TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Тајна средба на Хари со владиците

Вест - 16.10.2004

Синоќа во вилата Билјана во Охрид требало да се одржи тајна средба на владиците на МПЦ со премиерот Хари Костов. Како што дознаваме од сигурни извори, вчера претпладне сите владици биле повикани од кабинетот на Костов да дојдат на вечера со премиерот по што сите се упатиле во Охрид.

Бранко се плаши од камбаните

Вест - 16.10.2004

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ОД ПОПОВИТЕ БАРА ПОДДРШКА ПРОТИВ РЕФЕРЕНДУМОТ Охридската средба со поглаварите повторно ги подгреа шпекулациите дека продолжува дипломатската игра на шефот на државата чиј резултат треба да биде кандисување на верниците, посебно на оние на МПЦ, да не из Средбата на претседателот ...

Нишкиот владика Иринеј ја потврди информацијата дека поглаварот на МПЦ во јуни годинава во Белград се сретнал со ...

Канал5 - 15.10.2004

Според нишкиот епископ, Српската православна црква останува на договореното во Ниш.. Тогаш македонските владици потпишаа - МПЦ да биде под јурисдикција на СПЦ и нема место за поинаков договор, вели Иринеј.. Поглаварот на Македонската православна цркв Според нишкиот епископ, Српската православна ...

Царкњаз: „Промена на статутот ако брзо добиеме автокефалија“

А1 - 14.10.2004

Промена на статусот на МПЦ како отстапка може да се направи, но само ако се добијат цврсти гаранции дека за неколку години ќе се добие афтокефалност, порачува архимандритот Никодим Царкњаз од Грција. Царкњаз кој е прогонуван од грчката црква заради борбата за македонската црква будно ги следи ...

Синодот спремен МПЦ да биде самостојна место автокефална

Вест - 14.10.2004

Синодот на Македонската православна црква е подготвен да го смени својот статус и да биде самостојна, наместо автокефална, дознаваме од извори од Синодот. Добивањето на статусот самостојност на МПЦ значел повеќе од автономија но помалку од автокефалност.

МПЦ ќе се крсти по "московска формула"

Дневник - 14.10.2004

ЦРКОВНИ ПРЕГОВОРИ МПЦ треба да го прифати статусот самостојна црква ако во преговорите со СПЦ и се гарантираат сите елементи што ја прават посебна црква - избор на сите достоинственици, варење свето миро и осветување антимис, вели член на Светиот синод.

За СПЦ најпроблематично е името на нашата Црква

Утрински - 14.10.2004

Во пресрет на меѓуцрковниот дијалог што се очекува во текот на ноември "Самостојна" е статусот кој е прифатлив за МПЦ, но под услов црковен Белград да не се меша во изборот на архиепископот и на епископите Билјана Јовановска Обновувањето на дијалогот меѓу Српската и Македонската православна црква, ...

Се подготвува теренот за промена на статусот на МПЦ

А1 - 13.10.2004

Се подготвува теренот за промена на статусот на Македонската православна црква. Македонските владици добиваат премолчена согласност од дел од теолозите за предлогот во преговорите со Српската црква, да се согласат на статус самостојна, наместо посакуваната со децении афтокефална црква.

Синодот на МПЦ, на вчерашната подготвителна седница не го отворил прашањето каков став треба да се заземе во ...

Канал5 - 13.10.2004

Македонската православна црква негира дека на вчерашната седница на Светиот архиерејски синод било разговарано за прифаќање наводно на рускиот компромисен предлог - МПЦ наместо афтокефална да се именува како самостојна црква..

МПЦ ќе преговара за "самостојност"

Дневник - 13.10.2004

НОВ ПРЕДЛОГ ВО ЦРКОВНИОТ СПОР Пеќката патријаршија ќе понуди признавање на самостојна охридска архиепископија СПЦ била подготвена да и го признае на МПЦ статусот на самостојна охридска архиепископија, на преговорите што наскоро треба да се обноват, дознава "Дневник".

МПЦ ја држи во тајност стратегијата за преговори со СПЦ

Утрински - 13.10.2004

И по вчерашната седница на Светиот архијерејски синод Архијереите на МПЦ вчера не почувствуваа потреба да ја информираат јавноста за текот на синодската седница по која се очекуваше да ја соопштат стратегијата за разговорите со Српската црква.

МПЦ остана без платформа за преговорите со СПЦ

Време - 13.10.2004

И НА ВЧЕРАШНАТА СИНОДСКА СЕДНИЦА Светиот синод на Македонската православна црква ниту по вчерашната седница не усвои платформа за преговорите со СПЦ. И покрај најавите од тоа највисоко црковно тело дека ќе се разговара за конкретна програма за најавените преговори со СПЦ, владиците изјавија дека не ...

МПЦ подготвена да го смени статусот во самостојна

А1 - 12.10.2004

Македонските владици се подготвени да го сменат статусот на македонската црква. По препорака на руските црковни посредници и Вселенската патријаршија македонските владици во преговорите со српските би се согласиле на статусот Самостојна МПЦ наместо афтокефална.

МПЦ подготвува стратегија за преговорите со СПЦ

Утрински - 12.10.2004

Г.г. Стефан во Радовиш ?Разговорите со СПЦ се во подготовка ако може така да се рече, односно во очекување. Со најави од двете страни продолжување на разговорите и веројатно треба да се исполни она што ние го нарекуваме исполнување на времето и очекуваме да го договориме тој ден", изјави поглаварот ...

Договорот од Калишта е основа на платформата за преговорите со СПЦ

Време - 12.10.2004

ПОДГОТВИТЕЛНА СЕДНИЦА НА СИНОДОТ НА МПЦ Прелиминарните преговори помеѓу Македонската и Српската православна црка веројатно ќе почнат до крајот на месецов. Светиот архијерејски синод денеска ќе одржи подготвителна седница, на која ќе ја подготви платформата за преговорите меѓу двете цркви.

Црквата ќе молчи за референдумот, државата ќе го среди Јована?

Дневник - 12.10.2004

СПОГОДБА МЕЃУ МПЦ И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ Македонската православна црква нема да го поддржи претстојниот референдум за општините, а државата ќе се обиде да го неутрализира расчинетиот владика Јован. Црковни извори тврдат дека таков договор е постигнат меѓу поглаварот на МПЦ владиката Стефан и претседателот ...

ВЛАДИЦИТЕ НЕ ЗНААТ ШТО РАЗГОВАРАЛЕ ПОГЛАВАРОТ И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ

Вечер Прес - 12.10.2004

Членовите на Светиот архиерејски синод на МПЦ, на денешната седница ќе побараат отчет од поглаварот г.г. Стефан за средбите во четири очи со претседателот Бранко Црвенковски. Како што се дознава од црковни извори, владиците го сметаат за нонсенс трампањето на референдумот за расколникот Зоран ...