TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Митрополитот Петар и муфтијата Демири во посета на Обедник

А1 - 27.05.2007

Денеска од демирхисарското село Обедник, по само седум дена од пожарот во селската џамија , порака за соживот и верска толеранција помеѓу жителите со православна и муслиманска вероисповед упатија митрополитот Петар и битолскиот муфтија Орхан Демири.

Министерот Коњановски и владиката Петар во посета на село Обедник

Канал5 - 27.05.2007

По неодамнешното опожарување на џамијата во селото Обедник, Демирхисарско, денеска селото го посетија министерот за локална самоуправа Зоран Коњановски, митрополитот на Преспанско - пелагониската епархија и администратор Австарлиско - новозеландски, господин Петар и претставници на Исламската ...

Владата и ИВЗ ќе ја обноват опожарената џамија

Дневник - 26.05.2007

Владата во соработка со Исламската верска заедница целосно ќе ги санира штетите во опожарената џамија во демирхисарското село Обедник. - Владата најостро го осудува чинот на опожарување на џамијата. Оваа постапка е насочена против вековната традиција помеѓу граѓаните во земјава, кои живеат во ...

Владата ќе помогне во санирање на штетите на џамијата во Обедник

А1 - 24.05.2007

Владата ќе помогне во санирање на штетите од опожарувањето на џамијата во Обедник, демирхисарско. Сторителите се уште не се откриени. „И овој регион, како и останатиот дел од РМ, не познава, во својата вековна традиција, верска омраза, етничка омраза, не познава случаи кога од некои неодговорни ...

ИВЗ го обвинува владиката Петар за верска нетрпеливост

Утрински - 24.05.2007

Кражбата и опожарувањето на џамијата во селото Обедник Исламската верска заедница ја оцени како вандалски чин, но истовремено и како еден од многуте примери на притисоци кон припадниците на исламот кои живеат во Пелагонискиот регион.

ИВЗ ја обвини МПЦ за запалена џамија

Дневник - 24.05.2007

Исламската верска заедница го обвини преспанско-пелагонискиот владика Петар дека придонел за верската нетрпеливост кон муслиманите и за опожарувањето на џамијата во Обедник. - Муслиманите и објектите на исламската култура во тој регион се загрозени.

Владата и ИВЗ целосно ќе ги санираат штетите на опожарената џамија во Обедник, Демирхисарско

Канал5 - 24.05.2007

Владата на Република Македонија во соработка со Исламската верска заедница целосно ќе ги санира штетите во опожарената џамија во демирхисарското село Обедник, информира за владината одлука портпаролот на Владата Ивица Боцевски.

Владика ја урива исламската култура

Вечер Прес - 24.05.2007

Подметнатиот пожар на џамијата во демирхисарското село Обедник е само еден од многуте обиди да се урне добрососедството, верската толеранција и соживотот во пелагонискиот регион, обвини денеска првиот човек на Исламската верска заедница.

ИВЗ ја обвинува МПЦ за дискриминација

А1 - 23.05.2007

Се отвора ли спор меѓу ИВЗ и МПЦ? Денеска Реис ул улема Сулејман ефенди Реџепи ја искористи запалената џамија во Обедник, демирхисарко, да му упати остри критики на митрополитот Преспанско-пелагониски Петар. „Зошто само во тој регион се случуваат вакви работи.

ИВЗ ја посочи пелагониската епархија дека ја потхранува верската нетрпеливост

Канал5 - 23.05.2007

Муслиманите во пелагонискиот регион се загрозени – атмосферата е влошена по опожарувањето на џамијата во Обедник - тврди Сулејман Реџепи првиот човек на исламската верска заедница. За ваквата атмосфера на верска не толеранција тој обвини дека придонела и пелагониската епархија на чело со владиката ...

Нема да се урива нелегалната џамија во Бутел

Вест - 22.05.2007

ОПШТИНА БУТЕЛ ОДЛУЧИ Од Општината велат дека досега никој не урнал џамија, па затоа и тие нема да уриваат, без оглед на тоа што објектот не е предвиден во ДУП Општина Бутел нема да ја урива спорната џамија која Исламската верска заедница ја гради на улицата Душко Поповиќ во населбата Бутел, иако ...

Јанкуловска ги осуди потпалувачите на џамијата

Дневник - 22.05.2007

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска вчера ја посети опожарената џамија во демирхисарското село Обедник. Таа најостро го осуди вандалскиот чин извршен во неделата, кога беше запалена внатрешноста на џамијата. - Ваков чин може да направи само личност со изместен систем на вредности.

Јанкулоска кај опожарената џамија

Вечер Прес - 22.05.2007

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, заменик-министерот за внатрешни работи Рефет Елмази, претставници на Исламската заедница и на мониторинг мисијата на Европската унија, го посетија демирхисарското село Обедник, каде што во подметнат пожар изгоре дел од внатрешноста на џамијата и ...

Подметнат пожар во џамија

Време - 21.05.2007

СЕЛО ОБЕДНИК ДЕМИР ХИСАР Дел од внатрешноста на џамијата во демирхисарското село Обедник изгорел во пожар што бил подметнат вчера во раните утрински часови. Покрај тоа од џамијата бил украден и системот за озвучување. Опожарените простории прв ги забележал селскиот имам, кој веднаш ги известил ...

Запалена џамијата во село Обедник

Дневник - 21.05.2007

ВО ДЕМИРХИСАРСКО Албанското население од селото претпоставува дека потпалувачите се Македонци од соседното село Слепче, на кои им пречело гласното пеење на оџата Непознати вандали вчера изутрината се обиделе да ја запалат единствената џамија во демирхисарското село Обедник.