TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Владата нема да го повлече законот за енергетика

А1 - 15.12.2007

Владата ги игнорира острите критики на Брисел за измените на законот за енергетика. Нема намера да го повлече од Собранието, и покрај предупредувањето на Европската комисија дека ЕЛЕМ ќе добие монопол на енергетскиот пазар. Комисијата и препорача на Владата да ги преиспита измените и ги повика на ...

Од ЕЛЕМ се прави непримерен монопол

Утрински - 15.12.2007

Европската комисија упати остра реакција до Владата на предложените измени на Законот за енергетика МАЈА ТОМИЌ Европската комисија пред два дена упати остра реакција до Владата на предложените измени на Законот за енергетика, кои веќе добија зелено светло од Владата и се наоѓаат во парламентарна ...

Владата засега не го повлекува предлогот законот за енергетика

Канал5 - 15.12.2007

И покрај острите критики од Брисел, Владата засега не го повлекува предлог законот за енергетика. Владиниот портпарол Боцевски потврди дека законот се уште е во собрание, а на забелешките на европратениците допрва ќе им одговореле.

Проекти а ла "гола вода"!

Вечер Прес - 15.12.2007

Деновиве преку локалните медиуми во Струмица добивме вест дека ЕСМ-ЕВН заедно со една НВО од Струмица посветена на заштита на животната средина, реализираат образовен проект во село Босилово за едукација на младите за штедење на електрична енергија и заштита на животната средина.

ЕЛЕМ добива монопол, а ЕСМ - ЕВН останува без струја

Вест - 14.12.2007

БРИСЕЛ НЕ ГИ ОДОБРИ ЗАКОНСКИТЕ ИЗМЕНИ ЗА ЕНЕРГЕТИКА Брисел остро го критикува предложениот текст на измените на Законот за енергетика. Бара домашната Комисијата за заштита на конкуренцијата да даде свое мислење за предложените измени, за кои Европската комисија предупредува дека создаваат пазар на ...

Брисел повика на дискусија за Законот за енергетика

Време - 14.12.2007

ПО ОСТРИТЕ РЕАКЦИИ Брисел откако ги разгледа измените на Законот за енергетика повика претставници на Министерството за економија на консултации. Законот за енергетика доби остри критики од македонската јавност, а особено од австриските сопственици на „ЕСМ-дистрибуција“ и од индустријата, кои не се ...

Владата доби струен удар од Брисел

Дневник - 14.12.2007

Владата ќе го презентира својот став за ова прашање откако сериозно ќе ги разгледа коментарите, изјави владиниот портпарол Боцевски Измените во Законот за енергетиката ќе овозможат монополска позиција за една организација во Македонија и ќе го прекршат Атинскиот меморандум, оцени Генералната ...

Премиерот Груевски во Брисел не ги коментираше критиките за законот за енергетика

Канал5 - 14.12.2007

Од седиштето на Европската Комисија во Брисел Премиерот Груевски не изнесе став за сериозните критики од Европа до Владата за измените на законот за енергетика. Ќе чека да се врати во земјава за да го презентира владиниот став.

Ставрески: Нема компромис на штета на државата

Вечер Прес - 14.12.2007

За сите отворени прашања нема да комуницираме преку медиумите туку директно ќе и кажеме на Владата - и порачаа на Владата од дистритутивната компанија Владата доцна завчера ја добила писмената покана од австриската ЕВН за преговори околу новите измени во законот за енергетика, како и за нивото на ...

ЕК реагира за законот за енергетика

А1 - 13.12.2007

Жестока реакција на Европската комисија до Македонија за измените во законот за енергетика. Сериозна загриженост изрази Брисел, откако го разгледа новиот енергетски концепт кој го предлагаат властите во Скопје. Брисел смета дека од државните електрани ЕЛЕМ се создава големопродажен монопол, што е ...

ЕВН лобира кај пратениците и партиите

Време - 13.12.2007

ЗАКОНОТ ЗА ЕНЕРГЕТИКА РАСПАЛИ НА НЕКОЛКУ ФРОНТА Сунчица Стојановска Раководството на ЕВН лобира кај пратеници од власта да не гласаат за законот за енергетика со образложение дека тоа ќе доведе до недостиг на струја и ќе им наштети на граѓаните.

ЕВН ги убедува пратениците да не го гласаат законот

Дневник - 13.12.2007

Овој закон е многу важен и затоа Либералната партија ќе бара да се носи во две фази, а ако останат истите решенија, веројатно ќе предложи амандмани ЕСМ-ЕВН лобира кај пратениците во Собранието да не ги изгласаат измените на Законот за енергетиката.

Во Босилово се крши образовниот систем!

Дневник - 13.12.2007

Деновиве преку локалните медиуми во Струмица добивме вест дека ЕСМ-ЕВН заедно со една НВО од Струмица, посветена на заштитата на животната средина, реализираат образовен проект во село Босилово за едукација на младите за штедење на електричната енергија и заштита на животната средина.

ЕВН на средби со парламентарните групи

Вечер Прес - 13.12.2007

Дел пратеници го поздравиле ваквиот начин на објаснување на законот и дале ветување дека ќе се заложи тој да биде потранспарентен, во интерес на граѓаните, со можност да се донесе во две фази ЕВН, австрискиот газда на ЕСМ-Дистрибуција се обидува преку средби со парламентарните групи во Собранието ...

