TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Слободното новинарство е услов за демократија

Време - 03.12.2005

ВМРО-НП ЗАСТАНА ЗАД НОВИНАРИТЕ ВМРО-народна партија со несимпатии гледа на последните обиди на власта, преку вешто смислен план, да се изврши притисок и контрола на професијата новинар и новинарскиот еснаф. - Поради обидите на власта за смена на уредници, обвинувањата дека новинарите се ...

Власта се обидува да ги замолчи новинарите

Дневник - 03.12.2005

ВМРО-НАРОДНА Обидите на власта за смена на уредници, обвинувањата дека новинарите се најкорумпирани и заплашувањата со судски процеси ја зацврстија Македонија на 108. место на светската ранг-листа за слобода на печатот, рече портпаролот на ВМРО-НП Александар Ѓорѓиев.

Приказна со погрешен агол

Дневник - 03.12.2005

Бранко ЃорЃевски Новинарот бил "штета за општината", па затоа градоначалникот на скопската општина Аеродром повикал полиција да го приведе. Утре, најверојатно, ќе му поднесе и тужба за клевета. Судот ќе му најде два-три "клеветнички" збора за да го осуди на затворска казна.

Етика и професионалност на новинарите

Дневник - 02.12.2005

Писмо (Повод: "Господарката", Дневник, 29 ноември) Целта на медиумите и причината за нивното постоење е да го унапредуваат демократскиот процес. Тие се неопходни за здравјето на демократијата од најмалку две причини. Прво, придонесуваат за одговорни и информирани одлуки, наместо одлуки втемелени во ...

Кај што има...

Дневник - 01.12.2005

Радмила Шекеринска Никогаш не сум ја сакала македонската поговорка "Кај што има сила нема правдина". На неа ме потсетија судските пресуди против новинарите во претходните недели. Немам право да критикувам поединечни правни одлуки, но мислам дека имам право да зборувам за некои принципи на ...

Новинарите трпат притисоци, но не пишуваат за својот еснаф

Утрински - 30.11.2005

Претставниците од "седмата сила" се жалат на лошата состојба во медиумскиот простор Не постои новинар што не добил макар најситен подарок, вели професорката Весна Шопар, повикувајќи се на анкета со новинари Политички и бизнис-притисоци, мали плати, мито и корупција.

Бизнис-групите ја притискаат новинарската етика

Дневник - 30.11.2005

ТРИБИНА Во медиумите се отстапува од етиката и поради се поголемото влијание на бизнис-центрите, кои покажуваат политички амбиции, предупреди вчера Зоран Иванов, директор на државната агенција МИА, на трибината за состојбите во македонското новинарство.

Колку и како се презентира вистината

Време - 30.11.2005

КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА НОВИНАРСТВОТО И РАЗВОЈОТ НА МЕДИУМИТЕ Темата за корупцијата во новинарството и обвинувањата во таа насока од премиерот Бучковски ја узурпираа првата сесија на дводневната конференција „Професионалното новинарство и развојот на медиумите во Македонија“, во организација на ...

Бизнисот притиска врз новинарството

Вечер Прес - 30.11.2005

Дали и колку новинарите се подготвени да зборуваат за својата професионалност и одговорност, за условите во кои работат, за својата безбедност и за тоа колку се платени. Ова се дел од прашањата на кои вчера се обидоа да одговорат претставници на македонското новинарство во рамките на дводневната ...

Дебата на македонските новинари за притисоците врз нив

А1 - 29.11.2005

Трпи ли притисоци македонското новинарство, дали новинарите се контролирани и корумпирани за политички цели. Дебатираа денеска новинарите на трибината организирана од Македонскиот институт за медиуми. Постојат обиди новинарите да бидат контролирани од центри на моќ - една од тезите кажани денеска.

Новинарите ќе протестираат ако продолжат пресиите

Дневник - 29.11.2005

МЕДИУМИТЕ НА УДАР Здружението на новинарите ќе организира протести доколку продолжи репресијата против новинарите, најави вчера Роберт Поповски, секретар на Здружението. - Ова што се случува сега со изрекувањето затворски и другите казни за новинарите е вистинска хајка против нив.

И новинарите ги затвораат, зарем не!

Дневник - 29.11.2005

Тодор Пендаров Во извештаите на меѓународните институции кои ја следат слободата и независноста на медиумите и новинарите Македонија е некаде на дното меѓу европските држави. Секако за оваа тмурна слика на нашата демократија свој придонес даваат и судските процеси против новинарите обвинети и ...

Битката за слободата на информирање ќе оди до Стразбур

Канал5 - 29.11.2005

Случаите на судски пресуди против новинари што деновиве завршија и со затворски казни, според Центарот за развој на медиумите се сомнителни и ќе се бара правда дури во Стразбур. Случаите на судски пресуди против новинари што деновиве завршија и со затворски казни, според Центарот за развој на ...

Бизнисмени, адвокати и судии во спрега против новинарите

Вест - 28.11.2005

Во добар дел од случаите против новинарите тужителите ги застапува адвокатската канцеларија 'Поленак', а суди судијата Никола Ивановски, посочија на вчераШната прес конференција тужените новинари и уште еднаш побараа декриминализација на клеветата, з Група новинари кои се обвинети или осудени за ...

Новинарите бараат фер-судења

Време - 28.11.2005

ВЛАСТА УДРИ ПО МЕДИУМИТЕ Новинарското известување станува кривично дело за кое се оди во затвор. Неажурното судство е неверојатно ефикасно во процесите против новинарите поради спрегата меѓу бизнисмени, политичари, адвокати и некои судии.

Судовите брзи кога им судат на новинари

Дневник - 28.11.2005

МЕДИУМИТЕ НА УДАР Постои спрега меѓу бизнисмените, адвокатите и судиите со цел да ги осудат новинарите и да се добијат што е можно повеќе пари, реагираат новинари од повеќе медиуми Правдата во Македонија е брза и ефикасна само кога се судат новинари, а известувањето стана кривично дело, реагираат ...

Судовите се најекспедитивни кога се во прашање новинарите

Утрински - 28.11.2005

Новинарите тврдат дека се жртви на притисоци и на обиди за замолчување Само во последниве неколку месеци се осудени неколку новинари на условни затворски казни или на астрономски суми парични казни Судовите во земјава се особено експедитивни кога им судат на новинарите обвинети за делата клевета и ...