TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Доцнат бесплатните билети за средношколците

Вест - 05.10.2008

Средношколците од прва година се уште не ги добиле бесплатните автобуски билети кои ги вети министерот за образование Перо Стојановски. Тој рече дека учениците ќе ги добијат билетите најдоцна до 20 септември, а дотогаш ќе можат да се возат во автобус само со потврда од школата.

За дополнителни паралелки на албански во Идризово ќе се одлучува утре

Алсат-М - 05.10.2008

Според заменик министерката за образование Линдита Ќазими, утре ќе се реши проблемот на учениците на основното училиште во Идризово. Таа за Алсат рече дека министерот за образование Перо Стојановски е спремен да понуди решение за овој проблем.

Трајановски: Во Идризово нема услови за проширување на паралелките на албански

Алсат-М - 04.10.2008

Градоначалникот на општина Гази Баба е против одлуката на Министерството за образование со која на учениците Албанци од училиштето „Петар Петрович Његош“ во скопското село Идризово им се овозможува да ја следат наставата во ова училиште и по завршувањето на четвртото одделение.

Средношколците на улица поради новите тестирања на нивното знаење

Утрински - 04.10.2008

Средношколците не сакаат тестови со кои ќе се проверува нивното знаење на крај од учебната година Жаклина Хаџи-Зафирова Околу двесте средношколци од неколку средни скопски училишта вчера протестираа пред Министерството за образование и наука поради воведувањето нови, стандардизирани тестови за ...

Учениците не сакаат тестови

Време - 04.10.2008

Полагањето крајни екстерни испити, предвидени со измените на Законот за средно образование, беа повод за вчерашните протести на средношколците пред Министерството за образование и наука.

Средношколците се против завршните тестирања

Н.Македонија - 04.10.2008

Стотици средношколци од прва до четврта година од повеќе скопски и велешки училишта за средно образование вчера мирно протестираа пред зградата на Министерството за образование (МОН), незадоволни од одлуката да се спроведе завршен тест на крајот на учебната година.

Родителите на 1.500 основци ќе заработат прекршочна пријава

Утрински - 03.10.2008

Родителите ќе мора да платат 1.000 евра ако не ги запишат своите деца во средно во наредните две недели Жаклина Хаџи-Зафирова Родителите на околу 1.500 основци ќе мора да ги олеснат своите џебови за 1.000 евра ако не ги запишат своите деца во средно во наредните две недели.

Наставничка во Русија се самоуби откако загинаа пет нејзини ученици

Утрински - 03.10.2008

Наставничка во Русија се самоуби откако загинаа пет нејзини ученици МОСКВА - Руска наставничка изврши самоубиство откако петмина нејзини ученици загинаа при уривање на нивното училиште во еден провинциски град, соопштија вчера локалните власти.

СРЕДНОШКОЛСКИ ПРОТЕСТИ ПОРАДИ ОБИДОТ ВЛАДАТА ДА ВЛИЈАЕ ВРЗ ОЦЕНКИТЕ

Телма - 03.10.2008

Секоја година успехот на учениците ќе биде проверуван екстерно, со тест изготвен од страна на Бирото за развој на образованието. Доколку добијат оценка која е за две оценки пониска од онаа што ја добиле од наставникот таа ќе биде намалена, а настваникот ќе биде парично казнет.

СРЕДНОШКОЛЦИТЕ НА ШТРАЈК ПРЕД МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

Сител - 03.10.2008

СРЕДНОШКОЛЦИТЕ НА ШТРАЈК ПРЕД МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ Средношколски штрајк или губење часови. Повеќе ученици од гимназијата Орце Николов и од Васил Антевски - Дрен протестираа пред Министерството за образование барајќи укинување на тестовите кои треба да ги полагаат на крајот од годината, а ќе ...

Оценките се намалуваат само ако се разликуваат

Вечер Прес - 03.10.2008

Има професори кои одржуваат настава во прва, втора и трета година. На денот на екстерното тестирање ќе биде одбран еден клас од генерациите на кои им предава професорот.

Класната на загинатите ученици се обеси

А1 - 02.10.2008

Класната учителка, на петте ученици кои вчера загинаа во школо во Оренбуршката област на Урал, ноќеска се самоубила со бесење. Телото на 43-годишната Марина Бородин, која била и заменик директор на училиштето, ја пронашол утрото нејзиниот сопруг.

