TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Власта му ја честиташе победата на Костовски

А1 - 10.04.2005

Владеачката коалиција оцени дека изборите поминале во мирна и фер атмосфера, што покажува дека надлежните државни институции ги презеле сите превентивни мерки за да ги спречат изборните неправилности. „Им честитаме на граѓаните за придонесот кој што го дадоа на денешното гласање и го потврдија ...

Гласаа само лидерите на партиите од опозицијата

А1 - 10.04.2005

На денешните избори гласаа само лидерите на партиите од опозицијата. Политичарите од владеачките пари воопшто не го искористија своето гласачко право. Претседателот на државата, Бранко Црвенковски кој секогаш гласа околу пладне денеска не се појави во вообичаениот термин.

Костовски ја објави победата на локалните избори

А1 - 10.04.2005

Независниот кандидат за градоначалник на Скопје Трифун Костовски вечерва ја објави победата на локалните избори. „Ми причинува голема чест што со огромно мнозинство ја добив вашата доверба во идните четири години да го водам главниот град.

ЛДП се обезличи

Дневник - 08.04.2005

ЛИЛЕ ПОПОВСКА ЗА ОСТАВКАТА Либерал-демократската партија се обезличи и и е потребно итно реформирање, напиша Лиле Поповска во својата оставка на функцијата членка на Извршниот одбор на ЛДП. Таа завчера попладне се сретнала со партискиот лидер Ристо Пенов за лично да му ги објасни причините за ...

Поповска и Пенов се разделија пријателски

Утрински - 08.04.2005

Незадоволна од случувањата во ЛДП, експретседателката на Собранието поднесе оставка од ИО на ЛДП Поповска: Партијата се обезличи и заплива во чудни води ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Лилјана Поповска поднесе оставка во Извршниот одбор на Либералнодемократската партија, бидејќи смета дека партијата, наместо да ...

Костовски и опозицијата повикаа на масовен одѕив в недела

Утрински - 08.04.2005

Независниот кандидат се сретна со лидерите на здружената опозиција Тимот на Костовски стравува дека одѕивот може да биде мал, бидејќи власта создала амбиент дека изборите во Скопје се завршена работа Независниот пратеник Трифун Костовски и лидерите на здружената опозиција вчера ги повикаа скопјани ...

Медиумите ја реконструираат Владата

Дневник - 08.04.2005

БУЧКОВСКИ ЗА ШПЕКУЛАЦИИТЕ Немам намера да правам реконструкција на Владата. Тоа го прават медиумите, изјави премиерот Владо Бучковски, демантирајќи ги најавите во некои медиуми дека наесен во извршната власт нови министри ќе бидат лидерите на ДУИ и ЛДП Али Ахмети и Ристо Пенов.

Скопје е во дупка 11 милиони евра!

Дневник - 08.04.2005

ПЕНОВ МУ ПРИЗНАЛ НА КОСТОВСКИ Градот Скопје е во минус 11 милиони евра, признал актуелниот градоначалник Ристо Пенов на средбата со независниот кандидат Трифун Костовски. Двајцата ривали пиеја кафе во кабинетот на градоначалникот по еден ден од неговото откажување од изборната трка.

В недела масовно на гласање

Време - 08.04.2005

ПОВИК ОД КОСТОВСКИ И ОД ОПОЗИЦИЈАТА Независниот кандидат за градоначалник на Скопје Трифун Костовски и лидерите на опозициските партии што ја поддржуваат неговата кандидатура, вчера, со заедничка изјава, ги повикаа граѓаните в недела, на 10 април, масовно да излезат на гласање „за да ја потврдат ...

Средба на Костовски - Сулејмани

Макфакс - 08.04.2005

Скопје Скопскиот градоначалник Трифун Костовски денеска треба да се сретне македонскиот министер за локална самоуправа Ризван Сулејмани. Средбата ќе се одржи во Министерството за локална ...

Костовски ги повикува граѓаните да гласаат в недела

А1 - 07.04.2005

Градоначалничкиот кандидат за Скопје, Трифун Костовски, кој в недела истрчува без противник, ги повикува граѓаните да гласаат. И денеска во неговиот штаб се сомневаат на трик со повлекувањето на Пенов. На еден ден пред молкот, Трифун Костовски со претседателите на партиите од опозицијата, кои го ...

Ахмети и Пенов во Владата!?

Утрински - 07.04.2005

За наесен се најавени промени и потемелна реконструкција во владиниот кабинет Премиерот очекува поголема ефикасност со влегување на лидерите на ДУИ и на ЛДП Сашко Димевски Мајска реконструкција на Владата ќе нема. Многу поизвесно е промената на владиниот кабинет да се случи наесен, а со тој ...

Оставка на Лилјана Поповска

Дневник - 07.04.2005

БРАНУВАЊА ВО ЛДП Лилјана Поповска поднела оставка на функцијата член на Извршниот одбор на Либерал-демократската партија, дознава "Дневник", незадоволна од партиската политика. Поповска вчера потврди, но не сакаше пошироко да ги коментира ниту причините ниту нејзините следни потези.

Костовски: Мојот тим ќе бидат искусни и образовани луѓе

Макфакс - 07.04.2005

Скопје Новоизбраниот градоначалник на Скопје Трифун Костовски денеска најави дека за два до три месеци ќе промовира нови принципи и идеи за да се создадат инфраструктурни услови, безбедност, расчистување со корупцијата и криминалот од улиците и институциите.

