TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Јубилејно 35. издание на „Златно славејче“

Време - 10.11.2005

ОД ДЕНЕСКА ДО ИДНИОТ ЧЕТВРТОК Триесет и петтото издание на фестивалот на детска песна „Златно славејче“ ќе се одржи од 10 до 17 ноември во Универзалната сала, во организација на Сојузот за грижи и воспитување на децата на градот Скопје.

Цела недела со ѕвездите на "Златно славејче"

Дневник - 09.11.2005

ОД УТРЕ ВО УНИВЕРЗАЛНАТА САЛА Со изведба на 16 песни, утре во 11 часот во Универзалната сала ќе почне 35 издание на најреномираниот детски фестивал во земјава - "Златно славејче. Претставите од 10 до 17 ноември ќе почнуваат во 11 и во 13 часот, а во сабота во 18 часот ќе биде изведена уште една ...

"Златно славејче" по 35. пат

Утрински - 09.11.2005

Фестивал на детски мелодии од 10 до 17 ноември во "Универзална сала" Во Универзална сала од 10 до 17 ноември ќе се одржи традиционалниот фестивал на детска песна ,,Златно славејче 2005". Годинава фестивалот слави јубилеј и традиција од 35 години постоење.

Славејчињата ќе пеат за роденденот

Вечер Прес - 09.11.2005

Реномираниот детски фестивал "Златно славејче 2005 " годинава одбележувајќи го својот 35. роденден, на децата од цела Македонија ќе им подари осумдневна фестивалска забава. Стартот е договорен за в четврток, во 11 часот, во Универзална сала, каде првпат славејчињата ќе ги испеат новите 16 песни.