TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Лавров:Инцидентите се одговор на Русија за стремежите на Грузија кон НАТО

Макфакс - 04.05.2008

Москва Навлегувањето на рускиот мировен контингент е одговор на Русија за стеремежите на Грузија за зачленувањето во НАТО. Ова денеска за прв пат го обелодени рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров за рускиот весник „Комерсант“.

Соборено уште едно грузиско беспилотно летало над Абхазија

Макфакс - 04.05.2008

Москва Трето беспилотно летало е соборено над територијата на Абхазија, соопшти денеска Министерството за одбрана на сепаратистичката република. Првото грузиско беспилотно летало беше соборено над Абхазија на 18 март, а следното на 20 април.

Руската војска влезе во Абхазија

Дневник - 03.05.2008

Руските воени власти информираа дека испратиле контингент во Абхазија, кој би требало да ги спречи можните судири помеѓу сепаратистите од Абхазија и Осетија со грузиските полициски и воени сили.Овој потег на Москва, Тбилиси го оцени како воена агресија врз меѓународно призната држава.Руските ...

ЕУ силно вознемирена од односите меѓу Москва и Тбилиси

Макфакс - 03.05.2008

Брисел Европската Унија (ЕУ) е силно вознемирена од засилувањето на затегнатите односи меѓу Москва и Тбилиси, се наведува во соопштението објавено од словенечкото претседателство со Унијата. ЕУ ги повика сите држави да се воздржат од секакви чекори, кои што можат да доведат до пораст на напнатоста ...

Русија трупа војска на границата со Грузија

Време - 02.05.2008

СЕ ЗАОСТРУВААТ ТЕНЗИИТЕ МЕЃУ МОСКВА И ТБИЛИСИ Руски оклопни транспортери, тешка артилерија и воена сила прејдоа на абхазискиот дел од границата меѓу Русија и Грузија на реката Псоу, соопшти грузиското Министерство за надворешни работи, оценувајќи го ваквиот потег на Русија како акт на агресија, ...

Русија испраќа дополнителен број војници во отцепениот грузиски регион

Утрински - 02.05.2008

МОСКВА - Руските медиуми вчера соопштија дека дополнителен број руски војници пристигнуваат во отцепениот грузиски регион Абхазија. Русија оваа недела обелодени дека распоредува околу 1.000 мировници во регионот за да ги одбијат, како што се наведува, грузиските планови за напад.

Страв и неизвесност на границата што ги раздвојува Грузија и Абхазија

Канал5 - 02.05.2008

Страв и неизвесност на границата што ги раздвојува Грузија и Абхазија, по одлуката на Русија да испрати дополнителни сили во отцепената грузиска република. Никој официјално не знае за колкав број војници станува збор. Извесно е дека жителите почнаа масовно да ја напуштаат областа. Нема сомнежи.

Шефер ќе си ја изеде вратоврската

Време - 02.05.2008

ПОРАДИ ГРУЗИСКОТО ЛЕТАЛО Генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер, ја информирал Москва дека ќе си ја изеде вратоврската ако Русија докаже оти авион на Алијансата го соборил грузиското беспилотно шпионско летало над Абхазија.

Шефер ќе си ја изеде вратоврската ако НАТО го соборил грузиското летало

Утрински - 02.05.2008

Брисел - Генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер ја информирал Моксва дека ќе си ја изеде вратоврската доколку Русија докаже оти авион на Алијансата го соборил грузиското беспилотно шпионско летало над Абхазија. „Генералниот секретар ќе си ја изеде вратоврската доколку се докаже дека ’Миг-29‘ ...

ЕУ ја потврди поддршката за суверенитетот на Грузија

Макфакс - 02.05.2008

Тбилиси Петмината министри за надворешни работи од Европската унија (ЕУ), кои денеска заминаа во мисија во Тбилиси, ја потврдија поддршката за суверенитетот и територијалната целост на Грузија. Ваквата поддршка од ЕУ доаѓа во момент кога расте напнатоста меѓу поранешната советска република и Русија ...

ЕУ министри во мировна мисија во Грузија

Макфакс - 02.05.2008

Вилнус Петмина министри за надворешни работи од државите членки на Европската унија (ЕУ) учествуваат во мисијата во Грузија, која што има за цел да ги смири затегнатите односи на државата со Русија, заради сепаратистичката областа Абхазија.