Протестираа пробиштипските матуранти

Дневник - 02.10.2008

Протестираа пробиштипските матуранти Матурантите од Општинското средно училиште „Наум Наумовски-Борче“ од Пробиштип вчера протестираа и не ги прифаќаат измените на Законот за средното образование со кои е предвидена и екстерна проверка на постигањата на успехот на учениците на крајот од учебната ...

Средношколците во автобус само ако платат

Време - 02.10.2008

Учениците од скопските средни училишта се жалат дека дел приватни автобуски превозници не им дозволуваат бесплатно да ги користат нивните услуги и покрај одлуката на Министерството за образование и наука.

Се самоуби наставничката на загинатите ученици во Русија

Нетпрес - 02.10.2008

Се самоуби наставничката на загинатите ученици во Русија Класната раководителка на петте ученици, кои загинаа во школо во областа Урал, вчера, денеска извршила самоубиство. Телото на Марина Бородин (43), која била и заменик директор на училиштето, го пронашол нејзиниот сопруг во гаража.

Се самоуби наставничката на погинатите ученици во Русија

Нетпрес - 02.10.2008

Се самоуби наставничката на погинатите ученици во Русија Класната раководителка на петте ученици кои погинаа во школо во областа Урал, вчера извршила самоубиство. Телото на Марина Бородин (43), која била и заменик директор на школото, го пронашол нејзиниот сопруг во гаража.

Прекинат бојкотот во Струга

Дневник - 01.10.2008

Прекинат бојкотот во Струга По едномесечен бојкот, учениците-Македонци во гимназијата „Ибрахим Темо“ и средното техничко училиште „Нико Нестор“ во Струга се вратија на настава.Ова било договорено на средбата на претставници на Владата и на локалната самоуправа со учениците и нивни родители.

Учебната година во Бојане доцни поради бавно реновирање на училиште

Алсат-М - 01.10.2008

Учебната година е започната веќе еден месец , но не и за 600 ученици од основното училиште „Ибе Паликуќа“ од село Бојане скопско. Градежната фирма која доби на тендер за реновирање на училиштето е далеку од отворањето на училишните врати.

Партиципацијата се' уште не е вратена

Дневник - 01.10.2008

Родителите се револтирани бидејќи се' уште не им се вратени уплатените пари за партиципација, а средните училишта објаснуваат дека парите се веќе потрошени. Родителите се збунети и се прашуваат кога училиштата успеале да ги потрошат парите.

Учениците-Македонци се враќаат на настава

Утрински - 29.09.2008

Учениците - Македонци се враќаат на настава Охрид – Учениците-Македонци, кои четири недели ја бојкотираа наставата со барање за воведување јазични смени во училиштата „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“ во Струга, в понеделник ќе се вратат на настава.

Да ги оставиме учениците да учат!

Дневник - 29.09.2008

Кога се пишува или известува за случувањата со средношколците во државните средни училишта во Струга, секако треба да се навлезе во суштината на проблемот за да не дојде до искривување на вистината за случувањата.

За оценки од ракав, бркање од работа

Вест - 29.09.2008

Наставниците ќе останат без работа ако три години по ред бидат фатени дека им поклонуваат оценки на учениците. Со новиот Закон за основното образование и со измените на Законот за средното, Министерството за образование воведува проверка на објективноста на изречените оценки на учениците.

Македонците се вратија на настава

Време - 29.09.2008

По четиринеделниот бојкот на наставата, средношколците-Македонци од струшките училишта „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“ денеска се враќаат во училишните клупи.

Едукација плус

Време - 29.09.2008

Не одев на дополнителни часови. Не одев на часови за надополнување на знаењето, ниту додека бев во основно училиште, ниту додека бев во гимназија. Не го знаев школското градиво којзнае колку, ама, ете, не чувствував потреба од дополнителна настава.

Учениците Македонци се враќаат на настава во Струга

Алсат-М - 29.09.2008

Учениците Македонци, кои четири недели ја бојкотираат наставата со барање за воведување јазични смени во училиштата „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“ во Струга, од денеска ќе се вратат на настава.

Учениците Македонци, кои четири недели ја бојкотираат наставата со барање за воведување јазични смени во училиштата ...

Макфакс - 29.09.2008

Учениците Македонци, кои четири недели ја бојкотираат наставата со барање за воведување јазични смени во училиштата „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“ во Струга, во понеделник ќе се вратат на настава.