TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Одложено судењето на Бучковски за резервните делови за тенкови

Утрински - 16.10.2007

Судот го прифати предлогот за одложување на судењето поради зафатеност на адвокатот Стеван Павлески Поранешниот премиер Владо Бучковски вчера присуствуваше на првото судско рочиште кое траеше само петнаесетина минути ЉУБИША СТАНКОВИЌ Само петнаесетина минути траеше стартот на судскиот процес што се ...

Адвокат го одложи почетокот на процесот за Бучковски

Време - 16.10.2007

СУДЕЊЕ ЗА ТЕНКОВСКИТЕ ДЕЛОВИ Поранешниот премиер и министер за одбрана Владо Бучковски најверојатно на 29-ти овој месец ќе ја даде својата одбрана, како првообвинет во случајот со набавка на деловите за тенкот Т-55, откако вчера беше одложен почетокот на овој судски процес по барање на адвокат.

Починале клучните сведоци на Бучковски

Дневник - 16.10.2007

Пратеникот Владо Бучковски ќе се брани дека во спорниот период од 2001 година во формација имало 90 тенкови, а не 20, како што тврди Обвинителството Судскиот процес за набавката на резервни делови за тенковите „Т-55“ можеше да се заврши за само еден ден ако беа живи поранешниот државен секретар во ...

Бучковски: Клучните сведоци се починати

Вест - 16.10.2007

ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО ЗА СЛУЧАЈОТ АРМИСКИ ТЕНКОВИ Судскиот процес против поранешниот премиер Владо Бучковски и четворица обвинети за случајот армиски тенкови вчера беше одложен поради обврски на еден од адвокатите. Иако сите обвинети, двајцата обвинители, заменик-јавниот правобранител и бранителите беа ...

Бучковски: Се надевам на фер судење!

Вечер Прес - 16.10.2007

Екс-министерот за одбрана, Владо Бучковски кој одговара за злоупотреба на службата вели дека за случајот имало притисок од оние што го монтирале, но и дека по изминативе шест години за случајот хендикеп се двата клучни сведоци кои не се меѓу живите Се надевам дека ќе има фер судење иако досега ...

Се одложи судскиот процес против екс премиерот Владо Бучковски

Канал5 - 15.10.2007

Се одложи почетокот на судењето против поранешниот премиер и министер Владо Бучковски, поради обврски на адвокатите. Ќе започне кон крајот на месецов – Бучковски најавува дека тогаш ќе ги презентира доказите кои не беа земени во предвид во истражната постапка. Ќе се бара и вештачење.

Почнува судењето против Владо Бучковски

Дневник - 15.10.2007

Пратеникот Бучковски и уште четворица обвинети се товарат за злоупотреба при набавка на делови за тенковите „Т-55“ Поранешниот премиер и бивш министер за одбрана Владо Бучковски денеска се очекува да седне на клупата за обвинети за случајот „Армиски тенкови“ во Основниот суд 1 во Скопје.