TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Два дена го газиме терминот на ФИФА

А1 - 17.06.2007

Македонскиот фудбал веќе два дена го гази терминот одреден од ФИФА за решавање на двовластието во домашната федерација. Викендот како да ги понесе и двете страни во конфликтот, мируваат чекајќи го понеделник, Божиновски откако го постави и последниот ултиматум, неговиот ривал да свика вонредно ...

Суспензија?!

Време - 16.06.2007

ПРВПАТ ВО ИСТОРИЈАТА МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ ОТСЕЧЕН ОД СВЕТОТ Златко Крстевски Македонскиот фудбал од синоќа на полноќ доби автоматска суспензија од страна на ФИФА и на УЕФА, откако истече ултиматумот од овие две федерации, со кој се бараше враќање на Харалампие Хаџи-Ристески на чело на ФФМ.

Македонскиот фудбал суспендиран

Вест - 16.06.2007

ОТКАКО НЕ СЕ ИСПОЛНИЈА БАРАЊАТА НА ФИФА И НА УЕФА Иако вчера второстепната комисија ја прифати жалбата на адвокатската канцеларија на ФФМ за поништување на потписот на Емил Божиновски во Централниот регистар, не беа исполнети останатите два услова: да се д Од денеска фудбалот во Македонија е под ...

Иницијаторите за промени не се повлекоа, следуваат санкциите

Утрински - 16.06.2007

Второстепената комисија на Централниот регистар за жалби вчера ја уважи жалбата на Хаџиристески ЕМИЛ КИТАНОВСКИ Емил Божиновски не постапи според препораките на УЕФА и ФИФА и во предвидениот рок до 15 јуни не ги напушти службените простории на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), онака како ...

Божиновски не отстапи, Хаџи-Ристески не попушти

Дневник - 16.06.2007

Меѓународните асоцијации бараа да се врати за нив легитимниот претседател Хаџи-Ристески , па в понеделник мак-фудбалот ќе биде на дневен ред во Цирих Наредниве два-три дена ќе бидеме во постојан контакт со членовите на Извршниот комитет на ФИФА, пред седницата закажана за в понеделник, за да ги ...

Суспензија или...

Вечер - 16.06.2007

Вчера, до затворање на весникот, ситуацијата остана статус кво од двете страни, а в понеделник Комитетот за итност на ФИФА ќе расправа за иднината на мак-фудбалот Истече рокот поставен од Светската фудбалска федерација (ФИФА) за враќање на состојбите во нормала во Фудбалската федерација на ...

Судијка од прилеп во Дизелдорф со фудбалски пари!

Вечер - 16.06.2007

Новата страница на финансовите криминали, но не само финансови секако, во Фудбалската федерација за време на раководењето на Хари Хаџиристевски се над два милиони евра платени на само една туристичка агенција, Гуливер од Скопје, со кои пари патувала и неговата сопруга, инаку истражен судија од ...

Македонскиот фудбал пред суспензија од меѓународната сцена

А1 - 15.06.2007

Второстепената комисија за жалби на владата на Република Македонија денеска ја прифатила жалбата од Харалампие Хаџиристески, го поништила решението на централниот регистар со кое Емил Божиновски минатиот месец беше запишан за претседател на Фудбалската федерација на Македонија и го вратила на ...

Божиновски и неговите свесно не истуркаа во суспензија

Време - 15.06.2007

ИНИЦИЈАТОРИТЕ НЕ ФЕРМААТ НИКОГО И СЕ УШТЕ ВОДАТ ИНАЕТ Златко Крстевски Непознат број делегати од Собранието на ФФМ прексиноќа, наводно, му дале поддршка на кандидатот за претседателското место од ИО за промени во ФФМ, Емил Божиновски, да истрае во борбата за власт и да не се повлече пред ...

Денот Д за македонскиот фудбал

Вест - 15.06.2007

Денеска истекува рокот даден од ФИФА и од УЕФА На 24 часа до истекот на рокот што ФИФА и УЕФА ни го даде до кога треба да се средат односите во македонскиот фудбал, на повидок сеуште нема никакво решение. Што е најстрашно, нема ни сигнали дека можеме да ја избегнеме суспензијата.