Руската војска навлезе во Абхазија

Макфакс - 02.05.2008

Москва Руските власти информираа дека испратиле контингент со воени сили во Абхазија кои би требало да ги спречат можните судири меѓу сепаратистите од Абхазија и Осетија од една страна, со грузиските полициски и воени сили. Овој чин Тбилиси го оцени како воена агресија врз меѓународно призната ...

САД и искажаа на Русија загриженост за ситуацијата во Грузија

Макфакс - 02.05.2008

Вашингтон Вашингтон преку соодветни канали и ја искажал на Москва својата загриженост од зајакнувањето на руското воено присуство во Грузија, соопшти Белата куќа. Оттаму посочија дека американскиот претседател Џорџ Буш не стапил во контакт со својот колега Владимир Путин.

Абхазија срушила грузиски беспилотен авион

Макфакс - 02.05.2008

Москва Проруската грузиска сепаратистичка област Абхазија срушила шести по ред беспилотен грузиски авион, соопшти Министерството за одбрана на областа. „Беспилотниот авион бил срушен во 14.16 часот по локално време од силите за против воздушна одбрана“, соопшти министерот за одбрана на Абхазија, ...

Русите можат да го "запалат" регионот

Вечер Прес - 02.05.2008

САД оценија дека рускиот план за засилување на мировниот контингент во отцепените грузиски републики Јужна Осетија и Абхазија би можеле да го дестабилизираат целиот регион. "Извесно е дека некои од потезите што ги презеде Русија, во рамките на засилувањето на своите сили долж границата, можат да го ...

Дополнителен контингент на руски војници стигна во Абхазија

Макфакс - 01.05.2008

Москва Дополнителен контингент на руски војници разместен е денеска во грузиската сепаратистичка област Абхазија, јавија руските медиуми. „Контингентот го завршува своето разместување во областа Ткварчелија во Абхазија“, пренесуваат медиумите повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.

Парламентарни избори во Грузија

Макфакс - 01.05.2008

Тбилиси Поранешната советска република Грузија денеска одржува парламентарни избори, во сенка на растечката напнатост во односите со Русија и стравувањето од постизборно насилство. Испитувањата на јавното мислење покажуваат дека Обединетото национално движење на прозападниот грузиски претседател ...

Русија и' се закани со војна на Грузија

Дневник - 30.04.2008

Русија во петокот се закани со воена офанзива врз Грузија ако таа ги нападне проруските сепаратистички региони Абхазија и Јужна Осетија, јави Ројтерс.Валериј Кенјакин, специјален пратеник на руското Министерство за надворешни работи, изјави дека Москва прави се' што е во нејзина моќ да го спречи ...

Тбилиси ја уценува Москва со Абхазија

Време - 30.04.2008

ГРУЗИЈА ЈА БЛОКИРА РУСИЈА ЗА СТО Грузија соопшти дека ќе ги обнови билатералните преговори со Русија за пристапување на моќниот сосед кон Светската трговска организација (СТО) дури откако ќе се укине одлуката за воспоставување на директните контакти со Абхазија и со Јужна Осетија, која ...

Дополнителни руски единици преминаа во Абхазија

Канал5 - 30.04.2008

Грузиското Министерство за надворешни работи соопшти денеска дека руска оклопна техника, тешка артилерија и дополнителна воена сила веќе го преминале абхазискиот дел на грузиско-руската граница на реката Псоу, оценувајќи ја одлуката на Москва за зголемување на рускиот мировен контингент во ...

Абхазија сака да е руски протекторат!

Вечер Прес - 30.04.2008

Грузија бара спас во уцени: вчера во Женева и стави "сопка" на Русија за влез во Светската трговска организација (СТО) Грузиската сепаратистичка територија Абхазија е подготвена да стане руски воен протекторат, соопшти министерот за надворешни работи на Абхазија Сергеј Шамба.

Абхазија е подготвена да стане воен протекторат на Русија

А1 - 29.04.2008

Грузиската сепаратистичка територија Абхазија е подготвена да стане руски воен протекторат, соопшти министерот за надворешни работи на Абхазија Сергеј Шамба. „Подготвени сме да потпишеме воен договор со Русија, да ги зачуваме интересите на Русија во регионот во замена за тоа да станеме руски воен ...

Грузија ја уценува Русија со Абхазија и Јужна Осетија

Канал5 - 29.04.2008

Грузија денеска соопшти дека ќе ги обнови билатералните преговори со Русија за пристапување на моќниот сосед кон Светската трговска органзиација (СТО) дури откако се укине одлуката за воспоставување на директните контакти со Абхазија и Јужна Осетија која претседателот Владимир Путин ја донесе на 16 ...