TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Дневник: Групата на Јакупи е во Македонија!?

Макфакс - 02.08.2007

Скопје Рамадан Шити и Лирим Јакупи-Нацист, заедно со уште петмина, осудени за тероризам и тешки кривични дела, што во саботата избегаа од затворот Дубрава во Косово се наоѓаат на македонска територија во околината на Танушевци.

Уапсен уште еден стражар во Приштина

Макфакс - 01.08.2007

Приштина Косовската полициска служба (КПС) уапси уште еден стражар во затворот во Дубрава поради сомневање дека помагал при бегство на седуммината затвореници пред два дена, потврди синоќа портпаролот на КПС за регионот Ветон Ељшани. “Полицијата уапси уште еден стражар во затворот во Дубрава.

Награда од 5000 евра за информација за избеганите затвореници

Макфакс - 01.08.2007

Приштина Косовската полиција понуди награда од 5000 евра за информации за седуммината затвореници осудени за тероризам или тешки кривични дела, кои во саботата избегаа од затворот Дубрава, кај Исток. Ова денеска го изјави портпаролот на косовската полициска служба Ветон Елјшани, додавајќи дека ...

Косово побара помош од соседите

Макфакс - 01.08.2007

Приштина Косовската полициска служба (КПС) побара помош од Македонија, Црна Гора и од Албанија во потрагата по седуммината избегани затвореници, осудени за тероризам или тешки кривични дела од затворот Дубрава, кај Исток. Портпаролот на КПС Ветон Елјшани синоќа изјави дека косовската полиција ...

Човиќ:Бегството на затворениците од „Дубрава“ договорено

Макфакс - 01.08.2007

Белград Одредени фактори ќе ги користат неодамна избеганите затвореници од затворот „Дубрава“ на Косово за дестабилизација на овој простор и за застрашување на меѓународната заедница. Ова е оценка на Небојша Човиќ, некогашен претседател на Координативниот центар за Косово и Метохија, според кого, ...