Нелгитимниот Емил Божиновски, нема право да уценува

Утрински - 15.06.2007

Зошто иницијаторите за промени на помош повикуваат една мала група делегати на собранието МИОДРАГ МИЦКОВИЌ Денот „Д“ за македонскиот фудбал дојде. Денес до 24 часот узурпаторите на просториите на ФФМ, нелегитимниот претседател Емил Божиновски, заедно со својата свита, исто така нелегитимни членови ...

Суспензија не ни гине

Дневник - 15.06.2007

Казната ќе биде автоматска, а ќе трае се' додека не се исполни ултиматумот на ФИФА и УЕФА Денеска истекува рокот што светската и европската федерација му го дадоа на македонскиот фудбал за да се врати во нормала пред да бидеме исклучени од членството на овие организации.

Воведувањето санкции зависи од Хаџи-Ристески

Вечер - 15.06.2007

Божиновски, кој веќе ја има поддршката на 61 делегат, доби мандат до 17 јуни да договори со Хари термин за одржување вонредно изборно собрание на ФФМ, иако денеска истекува ултиматумот на ФИФА Денеска истекува рокот од ултиматумот што Светската фудбалска федерација (ФИФА) и го постави на ...

ФФМ плаќала 20.000 евра месечно за Катанец!

Вечер - 15.06.2007

Среќко Катанец, селекторот на македонската фудбалска репрезентација, има месечна плата која е поголема од платите на сите министри сосе Премиерот заедно! А Македонија притоа не мрднала од 50-60 место на ранг-листата на ФИФА нагоре, ниту се квалификувала за кој било меѓународен фудбалски настан на ...

Нема договор во ФФМ, утре истекува рокот

А1 - 14.06.2007

Најважната споредна работа во светот никогаш и не била вистински споредна, не е ниту кај нас, барем ако се суди според нечија подготвеност да се жртвува целиот македонски фудбал за да се задоволи сопственото его. Утре истекува рокот од ФИФА и од УЕФА за средување на состојбите во нашата фудбалска ...

Од утре македонскиот фудбал суспендиран

Вест - 14.06.2007

АКО И ДЕНЕСКА НЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ ФУДБАЛСКАТА ВЛАДА НА ЕМИЛ БОЖИНОВСКИ Денеска е последниот ден од рокот што ни го дадоа ФИФА и УЕФА за средување на односите во македонскиот фудбал. Ако и денеска Емил Божиновски не го повлече својот потис од Централниот регистар и, истовремено, не се повлече од ...

Фудбалерите ќе бидат стечајна маса

Време - 14.06.2007

ДВА ДЕНА ДО СУСПЕНЗИЈА ОД ФИФА И ОД УЕФА Златко Крстевски Евентуалната суспензија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) од страна на ФИФА и на УЕФА може да донесе огромни последици за секој што во Македонија заработува од најважната споредна работа на светот, фудбалот.

Условна суспензија, па исклучување на конгрес на ФИФА

Време - 14.06.2007

ШТО ПРЕДВИДУВА СВЕТСКАТА КУЌА НА ФУДБАЛОТ Никола Богојевски Конгресите на двете фудбалски централи ФИФА и УЕФА се одговорни за суспензија на една нејзина полноправна членка и, ако се суди според општиот Статут, Македонија ќе биде условно суспендирана и суспензијата ќе трае до моментот додека не се ...

Премиерот Груевски апелира да се смират страстите во ФФМ

Утрински - 14.06.2007

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски јавно ги повикува двете спротивставени страни во Фудбалската федерација на Македонија, предводени од Емил Божиновски и Харалампие Хаџиристески, да најдат заеднички јазик, да ги смират страстите и да ги надминат меѓусебните ...

Хаџиристески обвинет дека ја купува довербата на медиумите

Утрински - 14.06.2007

Вчера по налог на нелегитимниот УО на Емил Божиновски, му беше исклучен службениот телефон на Хаџиристески ЕМИЛ КИТАНОВСКИ Во предвечерјето на истекувањето на рокот што ни го поставија УЕФА и ФИФА за средување на состојбите во мак-фудбалот, и изрекувањето на се' поочигледните санкции пред кои се ...

Црвен картон

Утрински - 14.06.2007

ЕДИТОРИЈАЛ ФАРКО ШАКИРИ Утре е денот "Д" за македонскиот фудбал. Истекува рокот што го наметнаа ФИФА и УЕФА како конечен во име на епилогот на лошата фудбалска сапуница чии епизоди ги гледаме повеќе од четири месеци. Светската и европската куќа на фудбалот и нивните челници Сеп Блатер и Мишел ...

