тел Авив сака да ја задржи контролата над шест населби на Западниот брег, без оглед какви и да бидат договорите со Палестинците.

САД се надева оти израелското повлекување ќе поттикне разговори

Макфакс - 05.08.2005

Вашингтон Соединетите Американски Држави (САД) се надеваат дека израелското повлекување од Газа и делови од Западниот брег ќе “вдахне нова енергија“ во разговорите меѓу Палестинците и Израел за клучните теми, како што се границата, статусот на Ерусалим и безбедносните прашања, изјави синоќа ...

Израелско-египетски договор за обезбедување на границата во Газа

Макфакс - 04.08.2005

Ерусалим Израел и Египет склучија договор за распоредување на египетски војници на границата меѓу Појасот Газа и Египет. “Постигнавме договор со египетската држава. Сега останува само да добиеме зелено светло од владата и Кнесетот и договорот да биде потпишан“, изјави генералот Амос Гилад за ...

Израелските десничари го прекинаа маршот, 200 уапсени

Макфакс - 04.08.2005

Ерусалим Илјадници израелски десничари, противници на повлекувањето од окупираните територии, го прекинаа рано изутрината протестниот марш кон Појасот Газа, откако силите на редот им го блокираа патот, а полицијата приведе стотина протестанти кои успеале да се инфилтрираат во забранетото подрачје.

Заврши евакуацијата на израелските доселеници од Газа

Макфакс - 03.08.2005

Газа Израел вечерва успеа целосно да ги евакуира населбите Санур и Хомеш на Западниот брег со што е во потполност завршено иселувањето на доселениците, согласно планот на премиерот Ариел Шарон за повлекување од делови од окупираната територија.

Почна израелската евакуација од Западниот брег

Макфакс - 03.08.2005

Санур Израелската војска изутрината во истовреме влезе во еврејските населби Хомеш и Санур, на северот на Западниот брег, за да ги исели последните 2.000 жители и радикални еврејски активисти кои се противат на повлекувањето.

Исламски џихад вети мирно израелско повлекување

Макфакс - 03.08.2005

Тел Авив Палестинската екстремистичка организација Исламски џихад соопшти денеска дека им наредила на своите оперативци да престанат со ракетирање на израелските цели пред планираното израелско повлекување од појасот Газа. Во соопштението испратено до агенцијата Франс прес, лидерите на военото ...

Абас ветува дека ќе ги штити странците во Газа

Макфакс - 02.08.2005

Газа Палестинскиот претседател Махмуд Абас вети дека ќе ги штити странците во појасот Газа и нареди да се уапсат оние кои учествуваа во неодамнешните грабнувања. Изјавата на палестинскиот претседател уследи откако во понеделникот на кратко беа грабната три службеници на Обединетите нации- ...

Шарон нема да бара прошка од израелските иселеници

Макфакс - 02.08.2005

Ерусалим Откако на протестен собир против планираното повлекување од појасот Газа, синоќа во Тел Авив се собраа најмалку 200 илјади луѓе премиерот Ариле Шарон изјави дека нема да ги моли за прошка израелците што идната недела треба да бидат иселени од своите домови.

Последна фаза од еврејската евакуација од Појасот Газа

Макфакс - 02.08.2005

Ерусалим Израелските сили започнаа изутрината со евакуација на еврејската колонија Незарим, со што во целост ќе заврши израелското повлекување од окупираните територии во Појасот Газа. Израелското државно радио јави дека голем воен конвој навлегол во Појасот Газа од територијата на Израел и се ...

Хамас најави дека нема да го положи оружјето

Макфакс - 02.08.2005

Газа Милитантната групација Хамас објави денеска дека нема да се разоружи и покрај израелскиот план за повлекување од Газа, за да продолжи да врши притисок врз Израел да ја повлече својата армија и од другите окупирани палестински подрачја. „Оружјето е света работа.

Израел ги затвори еврејските населби на Газа

Макфакс - 02.08.2005

Ерусалим Израел ги затвори еврејските населби на подрачјето на Газа за сите кои не живеат таму за да го спречи доаѓањето на десничарските радикални групи што сакаат да го спречат повлекувањето, чиј почеток се планира за почетокот на наредната недела.

Израелската влада одобри повлекување од Западниот брег

Макфакс - 01.08.2005

Ерусалим Израелската влада денеска го одобри евакуирањето на четири изолирани еврејски населби во северната зона на Западниот брег на река Јордан и на останатите колонии во појасот Газа. Шеснаесет министри гласаа "за". Само четворица - сите од Ликуд, партијата на премиерот Ариел Шарон, биле против ...

Кацав побара „прошка“ од еврејските доселеници во Газа

Макфакс - 01.08.2005

Ерусалим Израелскиот претседател Моше Кацав, во синоќешното телевизиско обраќање до нацијата, побара „прошка“ од еврејските доселеници во појасот Газа и на Западниот брег поради евакуацијата што се планира да започне на 17.август.

Израел евакуираше 85 отсто од доселениците од појасот Газа

Макфакс - 01.08.2005

Ерусалим Повлекувањето на израелските доселеници од Газа продолжува денеска, по вчерашниот прекин за сабат. Израелските власти стравуваат од повторно избувнување на насилство при планираната евакуација на четирите преостанати населби од 21 еврејски населби во појасот Газа.

Палестинските парламентарни избори на 25 јануари 2006

Макфакс - 01.08.2005

Газа Палестинскиот претседател Махмуд Абас објави денеска дека палестинските парламентарни избори ќе се одржат на 25 јануари 2006 година. Изборите за Законодавниот совет во Ерусалим и сите други окупирани територии ќе бидат во среда, на 25 јануари 2006 година се посочува во указот на претседателот ...