TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Кривични пријави за иницијаторите

Време - 17.02.2007

УО НА ФФМ ВО КОНТРАНАПАД Управниот одбор на ФФМ поднесе кривична пријава за Иницијативниот одбор за промени поради фалсификување и злоупотреба на печати на три општински фудбалски сојузи, кои стојат како поддржувачи на барањето за вонредно собрание на ФФМ.

Не чекаат 33 дена фудбалска (анти)пропаганда

Време - 17.02.2007

ФФМ ЌЕ ОДРЖИ ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ НА 17 МАРТ Повеќе од еден месец агитирање, подметнувања, мачни прес-конференции и обвинувања ја чека македонската фудбалска јавност, откако Управниот одбор на ФФМ закажа генерално собрание на федерацијата за на 17 март, на кое ќе има и точка за гласање доверба на ...

Иницијаторите без поддршка за вонредно собрание на ФФМ

Утрински - 17.02.2007

Четири од осумте барања се нелегитимни и ФФМ ќе поднесе кривична пријава против непознат сторител за злоупотреба на печатите МИОДРАГ МИЦКОВИЌ Кој тука навистина да се снајде. Дали иницијаторите за промени во Фудбалската федерација на Македонија и барање за свикување на вонредно собрание се во право ...

ФФМ оспори три од осумте барања

Дневник - 17.02.2007

Кривична пријава против непознат сторител ќе поднесе Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) поради злоупотреба на печатот на Општинскиот сојуз на Свети Николе, информира веб-страницата на ФФМ. УО исто така смета дека се злоупотребени и печатите на ОФС Гевгелија и ОФС Скопје, ...

Божиновски: Целта е постигната

Вечер Прес - 17.02.2007

Она што е најважно е дека на 17 март на дневен ред ќе има точка за доверба на претседателот Хаџи-Ристески, а тоа беше и нашата намера, вели Емил Божиновски, член на Иницијативниот одбор за промени Претседателот Харалампие Хаџи-Ристески и членовите на Управниот одбор на Фудбалската федерација на ...

Деманти и поддршки од ОФС

Вечер Прес - 17.02.2007

Во образложението од состанокот на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, ставено на нејзиниот сајт, како причина за одбивање на барањето на Иницијативниот одбор е наведено дека од осумте потписи и печати легитимни се само четири.

Емил Божиновски ќе го предизвика Харалампие Хаџиристески

Време - 16.02.2007

ИНИЦИЈАТОРИТЕ ЗА ПРОМЕНИ ИСТАКНАА КАНДИДАТУРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ФФМ Емил Божиновски е кандидат за претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), кој е предложен од страна на Иницијативниот одбор (ИО) за промени во Федерацијата.

Емил Божиновски на двобој со Хаџи-Ристески

Вест - 16.02.2007

Иницијативниот одбор за промени во македонскиот фудбал одлучи: Довчерашниот интернационален судија Емил Божиновски е претседателски кандидат на инцијативниот одбор за промени во македонскиот фудбал кој на вчерашната прес конференција ги информира новинарите дека ја добиле потребната писмена ...

На 17 март редовно Генерално собрание на ФФМ

Утрински - 16.02.2007

На 17 март во Скопје ќе се одржи редовно Генерално собрание на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Ова одлука беше донесена на вчерашната седница на Управниот одбор на ФФМ во скопскиот хотел „Бест вестерн“. На Собранието ќе се гласа за поддршка на претседателот на ФФМ, Харалампие ...

Расим Муминовиќ

Утрински - 16.02.2007

ЕМИЛ КИТАНОВСКИ Вчерашната активност на членовите на Иницијативниот одбор предизвика контра реакција кај челниците на ФФМ, па така извори блиски до ФФМ изнесуваат неколку конкретни недоследности во барањето на иницијаторите. Имено, меѓу осумте општински сојузи кои застанаа зад иницијативата, на ...

Иницијаторите поднесоа барање за Вонредно собрание

Утрински - 16.02.2007

ФФМ Емил Божиновски кандидат за претседател на фудбалската федерација на Македонија на Иницијативниот одбор ЕМИЛ КИТАНОВСКИ Иницијативниот одбор за свикување Вонредно собрание на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) вчера поднесе барање за закажување Вонредно собрание и во прилогот ја достави ...

Одборот достави барање за промени во ФФМ

Дневник - 16.02.2007

Прифаќаме и редовно Собрание, со бараниот дневен ред во кој Емил Божиновски ќе биде нашиот кандидат за претседател, велат од Одборот за промени Поддршката ќе се мери на Собранието меѓу делегатите, а не со печатите. Тоа е пораката што Иницијативниот одбор за промени во ФФМ ја испрати до актуелното ...

На 17 март ќе се гласа за доверба на Хари

Дневник - 16.02.2007

Актуелното раководство на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) реши на редовното годишно Собрание на 17 март годинава да се гласа за доверба на Управниот одбор, но на дневен ред нема да се најдат точките што ги побара Одборот за промени.

Заверено барањето за вонредно Собрание

Вечер Прес - 16.02.2007

За смени во македонската куќа на фудбалот се изјаснија осум општински фудбалски сојузи Иницијативниот одбор за промени во Фудбалската федерација на Македонија го повлече потегот за свикување на вонредно Собрание на ФФМ. Вчера во администрацијата на македонската куќа на фудбалот е доставено и ...

ИО за промени во ФФМ поднесе барање за свикување вонредно собрание

А1 - 15.02.2007

Управниот одбор на фудбалската федерација на Македонија закажа редовно собрание за 17-ти март, а иницијативниот одбор за промени во федерацијата до архивата на ФФМ денеска поднесе барање за свикување вонредно собрание. Во одборот за уривање на актуелното фудбалско раководство велат дека обезбедиле ...

Ново деби на Атанасовски како ген-сек на ФФМ

Време - 15.02.2007

ДЕНЕСКА СЕДНИЦА НА УО Закажување на редовното собрание на Фудбалската федерација на Македонија за 17 март ќе биде главна точка на дневниот ред на денешната седница на Управниот одбор на ФФМ, со која ќе раководи Илија Атанасовски, вршителот на должноста генерален секретар на ФФМ.

Емил Божиновски - кандидат за претседател на ФФМ

Време - 14.02.2007

„ВРЕМЕ“ НЕОФИЦИЈАЛНО ДОЗНАВА Емил Божиновски, сега веќе поранешниот фудбалски судија со знакот на ФИФА, ќе биде кандидатот за претседател на Фудбалската федерација на Македонија што ќе биде предложен од страна на Иницијативниот одбор за промени, неофицијално дознава „Време“.

Редовното собрание на 17 март

Вест - 13.02.2007

КОНТРАУДАР НА РАКОВОДСТВОТО НА ФФМ Актуелното раководство на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) не чекаше новоформираниот "Иницијативен одбор за промени во македонскиот фудбал" да собере потписи од најмалку осум општински фудбалски сојузи (ОФС) за свикување вонредно генерално собрание, туку ...

Редовно собрание во март?

Време - 13.02.2007

СЕДНИЦА НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ФФМ В ЧЕТВРТОК Фудбалската федерација на Македонија ќе свика редовно собрание на средината на март, на кое ќе се говори за досегашната работа на Федерацијата, но и на кое ќе се извршат промените на Статутот на ФФМ, предложени од Управниот одбор.