Писмо до Емил Божиновски и Хари Хаџиристески

Утрински - 14.06.2007

Атанас Костовски, спортски новинар Почитувани спортски пријатели, 14 јуни 2007 година и денеска ништо ново. Преостанува малку време: утре е 15 јуни 2007 година. И толку, нема повеќе. А потоа, каде вие господо, но, за жал, и сите ние? Не се сомневам во вашата искрена љубов кон фудбалот, но стравувам ...

Да не биде фудбалот губитник

Дневник - 14.06.2007

(До г. Емил Божиновски, претседател на ФФМ според Централниот регистар и до г. Хари Хаџи-Ристески, претседател на ФФМ според ФИФА и УЕФА) Почитувани спортски пријатели, не се сомневам во вашата искрена љубов кон фудбалот, но стравувам да не преовладаат вашите лични, но и интересите на вашите ...

Тие се бројат, ФИФА одбројува

Дневник - 14.06.2007

Божиновски му порача на Хаџи-Ристески да обезбеди поддршка од најмалку 54 делегати за да се изврши бараната пререгистрација Суспензијата од ФИФА и од УЕФА за сите македонски клубови што треба да играат во евронатпреварите, веројатно и за репрезентацијата која игра квалификации за ЕП 2008, ќе биде ...

Хаџиристески шверцувал опрема од пума!

Вечер - 14.06.2007

Во наведениот случај, Фудбалската федерација предводена од Хари Хаџиристески со финансовиот криминал и кршењето на законите за царина, извршила оштетување на државата по основ на ДДВ и Царински давачки од стотина илјади евра! Фудбалската федерација на Македонија, во времето кога е водена од сега ...

Нова поддршка за Емил

Вечер - 14.06.2007

Разгледана е моментната ситуација за натамошно делување, со инсистирање да се истрае во борбата за промени во ФФМ Во ставовите на спротивставените страни во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) нема битни измени, иако се наближува 15 јуни, рокот што го постави Светската фудбалска федерација ...

Нема разрешница во ФФМ

А1 - 13.06.2007

Само два дена остануваат до истекот на ултиматумот од ФИФА и од УЕФА, за суспензија на македонскиот фудбал од меѓународната сцена, но ни на повидок не е разрешницата на војната меѓу двете противставени страни што претендираат на власта во фудбалската федерација.

Божиновски ги игнорира ФИФА и УЕФА и чека поддршка од политиката

Утрински - 13.06.2007

За него УЕФА и ФИФА се институции во кои недостасува демократија, а Украинецот Григориј Суркис е уценувач ЕМИЛ КИТАНОВСКИ Нелегитимниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Емил Божиновски, и натаму со невидена леснотија ги игнорира се' поевидентните санкции што и' се ...

Полицијата во ФФМ под итно

Дневник - 13.06.2007

Два дена ни останаа за спас на македонскиот фудбал од казната на Светската и Европската федерација со исклучување од меѓународната сцена за да може да се инаетиме како мали деца кое раководство на ФФМ е легитимно. Таа дилема ја разреши пратеникот на ФИФА и УЕФА, Григориј Суркис, и тоа пред ...

Тврди ставови 48 часа пред санкциите

Дневник - 13.06.2007

Двете спротивставени страни, предводени од Хаџи-Ристески и Емил Божиновски, во битката за престолот во ФФМ тврдиот став на го сменија ниту вчера, два дена од конечниот рок што ФИФА и УЕФА ни го дадоа да го одврземе нашиот фудбалски јазол.

Кој се испазарил да го штити Хари Хаџиристески!

Вечер - 13.06.2007

Од просто сомневање од дваесет евра во затвор лежат цариници, за двесте евра врвни доктори... На криминал во фудбалот во Италија, пред неполна година, заглавија во затвор милионери, банкари, уредници на медиуми, фудбалери и судии... доказната постапка се подготвуваше со години.

Хари и Емил во цајтнот

Вечер - 13.06.2007

И во текот на вчерашниот ден двете страни останаа на своите ставови, иако до истекот на ултиматумот на ФИФА има уште три дена Во Фудбалската федерација на Македонија останува статус кво на три дена пред истекот на рокот што го постави светската куќа на фудбалот (ФИФА) за враќање на состојбите во ...

