TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Металург и Младост не го одиграа натпреварот во ракометната Супер лига

А1 - 01.05.2004

И покрај неколкуте поместувања и пролонгирања, Металург и Младост сепак не го одиграа натпреварот од 6 коло на плеј офот во машката ракометна Супер лига. Попладнево, екипата од Богданци не се појави во скопската сала Автокоманда.

Тедико неприкосновен дома

Вест - 01.05.2004

МАШКА РАКОМЕТНА СУПЕРЛИГА, ПЛЕЈОФ ТЕДИКО - МЛАДОСТ 27:23 (15:11) ВЕЛЕС. - Сала на УЦП "Блаже Конески". Гледачи: 300. Судии: Камишевски и Николовски (Скопје). ТЕДИКО: Гигов, Ходик, Марков 1, Банцалиски 1, Узунчев 1, Лашкоски 1, Миндра, Шопов 2, Радивоевиќ 2, Крстиќ 4, Петров, Манасков 6, ...

По победата над Младост, Тедико се бори за второто место

Време - 01.05.2004

РАКОМЕТ - ПЛЕЈОФ, МАЖИ, 5. КОЛО Ракометарите на велешки Тедико ја забележаа третата победа во машкиот плејоф, овојпат над Младост од Богданци, победувајќи го со 27-23 (15-11) во последниот меч од 5. коло од разигрувањето за шампионската титулата.

Велешани во игра за второто место

Дневник - 01.05.2004

РАКОМЕТ - ПЛЕЈОФ Ракометарите на Тедико со победата над Младост (27-23), во 5. коло од разигрувањето за титулата, се враќаат во борбата за второто место со екипата на Металург, зад која заостануваат само еден бод. По дебаклот против Вардар во Скопје, со поразот од 13 гола, велешани успеаја да ...

Вардар В сигурно чекори кон одбрана на ракометната титулата

А1 - 30.04.2004

И машкото ракометно разигрување за титулата во Супер лигата влезе во последната фаза. Вардар Ватростална сигурно чекори кон одбрана на титулата и двојната круна. Црвено црните со 42:28 ја решија единствената непозната пред натпреварот со ТК Бренд во Скопје.

На богданчани не им се игра за полицијата

Вест - 30.04.2004

РАКОМЕТ - МЛАДОСТ ГО БОЈКОТИРА И ДЕНЕШНИОТ МЕЧ СО МЕТАЛУРГ? За денеска закажаниот натпревар (18.30 часот) од шестото коло од разигрувањето за титулата во машката ракометна Суперлига помеѓу Металург и Младост најверојатно нема да се игра.

Металург - Младост повторно нема да се игра?

Време - 30.04.2004

РАКОМЕТ - ПЛЕЈОФ, МАЖИ Натпреварот Металург - Младост од 6. коло од машкиот ракометен плејоф, кој е закажан за денеска во салата во Автокоманда (18.30 часот), нејверојатно нема да се одигра. Од Металург велат дека мечот е пријавен во Ракометната федерација на Македонија (РФМ) и оти немаат добиено ...

Вардарци сега само потоп може да ги сопре

Вест - 29.04.2004

МАШКА РАКОМЕТНА СУПЕРЛИГА, ПЛЕЈ-ОФ МЕТАЛУРГ - ВАРДАР ВАТРОСТАЛНА 33:43 (13:20) СКОПЈЕ. - Сала во Автокоманда. Гледачи: 700. Судии: Марјан и Драган Начевски (Скопје). МЕТАЛУРГ: Ристовски, Поповски, Атанасов, Димитровски 5, Павловски 3, Серафимовски, Петровски 4, Наумовски 1, Котески 7, Новаковски 6, ...

