TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Топлификација ќе пушти парно за училиштата, градската болница и МРТВ само две недели

Канал5 - 15.10.2006

За студентите и учениците од средните и основните училишта ќе има парно греење до 1-ви Ноември. Од топлификација велат дека доколку помине ребалансот на буџетот на собраниска седница, ќе можат да се греат цела сезона, до април следната година.

Тафталиџе на протест против бучавата од „Топлификација“

Време - 14.10.2006

ВЧЕРА ПРЕД ТОПЛАРНИЦАТА „ЗАПАД“ Жители од населбата Тафталиџе вчераутро протестираа пред зградата на АД „Топлификација-запад“ поради бучавата што веќе една година ја прават цистерните на претпријатието на влезот во топларницата.

"Топли-фикација" исклучува цели згради

Вечер Прес - 14.10.2006

Зградите во кои повеќе од 70 остсто од станарите не платиле за парно, зимава нема да бидат вклучени во системот за греење. Вакво заканувачко известување, деновиве, ги изненади многумина скопјани. "Топлификација" преку соопштение ги известува станарите од влезови на колективни објекти дека цела ...

Барање да не се исклучи парното од училиштата

Утрински - 13.10.2006

Градоначалникот Трифун Костовски на средба со директорот на „Топлификација", Димитар Хаџимишев, ќе побара училиштата да не останат без затоплување во почетокот на грејната сезона. Долговите на училиштата кон „Топлификација" се направени пред 1 јули 2005 година и за нивно покривање е должна Владата.

„Топлификација" е подготвена за старт на грејната сезона

Утрински - 13.10.2006

Засега има доволно мазут за старт на сезоната, а секојдневно пристигнуваат по дваесетина цистерни СНЕЖАНА КАЛАБАКОВА „Топлификација" е подготвена да ја започне грејната сезона која официјално треба стартува в недела, 15 октомври. Ден пред тоа, во попладневните часови ќе има топла проба.

Костовски ќе преговара за да не мрзнат учениците

Време - 13.10.2006

СЛЕДНАТА НЕДЕЛА Градоначалникот Трифун Костовски вели дека следната недела ќе преговара со раководството на АД „Топлификација“, откако од компанијата најавија дека ќе ги исклучуваат средните училишта поради заостанати долгови.

Училниците ќе се затоплуваат, но долгот да се плати

Вечер Прес - 13.10.2006

Училиштата и факултетите ќе бидат вклучени во системот на затоплување, но доколку надлежните не го платат долгот од 200 милиони денари до први ноември, тие ќе бидат исклучени Топлификација е подготвена за стартот на грејната сезона.

Учениците ќе се смрзнуваат

Дневник - 12.10.2006

Градските власти велат дека државата не ги префрлува навреме парите за затоплување на училиштата, а во нивната каса нема средства за таа намена Учениците и студентите зимава можат да останат без греење. АД „Топлификација“ нема да го вклучи парното во основните и во средните училишта ниту на ...

Граѓанска непослушност поради скапо парно

Дневник - 12.10.2006

Стотина револтирани граѓани од Скопје-Север завчера на протести повторно се заканија со граѓанска непослушност ако не се врати на старо цената за топлинска енергија што ја добиваат од АД „Топлификација Скопје-Север“. Граѓаните се потпишуваа на петицијата против одлуката на Регулаторната комисија за ...

„Топлификација“ нека работи без нашите пари

Време - 12.10.2006

ПРОТЕСТИРАА ЖИТЕЛИТЕ НА СКОПЈЕ-СЕВЕР Нема да ги плаќаме сметките за парно греење, па АД „Топлификација“ нека работи без нашите пари, нагласија завчера педесетина жители од населбите Скопје-Север и од Топанско Поле, кои се собраа на протест зад црквата „Свети Никола“.

Топлификација ја обжали одлуката на регулаторот

Канал5 - 12.10.2006

Втор обид Топлификација да се докажува со Регулаторот за цената на парното. Компанијата денеска поднесе жалба до второстепената владина комисија. Бара по секоја цена поскапо парно. Втор обид Топлификација да се докажува со Регулаторот за цената на парното.

Мирен протест поради поскапување на парното

Утрински - 12.10.2006

СкопЈе-Север Со мирен протест и поддршка од градоначалникот на Општина Бутел, Петре Латиновски, жителите на населбата Скопје-Север уште еднаш го изразија своето незадоволство од зголемувањето на цената на парното. Околу 200 жители се согласија засега да не ги плаќаат сметките за парно по нова цена.

Мирен протест против поскапување на парното

Вечер Прес - 12.10.2006

Жителите од населбата Скопје-Север во вторникот се собраа на паркингот зад црквата Св. Никола и со мирен протест го изразија незадоволството од одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за покачување на цената на парното греење за 50 отсто, само за овие граѓани од Скопје.

Расте отпорот против поскапувањето на парното во Скопје Север

А1 - 10.10.2006

Корисниците на парното греење од топланата Скопје Север во општината Бутел се единствените во Македонија кои ќе добијат 50% повисоки цени за парното греење. Граѓаните на оваа општина револтирани, се закануваат дека нема да ги плаќаат повисоките сметки, ќе ja тужат Регулаторна комисија и ќе бараат ...

Греењето на целиот дом е луксуз

Дневник - 10.10.2006

Никој не е задоволен колку и како се затоплува и сите сметаат дека греењето од кој било вид е прескапо за стандардот на просечните граѓани Скопјани неволно зборуваат за зимата и загревањето на домовите. Никој не е задоволен колку и како се затоплува и сите сметаат дека греењето од кој било вид е ...

Скопје-Север на протест за поевтино парно

Време - 10.10.2006

ОТКАКО СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА Жителите на населбата Скопје-Север денеска во 11 часот ќе протестираат зад црквата „Свети Никола“ против последната одлука на регулаторната комисија за нив да се зголеми цената на парното греење за 46 отсто.

Скопје-Север утре на протест

Дневник - 09.10.2006

Жителите на населбата Скопје-Север за утре најавуваат голем протестен собир поради одлуката за поскапување на топлинската енергија што ја добиваат од АД „Топлификација Скопје-Север“. Тие го очекуваат одговорот по нивната жалба упатена до Второстепената комисија за енергетика, а во меѓувреме тече ...