Божиновски: ФИФА и УЕФА размислуваат тврдо и недемократски

Време - 12.06.2007

НОВИ МОМЕНТИ ВО БОРБАТА ЗА ВЛАСТ ВО ФУДБАЛОТ Емил Божиновски, претседателот на ФФМ, признаен од Централниот регистар на Македонија, вчера соопшти дека бил затечен од ставот на ФИФА и на УЕФА, кои во петокот побараа итно враќање на Харалампие Хаџи-Ристески на функцијата претседател на ФФМ.

Без свикување собрание не се повлекуваме

Вест - 12.06.2007

ЕМИЛ БОЖИНОВСКИ ГО ПРЕНЕСЕ СТАВОТ НА СВОИТЕ ДЕЛЕГАТИ: Без свикување ново вонредно генерално собрание делегатите што гласаа за мене нема да се повлечат, го пренесе ставот на неговите истомисленици Емил Божиновски на вчерашниот прес, свикан на четири дена до крајниот рок што ни го дадоа ФИФА и УЕФА ...

Емил не е во ситуација да се пазари

Вест - 12.06.2007

Хари Хаџи-Ристески одговари на понудата од Божиновски - Ултиматумот од ФИФА и УЕФА е чист како солза. До 15 јуни Емил Божиновски треба да го повлече потписот од Централниот регистар и да ја напушти Фудбалска федерација, оти во спротивно, по автоматизам, ни следуваат санкции.

Божиновски бара до петок датум за заедничко собрание

Утрински - 12.06.2007

Ставот на делегатите што му укажаа доверба и му дадоа поддршка е да нема попуштање САШКО Ѓ. ДИМОВСКИ Продолжување на преговорите со Харалампие Хаџиристески без можност за повлекување од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) доколку до петок не падне договор за датум за одржување Вонредно ...

Делегатски инает до крај

Дневник - 12.06.2007

Божиновски му ветил на премиерот дека ќе се повлече, но „неговите“ делегати не му дозволуваат Емил Божиновски не се повлекува од претседателското место во Фудбалската федерација на Македонија, по директива на делегатите што го поддржуваат во промените.

Божиновски бара ново Собрание

Вечер - 12.06.2007

Тој своето повлекување, пред ултиматумот на ФИФА и УЕФА, го условува со одлука за нов собир на делегатите пред почетокот на новото првенство - Треба да продолжиме со преговори со Хари до петок, кога е последен ден од ултиматумот за санкции против ФФМ.

Божиновски и натаму бара вонредно собрание

А1 - 11.06.2007

Македонскиот фудбал во пат позиција, на пет дена до истекот на рокот што ФИФА и УЕФА го поставија за средување на состојбите во фудбалската федерација на Македонија. Емил Божиновски го пренесе својот став, во врска со средбата на која емисарот на европската и на светската куќа на фудбалот во ...

Суспензијата ќе ги суспендира и интернационалците

Време - 11.06.2007

КРАХ ЗА ФУДБАЛСКИТЕ ГАСТАРБАЈТЕРИ? Златко Крстевски Македонските фудбалски интернационалци веројатно ќе бидат први жртви на евентуалната суспензија на ФФМ од страна на ФИФА и на УЕФА, ако се оствари заканата што доаѓа од Нион дека ако до 15 јуни состојбата во нашиот фудбал не се врати под контрола ...

Иницијаторите за промени не се повлекуваат од ФФМ?

Утрински - 11.06.2007

Остануваат уште неколку дена до последниот рок зададен од ФИФА за нормализирање на состојбите МИОДРАГ МИЦКОВИЌ Времето што ни го одреди УЕФА и ФИФА, 16 јуни до кога треба нелегитимното раководство на ФФМ, на чело со Емил Божиновски и неговите главни советници Орце Камчев и Горан Ивановски да ги ...

Харалампие и Емил ги менуваат столчињата

Вечер - 11.06.2007

До 18 јуни Комитетот за итност на ФИФА треба да добие извештај дали е постапено по ултиматумот за враќање на сосојбите во мак-фудбалот во нормала, за да не се случат санкции До 15 јуни, кога истекува ултиматумот на светската и европската фудбалска асосцијација (ФИФА и УЕФА), состојбите во ...