Ако немате струја, виновна е Владата

Вест - 12.12.2007

ЕСМ-ЕВН СО ПАМФЛЕТ ИМ СЕ ОБРАТИ НА ГРАЃАНИТЕ ЕСМ - ЕВН минатата недела заедно со сметката за струја до потрошувачите достави писмо-памфлет со кое однапред им се извини на сите потрошувачи за евентуалниот недостиг на струја во 2008 година поради измените на Законот за енергетика, предложени од ...

Велешани лути на ЕСМ-ЕВН

Дневник - 12.12.2007

Стотина семејства од велешката населба Дворови со сметките за струја добија и леток на албански јазик. Тие реагираат што од ЕСМ-ЕВН им пратиле допис што тие не го разбираат. - Како можеа да направат ваков гаф? Во овој дел од градот живеат само Македонци, па не ни е јасно како е направена грешката - ...

Австријците од ЕВН на тет- а- тет средба со либералот Стојан Андов

Канал5 - 12.12.2007

Австријците од ЕВН на тет- а- тет средба со либералот Стојан Андов. Од него стартуваат со убедувања кај пратениците дека измените во законот за енергетика се штетни како за државата така и за граѓаните. Австријците од ЕВН на тет- а- тет средба со либералот Стојан Андов.

Зградата на ЕСМ по грешка препишана на ЕВН

А1 - 11.12.2007

Поради грешка на службениците во Катастарот државата ќе останеше без својата половина од зградата на ЕСМ. Службениците целиот објект им го препишале на австријците од ЕСМ, иако половината и припаѓа на државната компанија ЕЛЕМ.

Понуда од ЕВН што Владата нема да може да ја одбие

Време - 11.12.2007

ВТОРИОТ ЧОВЕК НА ЕВН ЛАЕР СО ПРЕДЛОГ ДО ВЛАДАТА Ивана Билбиловска Неделава ќе и понудиме компромис на Владата што таа нема да може да го одбие, изјави Питер Лаер, заменик - претседател на ЕВН-групацијата и одговорен за инвестициите во Југоисточна Европа.

ЕВН: "Имаме понуда на која не ќе можат да кажат не"

Вест - 11.12.2007

ОД ИДНАТА СРЕДА СТАПУВААТ ВО СИЛА КАЗНИТЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ Ако Владата не ја прифати поканата на ЕВН-ЕСМ за преговори, следен чекор за решавање на проблемите е почнување спор пред меѓународен арбитражен суд, велат во компанијата ЕВН најави дека неделава писмено ќе ја поканат Владата ...

ЕВН подготвува предлог што не може да се одбие

Утрински - 11.12.2007

Од компанијата очекуваат да се испеглаат различните ставови со Владата околу новините во Законот МАЈА ТОМИЌ ЕВН - ЕСМ наскоро ќе и' понуди на Владата предлог што нема да може да го одбие. На ова се надеваат од централата на ЕВН во Виена, од каде што пред неколку дена порачаа дека ќе и' испратат ...

ЕВН ја кани Владата на разговори

Дневник - 11.12.2007

Владата вчера не ги коментира најавите дека ЕВН ќе и' испрати писмо и порача дека нема да комуницира со Австријците преку медиумите Австриската компанија ЕВН, сопственик на ЕСМ Дистрибуција, до крајот на месецов со писмо ќе ја повика македонската влада на разговори.

Поради катастарска грешка Владата изгуби половина од атрактивната зграда на ЕСМ

Канал5 - 11.12.2007

Државата го изгуби својот дел од атрактивната зграда на ЕСМ во центарот на Скопје. Катастарот издал имотен лист во кој целиот објект го впишал на име на австриските газди на ЕСМ Дистрибуција. Државата го изгуби својот дел од атрактивната зграда на ЕСМ во центарот на Скопје.

ЕВН со неодолива понуда до Владата!

Вечер Прес - 11.12.2007

Австријците се закануваат дека ако не се најде решение за спротивставените ставови со Владата во однос на инвестициите и измените на законот за енергетика ќе се бара посредство на арбитражата во Лондон поради различните толкувања на купопродажниот договор Австриските газди на ЕСМ, неделава, писмено ...

Светска банка бара компромис меѓу ЕВН и Владата

А1 - 10.12.2007

Светската банка бара компромис меѓу Владата и австријците од ЕСМ. Во писмото до кое дојде А1 испратено до власта препорачува, да се направи уште еден обид за консензус меѓу двете страни. „Имајќи во предвид дека е понуден компромис, кој не е прифатен од ЕСМ се надеваме дека двете страни ќе размислат ...

ЕСМ-ЕВН спроведе електрификација во средните училишта

Време - 10.12.2007

„КОМПЈУТЕР ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ“ ЕСМ-ЕВН деновиве почна да го спроведува проектот за електрификација на средните училишта за енергетска поддршка на владиниот проект „Компјутер за секое дете“. - Забрзано се реконструираат енергетските објекти од кои се напојуваат 93 средни училишта низ Македонија за ...