Лилјана Поповска си заминува од врвот на ЛДП

А1 - 06.04.2005

Лилјана Поповска поднела оставка од членството во Извршниот одбор на ЛДП, велат партиски извори. Таа вчера до партијата поднела писмена оставка, незадоволна од соработката што ја имала со останатите членови на Извршниот одбор.

Марковиќ: Власта подготвува сценарио за нови избори во Скопје

Утрински - 06.04.2005

Штабот на Костовски стравува дека СДСМ има нечесна намера Изборниот штаб на Трифун Костовски стравува дека власта подготвува сценарио за в недела во Скопје, за да не успее вториот изборен круг, по што целиот изборен процес би се повторил.

СДСМ води игра да има нови избори за Скопје

Вест - 06.04.2005

ТРИФУН КОСТОВСКИ ОБВИНУВА Дека СДСМ манипулира со гласачкото тело, од Штабот изнесоа информации оти активисти на СДСМ и ЛДП засилено во сите општини ги повикуваат гласачите да гласаат за Пенов Штабот на Трифун Костовски го обвини СДСМ дека со откажувањето на Ристо Пенов од градоначалничката трка ...

Власта тајно собира гласови за Пенов

Време - 06.04.2005

ШТАБОТ НА КОСТОВСКИ Владејачките партии тајно ги мобилизираат гласачите в недела да излезат на гласање за да победи нивниот кандидат Ристо Пенов, кој најави дека се повлекува од изборната трка. Целта е тој да победи, па да се повлече од функцијата за да можат да се повторат изборите.

Сценарио за поништување на изборите

Дневник - 06.04.2005

ШТАБОТ НА ТРИФУН КОСТОВСКИ ПРЕДУПРЕДУВА Власта тајно мобилизира гласачи со цел на неделното гласање за Скопје да победи Ристо Пенов, потоа да се повлече, по што изборите ќе мора да се поништат и да се повторат, предупредија вчера од Изборниот штаб на Трифун Костовски.

Ако не биде Пенов, да не биде ниту Трифун

Вечер Прес - 06.04.2005

Изборниот штаб на Трифун Костовски се сомнева дека СДСМ во Скопје реализира сценарио од типот: "Ако не биде Пенов градоначалник на Скопје, да не биде ниту Костовски". Шефот на Изборниот штаб, Дарко Марковиќ, на вчерашната прес-конференција објасни дека Пенов, кој јавно се откажа од кандидатурата, ...

ИШ на Костовски се сомнева во игра за вториот круг

А1 - 05.04.2005

На 5 дена пред изборите, штабот на Костовски излезе со обвинување дека власта подготвува игра за вториот круг на гласање во Скопје за да се поништи целиот изборен процес. Тие тврдат дека и покрај изјавите од СДСМ дека за нив изборите во главниот град се завршена работа во некои скопски општини ги ...

Костовски ја интензивира кампањата во случај Пенов да се премисли

Време - 05.04.2005

ПРЕД ВТОРИОТ КРУГ ОД ИЗБОРИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК Повлекувањето на актуелниот градоначалник Ристо Пенов од трката за трет мандат, може да е игра со цел да ги демотивира гласачите на независниот кандидат за градоначалник Трифун Костовски во вториот круг од изборите.

Костовски се штити од триковите на Пенов

Дневник - 05.04.2005

КАМПАЊА Можно е последниот ден од кампањата владејачките партии да го повикаат членството да гласа, но и да се употребат таканаречените контингенти со гласови. Затоа ги повикуваме граѓаните масовно да излезат на гласање на 10 април за да ја потврдиме победата, изјави Дарко Марковиќ, шеф на ...

Костовски и опозицијата се договорија за масовна поддршка во Скопје

Утрински - 05.04.2005

Средба И покрај повлекувањето на Пенов од градоначалничката трка, штабот на независниот кандидат е претпазлив Опозициските партии што застанаа зад кандидатурата на Трифун Костовски за скопски градоначалник и вчера, преку нивните претставници на средбата со независниот кандидат, соопштија дека ја ...

„Гласајте да ја потврдиме победата“

Време - 04.04.2005

КОСТОВСКИ СО НОВ СЛОГАН „Гласајте да ја потврдиме победата“ е новиот слоган со кој Трифун Костовски ќе настапи во кампањата пред вториот изборен круг, соопшти вчера штабот на независниот кандидат за градоначалник на Скопје. Пред првиот круг избори мотото на Костовски беше „Да се здружиме за Скопје“.

Костовски со слоган: ,,Гласајте за да ја потврдиме победата"

Утрински - 04.04.2005

Кандидатот за градоначалник на Скопје ја најави кампањата за вториот изборен круг "Гласајте за да ја потврдиме победатааи е слоганот на кампањата, со кој во вториот изборен круг ќе настапи кандидатот за градоначалник на Скопје, Трифун Костовски.

Костовски мобилизира за секој случај

Дневник - 04.04.2005

ФИНИШ НА СОЛО-ТРКАТА ЗА СКОПСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК Изборниот штаб на Трифун Костовски вчера ги повика граѓаните на масовен одѕив за да се потврди победата и да се оневозможат шпекулациите кои се прават со вториот изборен круг за скопски градоначалник".