Вардар Ватростална ита кон новата шампионска титула

Време - 29.04.2004

РАКОМЕТ - ПЛЕЈОФ, МАЖИ, 5. КОЛО За актуелниот ракометен шампион во машка конкуренција, Вардар Ватростална, титулата во домашното првенство речиси е осигурена, откако завчера во „Автокоманда“ го победи градскиот ривал Металург со 43-33 (20-13).

Вардарци го почнаа славјето

Дневник - 29.04.2004

РАКОМЕТ - 5. КОЛО, ПЛЕЈОФ Вардар Ватростална почна да се подготвува за прославата на петтата шампионска титула, откако го победи конкурентот за првото место, Металург, со 43-33, во градското дерби. Вардарци, покажувајќи ја силата и нагорната линија на формата, никогаш полесно не го победиле ...

Ракомет: Вардар В. убедливо го совладаа Металург

А1 - 27.04.2004

Ракометарите на Вардар Ватростална направија крупен чекор кон одбрана на титулата откако вечерва во Автокоманда убедливо го совладаа најголемиот конкурент Металург со 43:33. Во вториот дуел од петото коло во Прилеп Пелистер од познати причини беше домаќин и славеше над ТК Бренд со 33:26.

Вардар В. е се поблиску до шампионската титулата

Време - 27.04.2004

РАКОМЕТ - ПЛЕЈОФ, МАЖИ, 4. КОЛО Ракометарите на Вардар Ватростална се се поблизу до потврдување на ланскиот успех, освојување на двојната круна, откако во дерби-натпреварот од 4. коло од плејофот убедливо го победија велешки Тедико со 37-24 (15-11).

Пелистер МБ - ТК Бренд ќе играат во Прилеп

Време - 27.04.2004

РАКОМЕТ - ДЕНЕСКА 5. КОЛО ОД ПЛЕЈОФОТ Пелагониското ракометно дерби меѓу Пелистер МБ и Тутунски комбинат Бренд од 5. коло од плејофот, кое е без поголемо значење и за двете екипи, наместо во Битола, ќе се игра вечерва во Универзалната сала на Тутунски комбинат во Прилеп (18.30 часот).

Вардарци во шампионска форма

Дневник - 27.04.2004

ракомет - ПЛЕЈОФ, МАЖИ Голманите имаа повеќе одбрани отколку примени голови Актуелниот машки ракометен шампион Вардар Ватростална пред домашна публика ја најави кандидатурата за петтата титула, надмоќно победувајќи го Тедико со 37-23 (15-12).

ТК Бренд го доживеа и четвртиот пораз

Време - 26.04.2004

РАКОМЕТ - ПЛЕЈОФ, МАЖИ, 4. КОЛО Ракометарите на Тутунски комбинат Бренд до доживеаја и четвртиот пораз во плејофот, овојпат од скопски Металург, со 27-32 (12-15) во мечот одигран во саботата во Прилеп, а Младост го победи дома Пелистер МБ со 27-22 (15-11).

Прилепчани и со добра игра губат дома

Вест - 26.04.2004

МАШКА РАКОМЕТНА СУПЕРЛИГА, ПЛЕЈ-ОФ ТУТУНСКИ КОМБИНАТ БРЕНД - МЕТАЛУРГ 27:32 (12:15) ПРИЛЕП. - Универзална сала на Тутунски комбинат. Гледачи: 500. Судии: Чавдаров (Богданци) и Дучков (Гевгелија). ТК БРЕНД: Соколоски, Дупјачанец, Петкоски, Локвенец, Ангелоски, Јовчески, Когој 2, Шокоски 4, Илиоски ...

Пелистер без шанси за титулата?

Дневник - 26.04.2004

РАКОМЕТ - 4. КОЛО, ПЛЕЈОФ, МАЖИ Ракометарите на Пелистер МБ веројатно ќе мора да се простат од надежите за освојување на шампионската титула откако загубија со 22-27 на гостувањето во Богданци од Младост. Ова е втор пораз на Пелистер МБ во плејофот и по 4 кола остануваат со 6 бода, како ...